Од стартап компанија со ограничени ресурси и 3 вработени во 2015 година, до лидери во образованието во Македонија денес. Основачот Петар Ниновски напиша отворено писмо по повод 7-миот роденден на Brainster, во кое се осврнува и на идните планови на организацијата.
Драги Brainster сегашни и идни студенти, алумни, партнери, соработници, колеги, инструктори и професори.
Го пишувам ова отворено писмо, бидејќи сакам да ви се обратам по повод 7 години Brainster и со вас да ги споделам нашите најважни достигнувања како и следни чекори.
Патувањето досега
Започнавме со една едноставна цел – да им овозможиме на поединците, без оглед на околностите во коишто се наоѓаат, висококвалитетно образование и поддршка за да го достигнат својот целосен потенцијал. Од мала компанија, со ограничени ресурси и со само 3 вработени во 2015 година, ние денес сме прераснати во лидери во образованието во Македонија со тим од над 200 професионалци.
Изминативе 12 месеци беа навистина добри за нас и нашата заедница. Ја зацврстуваме лидерската позиција на пазарот и очекуваме над 1250 запишани студенти на академиите на Brainster и на Brainster Next College до крајот на 2022. Задоволството на студентите и соработниците е на највисоко ниво досега. Дополнително, оваа година очекуваме да ја финишираме со 450 студенти на коишто ние директно сме им помогнале при вработување.
Како круна на нашата заложба да го подобриме образованието во изминатите 7 години е основањето на високообразовната институција Brainster Next College, којашто е акредитирана од страна на Министерството за образование и наука – нешто што се смета за највисока форма на потврда за квалитет на институцијата.
Но, она на што сум особено горд е што на Brainster Next College ја воведовме финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработувањето“.
Оваа поволност стана реалност, поради нашата одлука да инвестираме 2.500.000 евра сопствени средства за да му овозможивме на секој млад човек да студира во областа на информатичките и дигиталните технологии без да плати 1 денар додека учи, односно (бескаматно) да ги враќа средствата за студиите откако ќе се вработи.
Што е следно за Brainster?
Нашата визија е до 2030 година да станеме глобално признаена компанија, која преку академиите, факултетот и другите услуги ќе помага на 10.000 луѓе годишно да се едуцираат и да дојдат до кариерата што ја посакуваат.
Свесен сум дека ова е амбициозна цел, но уверен сум дека истата ја споделуваат и многу други. Нашите вработени, професори, инструктори и студенти се извонредно талентирани и посветени, а со тоа Brainster има ретка можност да одговори на барањата на општеството и индустријата.
Наша должност е да ја искористиме можноста и да направиме позитивни промени во општеството и светот, особено таму каде што е најпотребно – при креирањето на нови работни места!
Освен акредитацијата, која ќе донесе нови можности за нашите студенти, повеќе локални и интернационални партнери за вработување, повеќе интернационални професори и инструктори, повеќе соработки – Brainster продолжува да се фокусира на она што ја направи оваа организација лидер: Учење преку работа на реални проекти, помош при вработување, соработка со индустријата, квалитетен професорски кадар и најважното фокус на студентите.
Секој вработен во Brainster го гледа оправдувањето на довербата којашто ни е дадена од студентите како своја лична мисија и јас сум благодарен што работам со колеги што размислуваат на овој начин. Тие се пред сѐ добри, вредни и чесни луѓе со кои заедно си дозволуваме да сонуваме за подобро утре!
На крај, би сакал да ви споделам во што ние во Brainster веруваме. Веруваме дека луѓето што имаат пасија и се посветени, можат да го променат светот на подобро.
Во името на целиот колегиум, би сакал да ви се заблагодарам на вас студентите за довербата во Brainster и на професорите и инструкторите за пасијата, посветеноста и придонесот. Почестен сум што можам да работам со секој еден од вас.
Ви благодарам!
П