Академијата за човечки ресурси одблизу #2: Програмa

Во првиот блог од серијалот „Академијата за човечки ресурси одблизу“ можеше да дознаеш повеќе за можноста за флексибилно учење која ја нуди оваа програма.
Во оваа блог објава, ќе се запознаеш подобро со програмата и модулите на Академијата за човечки ресурси.
Структурата на Академијата е направена со модули кои се изучуваат во определен број на недели. Од таа причина, Академијата има конкретни датуми на почеток и крај, за концентрацијата и мотивираноста на студентите да остане на високо ниво.
Во продолжение, прочитај повеќе што се изучува на Академијата за човечки ресурси
- Модул: Алтернативни пристапи во менаџирање со човечките ресурси
Добредојдe на првиот модул од Академијата за човечки ресурси. Во овој модул ќе ти објасниме зошто е важно менаџирањето на луѓе, истовремено презентирајќи и споредувајќи различни стратегии за менаџирање со човечките ресурси. Овој модул ќе го опфати и процесот на проценка на соодветноста помеѓу стратегијата за менаџирање со човечки ресурси на организацијата, стиловите на менаџментот во организацијата и деловното опкружување, како и зошто е важно тие да се усогласени со цел подобрување на целокупното искуство на вработените.
- Модул: Регрутација, селекција и онбординг на вработени
Како што ќе откриеш за време на овој модул, критична компонента на функцијата на човечки ресурси е да вработи талентирани луѓе кои ќе ѝ овозможат на организацијата да ги постигне своите стратешки цели. Ќе ја дознаеш важноста на поврзување на целите за вработување со стратегијата на организацијата. Исто така, ќе научиш за тековните предизвици во регрутирањето на таленти и начините на нивно надминување преку паметно искористување на социјалните медиуми и аналтика поврзана со процесот на регрутирање за да се обезбеди поквалитетно вработување.
- Модул: Управување со перформансите на вработените
Управувањето со перформансите на вработените е процес што им помага на менаџерите да го извлечат најдоброто од своите вработени. Во овој модул ќе дознаеш за компетенциите и клучните процеси што ќе ти требаат да им помогнеш на своите вработени да ги усогласите целите на лично и организациско ниво. Овие вештини вклучуваат поставување јасни очекувања и KPIs, обезбедување позитивен и корективен фидбек, како и доставување ефективна проценка на успешноста за секој од вработените.
- Модул: Мотивација и наградување на вработените
Во овој модул ќе научиш како мотивацијата влијае на индивидуалните перформанси и како да се насочи таа мотивација за да се подобрат резултатите на вработениот. Ќе дознаеш како се дизајнираат соодветни системи за наградување, како и психолошките концепти преку кои се влијае кон модификација на однесувањето на вработените со цел подобри индивидуални и колективни перформанси, а кои се во сржта на овие системи.
- Модул: Организациски дизајн и промена на структурата на организацијата
Овој модул ќе ти помогне за да го разбереш влијанието на структурата на една организација врз управувањ2ето со неа и перформансите на нејзините вработени. Ќе научиш и како нејзината неконзистентност го поттикнува нееднаквиот пристап према вработените и може да го попречи успехот на организацијата. На крајот, ќе можеш да ги идентификуваш клучните чекори преку кои ќе можеш да направиш позитивна промена во структурата на твојата организација.
- Модул: Обука, учење и развој
Во овој модул, ќе научиш како да изградиш програма за учење и развој на вработените која ќе им помогне да ги развијат своите вештини и на тој начин ќе ѝ овозможат на компанијата да остане конкурентна на пазарот. Ќе разбереш како функцијата Learning & Development ќе ѝ помогне на твојата компанија да си ги оствари своите цели и како истата треба да биде структурирана.
- Модул: Организациска култура за подобра компанија
Овој модул ќе ти помогне да разбереш како мисијата, визијата и целите на твојата организација, не само што влијаат на нејзините перформанси, туку исто така служат и за утврдување на вредностите што ги поврзуваат твоите вработени и ја создаваат културата. Во текот на овој модул, ќе научиш алатки и техники преку кои ќе можеш да направиш проценка на моменталната состојба на организациската култура, да ја анализираш истата, да направиш прилагодувања ако е потребно.
- Модул: HR Business partner
За време на овој модул, ќе добиеш детален преглед на знаењето и техничките вештини што се неопходни за еден HR професионалец да стане HR Business Partner, како и за неопходните бизнис вештини што ќе ти овозможат активно да се вклучиш во бизнис дискусии со другите стејкхолдери.
- Модул: Аналитика и метрики за човечки ресурси
За време на овој модул, ќе научиш како да развиеш детален план за имплементација на практики и политики од областа на човечки ресурси кои се базираат на податоци, како и да дознаеш како да имплементираш организациска култура во делот на HR која ќе биде водена од податоци и метрики.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!