Интервју со Ива Дујак: Најголема гордост е нашиот тим!

„Здрава работна средина во која секој има можност и слободно да создава и постојано да се развива“. Ако сакате да водите успешна компанија која ќе прави невозможни работи послушајте го советот на Ива Дујак, технички директор во маркетинг агенцијата Brand Union, една од многуте Co-innovation & Hiring компании со кои Brainster соработува.
Неколку студенти на Brainster веќе поминаа пракса во оваа компанија, а некои и се вработија и таму успешно ја градат својата кариера.
Ива, која исто така е инструкторка на нашата Академија за дигитален маркетинг и ги предава модулите: Marketing Fundamentals & Content Marketing, ни откри кои се тајните на успешните менаџери во дигиталниот маркетинг и што е она што ја прави уникатна маркетинг компанијата Brand Union. Во интервјуто таа ни раскажа дека во нивната организациска култура даваат сè од себе да не преовладува егото и сите да се чувствуваат како вреден и значаен дел од тимот.
Ива, работиш како технички директор во маркетинг агенцијата Brand Union. Како всушност ти се случи Brand Union?
Нема едноставен начин да ја објаснам целата приказна, па ќе морам да почнам со мала прошетка низ минатото. 😊 Од 2009 година работев во ИТ компанијата 4Ward и како единствена вработена во маркетинг секторот имав комплетна слобода да истражувам и да давам предлози од оваа дејност. Околу 2011 година започнав со водење на првите Facebook страници, се запознавав со Twitter, блогирав и го открив дигиталниот маркетинг како тогаш нешто многу ново и интересно за мене.
Сопствениците на компанијата го препознаа потенцијалот и заедно со уште двајца партнери отворија дигитална маркетинг агенција од која израсна Brand Union. Во 10-те години како постоиме се случија многу промени, самата компанија еволуираше и во начинот на работење и во услугите кои ги нудиме, па денешниот Brand Union е full service маркетинг агенција со 15 вработени водена од тројца партнери меѓу кои сум и јас.
Раскажи ни нешто повеќе за твојата улога во компанијата, кои се одговорностите, како ти изгледа еден работен ден во компанијата?
Многу е тешко да дефинирам еден типичен ден, но тоа за мене е и убавината на работењето во маркетинг агенција. Моите одговорности се многубројни, од секојдневно координирање на тимот на акаунт менаџери и дизајнери, до развивање на стратегии и кампањи (се разбира заедно со тимот), како и состаноци и презентации со постоечки и потенцијални клиенти. Некои денови се полни со трчање и организација на состаноци, други со креативна слобода и размислување, некогаш е само снимање TikTok видеа и смеење.
Каква е организациската култура и вредностите на компанијата?
Посветеноста, упорноста и секогаш отворената комуникација се водечките вредности поради кои сметам дека имаме толку здрава работна средина во која секој има можност и слободно да создава и постојано да се развива. Тие се основа на добра организациска култура во која даваме сè од себе да не преовладува егото (што е веројатно најтешко во оваа индустрија), и сите да се чувствуваат како вреден и значаен дел од тимот.
Кои се најголемите успеси на компанијата или проектите на кои се гордеете?
Без секунда размислување, најголема гордост е самиот наш тим. Без толку супер и стабилна екипа која со години е заедно, не би бил ист ниеден од проектите со кои сега гордо можеме да се пофалиме.
Проектите како ребрендирањето на Amstel, комплетната промотивна комуникација на PHILIPS, кампањите против насилство и трговија со луѓе за Kvinna till Kvinna и GIZ, креативните активации со инфлуенсери за А1, развојот на комуникациската стратегија за иновативната платформа за вработување THRIVITY, соработките кои траат преку 8 години со клиенти како Пакомак, Браво Кафе, Biana Shoes нè прават многу горди и среќни… Ги има уште многу, издвоив само дел за да не биде овој одговор подолг од целото интервју, иако и неспомнатите навистина многу ни значат 🙂
Каков е профилот на луѓето коишто сакате да работат во вашата компанија? Кои се нивните интереси и вештини?
Бараме луѓе кои се љубопитни, вистински сакаат да работат и да играат тимски. Со таков mindset, совладувањето на кои и да е потребно вештини, програми, техники е многу лесен процес.
Каква е политиката за вработување на студенти или пак кадри кои се на почетокот на нивната кариера?
Најголемиот дел од тимот кој во моментов работи во Brand Union е примен без искуство во областа во која работиме, дел од нив дури и веднаш по завршување на студиите. Отворени сме за соработка со сите, бараме луѓе кои се гладни за раст во нашата индустрија, без разлика на нивното претходно работно искуство и познавања.
Дел од вашите вработени се обучувани во Brainster и од твоја страна бидејќи си ментор на Академијата за дигитален маркетинг. Што е она што го гледаш кај луѓето, какви квалитети и вештини препознаваш кај нив, па добиваат поддршка за вработување и пракса?
Во моментов имаме еден вработен кој ја заврши Академијата за дигитален маркетинг на Brainster, а скоро заврши пракса уште еден студент од истата академија. Кај двајцата беше многу лесно да се препознае големата желба да се биде дел од нашиот тим, суштинското разбирање на она што го работиме и големата мотивација за напредок.
Главната карактеристика што во мои очи ги „двои“ студентите е екстра напорот кој самостојно го даваат – без разлика дали тоа е дополнително истражување на тема за која сме зборувале на часовите, започнување на дискусии или самостојно изработување на проекти кои не биле задолжителни, чисто затоа што им се допаднало она за кое зборуваме на часовите.
Како сте задоволни од соработката со Brainster и дали ваков тип на соработка би препорачале на други компании?
Топла препорака. 😊 Особено сме задоволни со проактивноста на Brainster и постојаното предлагање на нови кандидати прилагодени на потребите на нашата компанија. Супер е што имаме можност соработката да ја продлабочиме и надвор од предавањата, за бенефит на студентите и самата компанија.
Какви можности за раст и за учење нуди вашата компанија?
Секој нов вработен добива основна обука за задачите кои треба да ги спроведува, а потоа се работи на фокусиран развој, секој во областа на работење во која најмногу се пронаоѓа. Големи поборници сме за самостојно учење и развој, но и постојано вложуваме во менторинг на целиот тим.
Дигиталниот маркетинг е навистина многу интересна и предизвикувачка област за изучување и за работење. Која е пораката до сите оние кои се заинтересирани за работа во овој сектор?
Да се испробаат и да уживаат во промените.😊 Дигиталниот маркетинг ја прави комуникацијата подостапна од кога било, остава простор за постојано менување и развивање и делува побрзо од која било друга гранка на маркетингот. Иако понекогаш работењето знае да биде многу интензивно и предизвикувачко, моментот кога ефектите од твојата креација можеш да ги видиш во реално време, прават да сфатиш колку многу вложувањето се исплати. 😊
Неколку алумни студенти на Brainster поминаа практична работа во Brand Union, а дел се и вработени.
Давид Ристов – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг ја започна својата кариера во светот на маркетингот на практикантска позиција како Account Assistant во Brand Union.
„Многу брзо се вклопив благодарејќи на младите и фини вработени кои веднаш ме претставија на останатите колеги. Работната атмосфера беше навистина забавна и динамична. Најмногу ми се допадна тоа што имав можност да работам со етаблирани компании како и да бидам дел од врвни проекти и бреинсторминг сесии. Најголем предизвик е дефинитивно процесот на бреинсторминг на нови идеи и смислување на текстови за постови на социјалните мрежи. Работата во агенција ме исполнуваше целосно, работиш со многу клиенти истовремено и тие со себе носат нови проекти исполнети со предизвици. Сфатив дека областа на маркетинг е област која бара многу креативност и дефинитивно во иднина би продолжил да работам во ова поле“, вели Давид.
Филип Крстевски – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, сега е вработен во Brand Union. Еве што ни раскажа Филип за неговото искуство:
„Да работиш во Brand Union е навистина исполнувачки пред сѐ не само во поглед на работата туку и во поглед на екипата со која работиш. Лично секојдневно учам, создавам и се чувствувам исполнето. Предизвик е секој ден бидејќи во секој момент учам нешто ново и тоа ме прави да ја сакам работата уште повеќе. Brand Union е тим во кој човек се чувствува како дома, има простор за создавање и развивање на креативноста – според мене нема ништо по вредно и по важно од тоа“.
Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа.