Hello, June! Let the summer begin. ⛱️
Претходниот месец беше исполнет со голем број успешни приказни, а студентите кои се запишаа на Академиите и започнаа со предавања овој месец го прифатија предизвикот да го поминат летото продуктивно стекнувајќи се со вештини кои ќе ги донесат до долгопосакуваната кариера.
Во месецот во кој летото официјално започнува те предизвикуваме да го преземеш првиот чекор кон кариерата од соништата на којашто постојано мислиш.
Па така, новостите за месец мај се однесуваат на: приклучувањето на Brainster во управниот одбор на CEED, најголемиот хакатон во живо со 140 учесници, придобивките од онлајн учење, реалните проекти кои беа успешно реализирани на Академиите, приказните на нашите студенти и нивните искуства за време на предавањата.
- Со заеднички сили кон подобрување на иднината и можностите за сите претприемачи
Петар Ниновски и Бреинстер отсега па натаму ќе бидат дел од Управниот одбор на CEED Macedonia (Center for Entrepreneurship and Executive Development), на тој начин приклучувајќи им се на останатите членки одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијaта. Дознај повеќе!
- Дводневен тимски Brainster адреналин во живо – нови искуства, знаења и среќни студенти
Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин… Ова се зборовите со кои студентите од Brainster академиите и Brainster Next College го опишаа најголемиот live хакатон што се случуваше викендов во нашите канцеларии. 140 студенти и инструктори работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која на иновативен начин ќе го автоматизира процесот на организирање на настани, слични на хакатоните, за Scidev. Дознај повеќе!
- Одржан уште еден 48-часовен Хакатон!
Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, 100 студенти од Академиите за дигитален маркетинг, графички дизајн, UX/UI дизајн, Project & Product менаџмент, на 28 мај ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно го завршивме Brainster live хакатонот заедно со IFES North Macedonia.
- Како online учењето го прави образованието достапно за сите
Иднината на образованието е возбудлива и полна со можности, благодарение на напредокот во технологијата и можноста за online учење. Online учењето нуди флексибилен и достапен пристап кон образованието, овозможувајќи им на учениците да учат со свое темпо и по свои услови. Во оваа блог објава, си поразговаравме со четири наши студенти со различни кариерни позадини, кои ги искусија предностите на online учењето и ја следеа Академијата за Data Science од Тенерифе, Германија, Холандија и Кавадарци. Дознај повеќе!
- Мојата Data Science кариера после Brainster
Го создадовме блог серијалот „Мојата Data Science кариера“ за да ги раскажеме инспиративните приказни на нашите rockstars студенти кои ги надградија своите знаења и вештини, и создадоа успешна Data Science кариера. Дознај повеќе што ни раскажаа:
- Филип Арсеновски – Business Intelligence Analyst во CantabPI
- Александар Анастасов – MI & Data Analyst во SoPro
- Петар Урџанов – Data Scientist во iERP.ai
- Победничко решение за WICE
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект за реален клиент, односно да креираат Content Marketing стратегија за WICE. Дознај повеќе!
- Победничко решение за Игралиште
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да работат на реален проект за реален клиент, односно да креираат Landing Page и на креативен начин да ја истакнат уникатноста на Игралиште. Дознај повеќе!
- Запознај ја Академијата за лидерство и менаџмент!
Решавањето на конфликти е клучна вештина за лидерите во секоја организација. Ефективното решавање на конфликтот може да помогне да се создаде хармонична и продуктивна работна средина, да се подобри моралот на тимот и на крајот да доведе до подобри деловни резултати. Дознај повеќе!
- Навлези подлабоко во светот на Data Science
Академијата за Data Science е најпопуларната Brainster академија тековно! Од таа причина, создадовме серијал посветен на науката за податоци. Бидејќи како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, улогата на професионалци во оваа област станува сѐ поважна. Дознај повеќе за:
- Најпопуларните алатки и технологии за Data Science во 2023
- Главните видови на машинско учење
- Принципите и практиките во Data Science
- Како да ја започнеш твојата кариера во Data Science
- Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот
Тијана Цресензи е UX/UI дизајнер во Anant Macedonia, а воедно и алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн, која ни сподели повеќе на темата „Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот“. Дознај повеќе!
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Драган Батанџиовски, Мартин Стојановски, Теодор Петровски, Мартин Кузмановски, Симона Симоновска, Виктор Тодоровски, Ивана Андонова, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
- Запознај ги инструкторите
Олга Пујаз Петрушевска е инструктор на Академијата за Project & Product Management, а воедно и проект менаџер во компанијата Singular, која е дел од iGaming индустријата. Дознај повеќе!
- Запознај ги студентите
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:
- Андреј Мазневски – Академија за Software Testing
- Тамара Диванисова – Академија за Software Testing
- Марио Николоски – Академија за Software Testing
- Стефан Мицковски – Академија за дигитален маркетинг
- Елена Антеска – Академија за дигитален маркетинг
- Филип Спасовски – Академија за дигитален маркетинг
- Димитар Бајалџиев – Академија за дигитален маркетинг
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️














