Со заеднички сили кон подобрување на иднината и можностите за сите претприемачи

Нашето патување трае скоро 8 години. Ќе ве излажеме ако ви кажеме дека било лесно и без предизвици. Но бидете сигурни дека без нив немаше да бидеме она што сме денес.
Она што претставува непроменлива константа, длабоко интегрирана во нашата мисија и генетски код и пред сė наша должност е споделување на сето она што сме го научиле и желбата нашата експертиза и иновативен пристап да ги пренесеме на што повеќе млади луѓе и идни претприемачи. Секогаш се стремиме кон искористување на сите можности и ресурси за да направиме позитивни промени во општеството и да помогнеме во отворање на нови кариерни поглавја на младите во државата.
Токму од истиве причини, со големо задоволство објавуваме дека нашиот основач Петар Ниновски и Бреинстер отсега па натаму ќе бидат дел од Founder’s Circle – одборот на CEED, на тој начин приклучувајќи им се на останатите членки одговорни за дефинирање на стратегијата, мисијата и визијата на организацијaта.
Се приклучуваме на еден dream team, убедени дека заеднички ќе успееме да направиме нови подвизи во делот на подобрување на претприемничката клима во државава.
“Почестен сум и возбуден што се приклучуваме на Управниот одбор на CEED, организација која е посветена на поддршка на претприемништвото и индивидуалниот развој на поединците во насока на исполнување на нивните кариерни цели. Како членки на Управниот одбор, се надеваме дека ќе придонесеме кон целите и мисијата на организацијата, користејќи ја сета наша експертиза на тема образование, лидерство и иновации. Цврсто верувам дека преку споделување на нашето знаење и искуство, ќе можеме да им дадеме ветер на сите оние кои го градат своето професионално и образовно патешествие, во насока на креирање одржливи и бизниси. Преку членството во бордот на CEED, со нетрпение чекаме на соработката со останатите членки, стремејќи се да направиме заеднички и значаен импакт во животот на идните лидери и севкупно, на бизнис климата во државата. Верувам дека заедно можеме да креираме подобра иднина, каде што претприемништвото, иновациите и креативноста ќе добијат една сосема нова димензија и потстрек.”-вели нашиот основач, Петар Ниновски.
Бизнис клубот на CEED е водечка бизнис заедница во земјава со 15 годишна традиција и повеќе од 2000 членови низ целиот свет, како дел од интернационалната CEED мрежа која постои во 18 земји и на 4 континенти.
Филип Димитровски, Country Manager на CEED, вели дека членките на одборот на CEED имаат големи одговорности и предизвици пред нив, на кои ќе им пристапат со голема детерминираност и одлучност.
“Како бизнис клуб која одбира да верува дека единствено преку развој и поддршка меѓу основачите може да се трансформира бизнис климата и инспирира родово еднаква и претприемачки ориентирана младина, особено сме горди што успеавме да формираме управен одбор, а воедно ни претставува и големо задоволство што истиот ќе биде сочинет од прогресивни и докажани претприемачи како Петар Ниновски од Бреинстер, кои токму својот раст и развој го започнале во рамки на клубот, а сега веќе се во управувачка улога на истиот. Заедно ќе се заложуваме да ја обликуваме работата на клубот на база на потребите и спецификите на членките на истиот, но и објективно ќе делуваме со цел да обезбедиме вредност соодветна на надоместокот кои компаниите членови го плаќаат со цел да се развиваат и напредуваат во бизнисот.”-вели тој.
Преку нашите програми, иновативен модел и партнерска мрежа, досега им помогнавме на илјадници млади луѓе да направат кариерна трансформација. Со нетрпение чекаме да бидеме сведоци на новите подвизи.
Затоа што веруваме дека секој млад човек заслужува квалитетно образование кое ќе го подготви за успешна кариера.
Затоа што секогаш размислуваме на долг рок и ја гледаме големата слика.