Олга Пујаз Петрушевска е нашиот инструктор на Академијата за Project & Product Management. Таа е дипломиран машински инженер со 10 години работно искуство во областа на проектен менаџмент. Работи како проект менаџер во компанијата Singular, која е дел од iGaming индустријата.

 

Во продолжение, Олга ни откри што се учи на модулот кој таа го предава, како и совети за успешно совладување на истиот

 

1. Здраво Олга, ние на Академијата за Project & Product Management те познаваме, но што би споделила за идните студенти?

Имам 10 годишно искуство од областа на проект менаџмент и работам како проект менаџер во компанијата Сингулар, која е дел од iGaming индустријата. Веќе 1 година сум дел од тимот на Brainster и уживам во можноста да го споделувам моето знаење на идните проект менаџери.

 

2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш?

Јас го предавам модулот „Иницирање и планирање на проекти“, модул кој ја дефинира основата на секој проект. Во овој модул се изчуваат сите т.н. области на знаење во проект менаџментот кои се дел од процесните групи на иницирање и планирање проекти. На крајот од овој модул студентите ќе се стекнат со знаење и вештини како да креираат проект менаџмент план и како да го мониторираат и контролираат проектот во текот на понатамошната реализација.

 

3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот? 

Бидете фокусирани на вашата цел, не се воздржувајте да прашатe сѐ што ве интересира и секако бидете редовни на предавањата.

 

4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
  1. Stay focused and persistent in achieving your goals;
  2. Always take the challenge;
  3. Don’t be afraid to get out of your comfort zone;

 

Доколку сакаш да си дел од Project & Product Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Како до 1.000.000€? 🤫