Како што се развива полето на Data Science и го трансформира начинот на кој функционираат бизнисите, така расте и побарувачката на квалификувани научници за податоци кои играат клучна улога во процесите на донесување одлуки, идентификување на трендови и решавање на сложени деловни проблеми.

Со таа цел, го создадовме блог серијалот „Мојата Data Science кариера“ за да ги раскажеме инспиративните приказни на нашите rockstars студенти кои ги надградија своите знаења и вештини, и создадоа успешна Data Science кариера.

Од нивните почетоци до победничките проекти и предизвици, тие ни ги откриваат тајните зад нивниот успех и споделуваат вредни сознанија за своите уникатни пристапи.

Во третата блог објава, си поразговаравме со Петар Урџанов – алумни студент на Академијата за Data Science, кој покажа најдобри перформанси за време на предавањата и се вработи како Data Scientist во iERP.ai

 

Во продолжение, тој ни раскажа повеќе за неговото Data Science патување

 

Здраво Петар! За почеток, да се навратиме на твоите студентски денови на Академијата. Дали можеш да ни споделиш како ги балансираше твоите академски и вон-наставни обврски и кои методи ги користеше за ефективно да управуваш со твоето време?

Сметам дека имав „среќа“ што целата Академија беше online, а и тогашната моја работа беше од дома, па го немаше моментот на нервози во сообраќај за да се стигне на време со сѐ. Но, секако и без тоа, потребно беше голема посветеност, читање до доцни часови и тековно следење и завршување на сите обврски со Академијата затоа што буквално нема време да се остави нешто за следната недела. Како и да е, беше hell of a year и среќен сум како сѐ се заврши.

 

Како остануваше мотивиран и посветен, особено кога се соочуваше со тешка задача или предизвик? Дали постојат специфични навики или техники што ти помогнаа да го задржиш својот фокус и мотив?

Се запишав на Академијата затоа што, пред сѐ, ме интересираше целата работа и сакав да бидам дел од неа. Така што, би рекол дека кога се има желба – се наоѓа и начин. Имаше моменти на фрустрација, немоќ и колебливост, но некогаш едноставно треба да сме истрајни во нештото, дури и да го оставиме на страна на некое време – решението ќе дојде.

 

Можеш ли да ни раскажеш за одреден период кога се имаш соочено со значаен предизвик во професијата/кариерата и го имаш надминато? Што научи од тоа искуство?

Академијата ја завршивме подготвени за работа на одредени проекти. Она што не може да се научи на ниедна академија, факултет е како тој некој одреден проект би се одвивал во одредена организација со веќе поставени норми и правила. Мене тоа ми беше најголем предизвик, да се прилагодам (научам) на сите алатки кои ги користи компанијата, да се разберат реалните обврски кои ги имам и кои дополнителни чекори треба да ги преземам за да успешно ги завршувам. Всушност, тоа е тој цел onboarding процес кој траеше неколку недели и се заврши во најдобар ред. 

 

Зад тебе се многу проекти во полето на Data Science. Дали имаш некој омилен кој би го издвоил и која беше твојата улога во тој проект? Сподели ни повеќе за резултатите од тој проект, и што научи од искуството?

Па, секогаш првиот проект е тој што носи најголеми главоболки. За мене тоа беше Next Best Offer алгоритам, тоа беше датасет со десетици милиони редови во кој требаше да се употребат многу вештини од Академијата, а и повеќе од тоа, за сѐ да се сведе на алгоритам во продукција кој ги дава посакуваните резултати.

 

На Академијата за Data Science постојано работевте во тим на реални проекти за реални клиенти кои ја даваат „сликата“ за работа во реална средина. Можеш ли да го опишеш твоето искуство со работа во тимско опкружување?

Мојата работа е целосно remote, така што најчесто работата ја работиш сам, освен кога има потреба од некаква консултација. Имав среќа што во компанијата, пред сѐ, беше Ивона, која ми помогна многу на почетокот во целото вклопување на работите, потоа веќе влегувате во „барабанот“ и работата си оди. Останатите колеги се од други земји и други часовни зони, па понекогаш се случува да пишеш некому кај кој веќе е полноќ, но сѐ е навика.


На кој начин остануваш во тек со случувањата во твоето поле на интереси? Дали има одредени ресурси или организации што ги следиш и како тие влијаат на твоето учење и професионален раст?

Мислам дека во сферата на Data Science е практично невозможно да се остане во тек со сите работи. И сѐ е тоа во ред, секогаш постои тој fear of missing out фактор, но сметам дека клучно е да бидаме посветени на тоа што го работиме и да гледаме да бидеме што е можно подобри.

 

Што би ги советувал сите оние коишто сакаат да ја градат својата кариера во полето на Data Science? Некои tips & tricks кои ќе им го олеснат учењето и совладувањето на материјата?

Да знаат што сакаат од себе, да бидат чисти пред себе дека се решени да успеат во ова и на крај да си пружат шанса. Ова не е процес од една година, овде е потребно континуирано учење и напредување за да се биде успешен низ целиот тек на кариерата. Најтопло ја препорачувам Академијата и им посакувам успех на сите кои ќе се одлучат да се вклучат во неа!

 

За крај, дали можеш да ни кажеш за твојата Data Science кариера денес, некое време по завршувањето на Академијата за Data Science?

Моментално работам како Data Scientist во iERP.ai. Обврските варираат во зависност од тековните активности на компанијата. Од анализа на податоци за Sales Forecast, поддршка на колегите од Backend со некои Python или SQL скрипти, па сѐ до креирање на дашборди и нивно одржување за бројките на компанијата.

 


Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!