Запознај го Марио Николоски – студент на нашата Академија за Software Testing, кој се реши да започне нова авантура и да изгради кариера во полето на Software Testing.

 

Име и презиме: Марио Николоски

Академија: Академија за Software Testing

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Радоста дека почнувам нова авантура во мојата кариера и запознавањето на инструкторите.

Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Модулот SQL, и почнав да се подготвувам со туторијали за објектно-ориентирано програмирање.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Ова е професија со голема побарувачка на пазарот на трудот. Покрај тоа, во оваа област имам можност да создавам нови и иновативни производи кои ќе работат во различни индустрии. Имам избор да работам од каде било, со што ми се овозможува работа од дома или кое било место во светот.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Објектно-ориентирано програмирање, и исто така, го чекам хакатонот.

После предавањата секогаш: Пијам кафе, а потоа ја пишувам домашната.

Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Автоматското тестирање и учењето на програмскиот јазик Јava.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Можности, многу нови познанства, предизвици и се надевам на патувања во странство.

Оваа област за мене значи: Многу предизвици, работење на интересни проекти, но најважно е што софтер тестирањето нè тера да мислимe „out of the box“.

Во слободно време: Сакам да гледам филмови, да планинарам и да играм пинг-понг со другарите.

Сакам да читам: Мотивациски книги. Последна што ја прочитав е „Everything is F*cked: A Book About Hope“ – Mark Manson.

Сакам да гледам: Комедии и документарци од секаков тип.

Омилен цитат: “The people who are crazy enough to think they can change the world are the ones who do.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!