Минатиов викенд во просториите на Brainster, во партнерство со SCiDEV Албанија се одржа досега најголемиот хакатон во живо, на кој учество земаа студенти од 5 академии на Brainster – UX/UI, Front-End, Full-Stack, Software Testing & Project & Product Management)

Она што е интересно да се напомене е дека за првпат годинава на студентите од Brainster Академиите им се приклучија и студентите од Brainster Next College.

Тие здружени во 8 тимови, работеа на изработка на едукативна веб-платформа, која како финално решение ќе претставува единствена платформа од ваков вид за студенти. 

140 учесници, многу желби за професионален и кариерен напредок, но и за победа

Хакатонот го отвори Јана Тодоровска, team lead на Partnerships тимот во Brainster. Таа потенцираше дека ова е првиот хакатон во живо за оваа година, а воедно и најголем досега хакатон на Brainster и генерално, во регионов.

„Ова е прв хакатон за техничките академии на Brainster и особено ни е драго што за првпат ни се придружија и студентите од Brainster Next College, како засилување на тимовите од Академиите. Нашите студенти работеа на креирање на веб-платформа која со себе носи голема едукативна вредност, односно оваа платформа ќе придонесе кон олеснување и автоматизирање на процесот на креирање на настани фокусирани на едукација, слични на нашите хакатони. Со други зборови, преку технологија и иновации заедно со нашите студенти промовираме едукација преку креирање на tech решение за едукација. Со само два, три клика секој корисник ќе може да креира настан за повеќе од 200 луѓе истовремено”, рече Јана.

Што ни кажаа нашите студенти?

Динамично, предизвикувачко, возбудливо и полно со адреналин…Ова беа најчесто изговорените зборови од учесниците што ги слушнавме. 

Стотици таленти собрани на едно место, секој со различни технички познавања и специјалности, но сите со ист ентузијазам и желба да го завршат хакатонот побогати со ново искуство, но и пријатели.

Кај голем дел од нив низ нашите разговори преовладуваше возбуденост, глад за нови знаења, но и одлучноста да го извлечат најдоброто од себе и од тимот.

Она што доминираше во текот на 48 часа работа во живо беа насмеаните ликови, посветеноста на проектот и ентузијазмот. И покрај посочувањето на поголемиот дел од учесниците дека тука се за да научат нешто ново, да запознаат нови луѓе и да го усовршат своето знаење, желбата за победа беше видливо присутна кај секој тим, а компетитивноста помеѓу тимовите беше токму тоа што го направи овој хакатон уште поинтересен и повозбудлив.

Поразговаравме и со дел од учесниците во тимовите.

Славчо Темелковски е дел од Академијата за Project&Product Management и заедно со колегите од тимот, како што сите едногласно велат, ги вложи сите сили за да ја обезбедат победата, но за да дојдат до неа, ќе треба да се изборат со уште 7 тимови кои идентично ја посакуваат.

„Неколку дена пред хакатонот се организиравме и координиравме за да си ги поделиме обврските, имавме добар старт и сега сме веќе супер фокусирани на работата. Има предизвици секако, но сето тоа е нормално и нема простор за паника. Идејата да се пријавам на хакатонот беше поттикната од желбата да ја осетам атмосферата и да направам добар нетворкинг. При крај сум со студиите на Економскиот факултет, а воедно сум и претседател на Студентскиот сојуз при УКИМ. Завршената академија ги разви моите вештини во делот на развој на продукти, исто така, мојот завршен проект по крај на академијата беше користен и за други академии. Од сите технички сфери, најмногу ме влече бекенд и верувам дека тука ќе го продлабочам моето искуство во повеќе сегменти”, ни раскажа Славчо.

За Сандра Давчевска од Академијата за UX/UI ова не е прв хакатон, но како што вели таа прв хакатон во живо.

„Целата организација е навистина одлична. Тимската работа и разноликоста во техничките специјалности ни го олеснува процесот на размена на мислења и доаѓање до нови идеи. Навистина одлична можност за сите нас да научиме нешто ново низ практичен пристап и методологија”, рече таа.

Некои студенти ја поминаа цела ноќ во работа

16 студенти од првата година на додипломските студии по Софтверско инженерство и иновации на Brainster Next College, работеа напоорно и со голем ентузијазам рамо до рамо со студентите од Академиите.

Атанасија Ѓорѓиевски е студент на Brainster Next College, а лани таа ја заврши Full Stack Академијата на Brainster, па веднаш потоа се запиша на колеџот. Атанасија е презадоволна е и од Brainster и од Brainster Next College.  

„Во тимот си ги поделивме обврските онака како што сметавме дека најмногу тимски ќе ни одговара. Можев да работам и како дизајнер, но сепак програмирањето ми е појака страна. Супер ни оди, со тимот ги совладуваме навремено сите препреки и работиме на нови продуктни одбележја, за да направиме квалитетен финален продукт. Многу ми се допадна настанот, сум учествувала на други настани но ова ми е прв хакатон во живо, и разликата е навистина огромна. Поинаку е кога работите тимски на реални задачи и со луѓе. И за мене лично и од она што го гледам од другите мои колеги од колеџот, сите многу учиме. Секое ново знаење, посебно од овој тип, е добредојдено и многу може да помогне и подоцна, кога ќе се вратиме на предметите на колеџот“, ни рече Атанасија.


Во текот на вториот ден веќе можеше да се прочита уморот на нивните лица, прашањата кон менторите зачестија, а кога ги прашавме дали е сѐ во ред, ни одговорија потврдно, да не се грижиме. Нѐ вчудоневиди кога ни кажаа дека дел од учесниците останале цела вечер без сон, занесено работејќи на деталите.

„Успеав да отспијам на еден саат, на фотељата“, ни одговори Костадин Веселинов, дел од тимот 1 и студент на Brainster Next College.

Менторите како силна поддршка низ целиот процес 

Олга Пујаз Петрушевска, инструкторка на Академијата за Project & Product Management, воедно ментор на еден од тимовите смета дека учеството на хакатон е предизвик сам по себе од повеќе аспекти, пред сѐ затоа што тимовите се состојат од луѓе кои претходно не се познаваат и во рок од 48 часа треба карактерно да се синхронизираат и да креираат продукт кој ќе ги исполни очекувањата на клиентите. 

„Кај студентите на почетокот може да се забележи чувство на возбуда и збунетост и тоа е нормално, бидејќи многу е веројатно дека повеќето за прв пат се соочуваат со ваков предизвик. Како одминуваше времето кај сите може да се забележи ентузијазам, посветеност и желба да дадат придонес во реализирање на своите активности, а со тоа да му овозможат предност на својот тим во однос на останатите. Ние менторите сме тука да им дадеме насока и да ги охрабриме меѓусебно да соработуваат, за да го достигнат својот индивидуален и тимски потенцијал. Генерално моите совети беа насочени кон подобрување на проект менаџмент активностите, како планирање, координација, чести проверки на статусот на проектот, оптимизација на ресурсите итн., да останат фокусирани на крајната цел, да бидат едноставни во завршната презентација и секако да уживаат во настанот”, вели Олга.

Партнер компанијата за која студентите правеа веб-апликација е од Албанија, земјата во која Brainster неодамна отвори своја канцеларија. Јана вели дека навистина е чест што овојпат соработуваме со партнер од Албанија, каде што во моментов нашиот тим работи посветено на имплементирање на идентичниот иновативен модел за едукација, кој на младите во Албанија ќе им создаде подлога за поквалитетно образование и кариерна иднина. 

„Воедно визијата за оваа платформа е да прерасне во go to алатка која ќе го олесни учењето и меѓутимската координација и работа, не само на тимови на Brainster туку и на сите организации, тука и надвор, кои се обидуваат да придонесат во едукацијата и подобрувањето на образованиетo за сите”, вели Јана.

Во моментов Brainster ги организира најголемите хакатони во државава и со секој следен хакатон имаме сѐ  повисоки цели и очекувања, не само низ призма на број на учесници, туку и на проширување на делокругот на партнери со кои работиме.

„Ваков тип на хакатони ни се континуирана пракса и ги организираме за да го подобриме искуството на нашите студенти и воедно да одговориме на потребите на нашите партнери“, вели таа.

Она што беше интересно во овој хакатон е канцеларијата за User Interview, како еден вид на истражувачка UX методологија за време на која истражувачот поставува прашање до корисникот во одредена тема на интерес.Тоа е составен дел од работата на еден UX дизајнер. Интервјуата даваат инсајт за она што го мислат корисниците за сајтот, апликацијата, продуктот, процесот. Можат да посочат нешто што е впечатливо, како се чувствуваат корисниците и да дадат идеи за подобрување на севкупното искуство.

Учесниците за време на хакатонот имаа на располагање и Quiet room, односно тивка соба, како место за фокус концентрација и преговарање меѓусебно и со своите ментори.

Со учеството на Хакатонот сите учесници ќе добијат сертификат, а за победниците ќе следуваaт и Achievements сертификати. Студентите на крајот на вториот ден, иако изморени од напорната работа, повторно со голем ентузијазам ги презентираа своите завршни проекти.

Решението на победничкиот тим ќе го дознаеме наскоро, а деталите за искуството и самата веб-апликација што ќе ја примени клиентот, ќе ги дознаеме од победниците.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА