Како online учењето го прави образованието достапно за сите

Online учењето го трансформираше и револуциoнизираше образованието, обезбедувајќи им достапен и флексибилен начин на студентите да пристапуваат до најразлични материјали и ресурси во било кое време.
Една од најзначајните предности на online учењето е тоа што го прави образованието достапно за секого, без разлика на локацијата на студентот.
Дополнително, овој начин на учење им овозможува на студентите да учат со сопствено темпо, што може да биде особено корисно за оние кои сакаат да ги надградат своите знаења и вештини, или пак да направат одредена кариерна трансформација додека се во работен ангажман.
Во оваа блог објава, си поразговаравме со четири наши студенти со различни кариерни позадини, кои ги искусија предностите на online учењето и ја следеа Академијата за Data Science од Тенерифе, Германија, Холандија и Кавадарци.
Во продолжение, прочитајте повеќе за искуствата на нашите студенти
Здраво! Вие сте студенти кои беа дел од Академијата за Data Science и активно ги посетуваа online предавањата. Споделете ни малку повеќе за себе?
Сања: Здраво, јас сум Сања, дипломиран економист со повеќе од 10 години работно искуство. Data Science e „портата“ преку која влегов во IT светот, а се одлучив за истата бидејќи е Академија која е најтесно поврзано со анализа на податоци, визуелизација и предвидување на истите, со софистицирани ИТ алатки.
Драгана: Здраво на сите, јас сум Драгана, по потекло од Куманово. Имам дипломирано и магистрирано на Економскиот факултет во Скопје. Моментално работам во областа на контрола на ризици, а имам повеќе од 14 години работно искуство. Сега, после завршување на Академијата, сум во период на транзиција кон data science/analysis како идна работна позиција. На оваа Академија се запишав, бидејќи веќе подолго време размислував колку би било кул кога моето долгогодишно искуство во анализа и репортирање го искомбинирам со нови ИТ вештини, различни од excel и со тоа да научам нови работи кои би резултирале со некое повисоко ниво на компетентност.
Ивана: Здраво, јас сум Ивана и доаѓам од секторот за меѓународен развој како програмски менаџер и специјалист за мониторинг и евалуација на проекти каде што се прибираат голем број на податоци. Јас сум голем поддржувач на идејата на доживотно учење, сакам да откривам и истражувам нови работи. Data Science и нејзината употреба во модерното општество е во мојот фокус.
Живка: Здраво! Работам во човечки ресурси под оддел за компензации и бенефити. Секојдневно работам со податоци. Академијата ме направи покадарна во мојата струка и се здобив со поголема почит од колегите.
Оnline посетувањето на настава има големи придобивки, а една од нив е учењето од удобноста на својот дом без разлика на која локација се наоѓате. Интересен е фактот, што сите живеете во различни држави и градови. Раскажете ни повеќе за локациите од каде што ги слушавте предавањата?
Сања: Најголем дел од предавањата ги слушав од дома, обично за викендите беше некоја друга локација најчесто Тиквешко езеро, Скопје или во кола.
Драгана: Кога ја започнав Академијата, започнаа многу мои приватни и интернационални промени, од брак во странство, па патување натаму-наваму, па каде ќе живееме итн. Сѐ одеше спонтано, кога за меден месец решивме да одиме на Тенерифе, и сфативме дека таму е местото каде што сакаме да бидеме. Неколку пати бев на релација Македонија-Тенерифе, додека се спремав и себе и мачето со кое живеев (си ја земав и неа 🙂), за да после 2-3 месеци се преселиме комплетно. Оnline часовите ми помогнаа многу за да го следам материјалот во движење и тоа за мене беше од непроценлива вредност.
Ивана: Академијата ја следев од Германија, каде што живеам со моето семејство. Се случуваше часовите да ги следам и од други локации, на пример низ Македонија кога се враќавме дома на одмор. Кога разгледував различни програми и академии за усовршување, можноста да се посетува online настава за мене беше многу важен елемент.
Живка: Предавањата ги следев од повеќе локации. Најважно ми беше да имам компјутер со мене и интернет. Најчесто предавањата ги следев во домашни околности. Имаше и неколку обиди да слушам од јавни места, но тие секогаш завршуваа со преслушување на истите.
Можете ли да ни кажете за вашето искуство со платформите или алатките за online учење? Дали некои од нив сте ги користеле во минатото или за првпат се сретнавте на Академијата? Дали се покажаа ефикасни за вашиот стил на учење?
Сања: Освен Zoom, сите останати алатки како Rocket Chat, платформата на Brainster и слично ми беа непознати. Презадоволна сум од платформата, имате целосен увид и можност да го следите сопствениот личен успех, потоа достапноста на материјалите и можноста во било кое време да преземете некој материјал или да прегледате видео снимка од предавањата.
Драгана: Сѐ ми беше ново и „за првпат“ се сретнав на Академијата. Беше двоен предизвик да се совладаат и алатките и материјалот во исто време. И ден-денес, сѐ уште се надградувам во скоро сите изучени алатки на Академијата, а што се однесува до Branster платформата, многу ми се допаѓа опцијата за повторно гледање на сите изминати предавања, на кои секогаш можам да се навратам, а тоа и го правам, бидејќи се доста интерактивни и инструкторите одлични.
Ивана: Во минатото сум следела и други online курсеви и вебинари, како на пример Coursera, Udemy, преку алатките што ги споменавте, а исто така и професионално сум сертифициран Moodle developer, така што познати ми се и платформите за учење. Она што ми се допадна кај Brainster беше она што го споменаа и колешките – достапноста на материјалите и посебно видеата од предавањата и вежбите кои дефинитивно ги прегледував и по неколку пати.
Како останувавте организирани и мотивирани додека учевте online? Користевте ли некои специфични методи или техники за да подобро да управувате со вашето време и да останете фокусирани на материјалот?
Сања: Посебни методи не користев, гледав само да се изолирам во соба со слушалки на мене, кафе и вода. Инструкторите и самите часови се доста интересни и динамични, така да немав проблем со концентрацијата.
Драгана: За мене организацијата и дисциплината беа најголеми предизвици. На почетокот, додека кратко бев во Македонија за време на Академијата, беше лесно, зима, ладно, па учење, часови после работа беше супер идеја. Но, во сред зима, кога дојдов на Тенерифе каде што практично беше пролет и „сите” беа на одмор, на почетокот беше навистина предизвикувачки и некако тешко за мене да се изолирам и фокусирам на материјалот, но после тоа фатив ритам. Мислам дека љубопитноста за сето тоа кое беше понудено како материјал, одличните инструктори и поддршката од сопругот беа клучни да истраам до крај.
Живка: Мислам дека најголемиот мотив ми беше тоа што искрено сакав да знам повеќе и да станам подобра од што бев. Материјалот, исто така, е интересен и возбудлив. Чувството што се добива после успешно напишан код или успешно анализирана задача е незаменлив. Посебни техники немав и дефинитивно не бев мотивирана до крај. Се радувам што може да се навраќам на материјалот и преслушувам што ми треба.
Можете ли да опишете ситуација кога требаше да соработувате со други студенти или да работите на групен проект во online средина? Со какви предизвици се соочивте и како ги надминавте?
Сања: Бевме супер група, имавме редовна комуникација, се правеа и дружби во Скопје. Секогаш си помагавме еден со друг за било каков проблем и затоа без потешкотии ги совладавме проектите и хакатоните кои ги работевме групно. Се родија пријателства нови кои веруваам ќе траат долго.
Драгана: Имав навистина голема среќа што за хакатонот и за проектите работев со прекрасни колеги, сето тоа во online средина. Редовна комуникација, споделување на различни мислења/пристапи, активен пристап од страна на менторите, сето тоа беше и тоа како возможно online. Тогаш навистина сфатив колку е важна тимската работа, особено кога работиш со колеги кои се навистина љубопитни и истрајни во зададеното.
Ивана: Тимска работа имаше иако бевме на далечина и во некој момент сите на различни локации. Редовната комуникација преку различни канали (вклучувајки и Viber група) беше многу важна за успешна работа – и се разбира, фактот дека работев со многу професионални и мотивирани колеги.
И за крај, што би им споделиле на сите оние кои на некој начин се „скептици“ во однос на online учењето?
Сања: Доколку се има голема желба и волја да успееш, ништо не е тешко. Во текот на Академијата се соочив со многу предизвици, пред сѐ, огранизациски како да се изменаџира времето, да се посвети доволно време и на децата, фамилијата, работата и домот. Но, со помалку сон, скратување од слободното време, повторување на материјалот, редовна присутност на часовите, решавање на домашните и учество на проектите и хакатоните, успехот е неминовен.
Драгана: Оnline учењето, исто како и online работењето, сѐ повеќе и повеќе стануваат реалност и одат во нагорен тренд. Јас лично гледам многу предности во ова. Почнувајќи од тоа дека во домашна атмосфера сме многу поопуштени (може и во пижами по цел ден), фокусот е насочен исклучиво кон следење на материјалот кој за многумина беше нешто ново, не се губи време на спремање, па патување до просториите на Академијата и назад, сето тоа дополнително заштедено време и тоа како е важно во подобар time management. За мене, самата online опција беше на некој начин „одлучувачка“ за да започнам со Академијата и му благодарам на Brainster за истата.
Ивана: Оnline учењето бара исто толку труд и посветеност како и класичното учење. Учесниците треба ова да го знаат и да си одделат адекватно време за учење. Кај online учењето дури е и предност тоа што материјалите може да бидат достапни цело време (видеата од самите предавања на пр.) и новите платформи за учење навистина овозможуваат учесниците да имаат добро искуство и да се стекнат со знаење и вештини кои им се потребни.
Живка: Ако немаше online слушање, немаше да сум во можност да следам било каква академија. Всушност, ми беше услов што се запишав на истата. Достапноста на материјалите во секое време и било какви околности е незаменлива предност и слобода. Иако online, останувам во контакт со колегите од Академијата и се чуствувам блиска да им пристапам за што ми треба па дури и пријателства.
Доколку сакаш да ги надградиш своите вештини и знаења, и опцијата за online учење ти изгледа примамливо, уписите за Brainster Академиите се во тек.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмите!