Запознај го Мартин Стојановски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој ја започна својата кариера како Web Developer во компанијата Panasonic Automotive Systems Czech Republic.

 

Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво, здраво! Благодарам за честитките! Јас сум Мартин, имам 26 години, можам да кажам дека сум гејмер откога знам за себе, а воедно многу љубопитна и амбициозна личност. Секојдневно сакам да учам нови работи и да се надградувам во истите, така што Браинстер беше идеалното место за тоа.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Како што напоменав, сум страствен гeјмep и предизвиците од видео игрите беа дел од мојот секојдневен живот пред Академијата, па се одлучив да ги прeнacoчaм времето и силите кон предизвици во светот на програмирањето. Се одлучив за Front-End програмирање зошто поврзува два клучни процеси – дизајнот и Back-end при изработката на една веб страница, а изработката на веб страницата е процес кој отсекогаш ме интересирал.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата не само што ги исполни, туку и ги надмина моите очекувања. Посебно ме воодушеви пристапот на инструкторите и организацијата на целата Академија. Инструкторите не само што го предаваа материјалот квалитетно, туку и константно нѐ мотивираа и советуваа да бидеме упорни. Мислам дека мотивацијата е исто така многу важен фактор при изучувањето на академијата.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Со оглед на тоа дека додека траеше академијата, имав full-time работа, на почетокот најголем проблем имав со менаџирањето на времето, но со константна упорност, поддршка и совети од инструкторите и колегите од Академијата, проблемите исчезнаа.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Дефинитивно React – модул кој беше во исто време многу предизвикувачки и забавен. React беше имплементирање на сѐ што сме учеле дотогаш на еден нов, поинаков начин. Најинтересен ми беше делот каде што секојдневно се собиравме со колегите од групата на Академијата (Гоце, Марјан и Тодор) на Discord и ги надминувавме зададените предизвици. Оваа прилика би ја искористил јавно да им се заблагодарам.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Web Developer во компанијата Panasonic Automotive Systems Czech Republic. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Процесот за вработување беше малку комплициран поради тоа што фирмата користи Vue.js наместо React.јѕ, кој ние го изучувуваме, па така првата задача ми беше да изработам даден проект во Vue.js.

При изработката на проектот се потврдија зборовите на инструкторите од академијата, дека ако го научиме и разбереме React.јѕ, процесот на изучување на Vue.js во иднина ќе биде многу лесен. По надминување на предизвиците кои ги носи изучувањето на нов framework и успешна изработка на проектот кој морав да го завршам во даден временски период – почнав со работа.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Како и кај секој нов девелопер, се очекува од него да е постојано во чекор со времето, искористување на знаењето што го стекнал, но и константно негово надградување, а работната средина тоа и ми го овозможува. Моментално сум сам веб-девелопер во тимот и сум задолжен за девелопирање и одржување на front-end-от на интерните веб апликации. Позицијата, исто така, овозможува и проширување на знаењата кон back-end, но сѐ во свое време, сега сум потполно фокусиран на front-end.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Don’t overthink your decision. Одлуката за запишување во Бреинстер е првиот чекор кон вашата кариерна промена. На Академијата ќе се стекнете со сите потребни знаења и вештини кои ќе ви овозможат професионален раст и развој, како и остварување на вашите поставени цели.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!