Запознај го Теодор Петровски – алумни студент од Академијата за Software Testing кој се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација во полето на Software Testing.

По комплетирање на програмата, тој ја започна својата кариера како Quality Assurance Engineer во компанијата Unlimited Coders.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Теодор за неговото кариерно патување

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво, јас сум Теодор Петровски од Битола и моментално сум вработен во Unlimited Coders на позиција Quality Assurance Engineer. Отсекогаш сум бил заинтересиран за IT, но пред околу една година се одлучив дека тоа сакам да ми стане секојдневие и тогаш се одлучив да се запишам на Академијата за Software Testing. Слободното време го поминувам во надградување на моето знаење, учење нови алатки и вештини и социјализација со блиските и пријателите.

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата за Software Testing за мене беше еден голем предизвик бидејќи дотогаш сум немал никакво искуство со развивање и тестирање на софтвер продукти. Благодарение на менторите и асистентите се здобив со потребните вештини и со потребното знаење за да почнам со работа. Најинтересен модул ми беше OOP(Object Oriented Programming) благодарение на менторот Андреј.

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Мислам дека најдобриот дел од Академијата е работата на реални проекти и хакатонот кој беше одржан во склоп на академијата. Преку работата на реални проекти имавме прилика да видиме како би се одвивал еден наш работен ден и што би била нашата работа на новото работно место. 

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е компанијата Unlimited Coders. Сподели ни повеќе информации за оваа компанија.

Unlimited Coders е брзорастечка ИТ компанија, лоцирана во Битола. На пазарот сме веќе 7 години. Покрај Битола имаме канцеларии во Скопје, Лондон, Амстердам и Детроит. Работиме на различни проекти вклучувајќи AI технологија, развој на мобилни и веб апликации и одржување, дизајн, CRM, тестирање на хардверски решенија и консултантски услуги. Благодарение на Agile методологијата и одличниот тим успеваме да сме конкурентни на IT пазарот.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Јас сум Quality Assurance Engineer и денот ми започнува со кафе со колегите и Daily Meetings. Динамиката е различна секој ден бидејќи работиме по концепти кои овозможуваат доаѓање до најдобри идејни решенија кои би ги задоволиле потребите и на најпребирливите клиенти и соработници. Highlight на секој работен ден ми е тимскиот дух и меѓусебната поддршка.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Извршување на regression и smoke testing, наоѓање и пријавување на багови, пишување и update на test cases. Како дел од development тимот моментално сум инволвиран на 2 проекти. За project management користиме Jira. За едниот проект користам Selenium, Android Studio и Appium. За другиот проект користам алатки кои ми помагаат во пишувањето на manual test cases. Во компанијата, исто така, се користат дел од познатите алатки како: Postman, Jmeter, SoapUI, а во однос на техники, секоја техника којашто беше опфатена во Академијата се применува секојдневно.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам. Ако веќе размислувате за промена на кариерата најпрво ви треба желба и одлучност. Потоа, ви треба многу труд и континуирано учење за да успеете да го совладате материјалот. Топло ја препорачувам Академијата за Software Testing на Brainster за сите кои сакаат да навлезат во светот на IT и Software Testing.

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!