Моето Brainster искуство – Елена Антеска

Запознај ја Елена Антеска – студент на Академијата за дигитален маркетинг, која сака да ги надгради своите дигитални вештини во една од најпопуларните професии на денешницата – дигитален маркетинг.
Име и презиме: Елена Антеска
По професија сум: Диплoмиран филолог
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Од првиот час на Академијата паметам: Многу позитивна енергија и ентузијазам.
Се решив да го искористам времето продуктивно и да научам: Што сè е потребно да се стане успешен copywriter, и колкаво е местото на еден маркетер со таа специјалност во големата слика на дигиталниот маркетинг.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Има простор за креативност и се поврзува со мојата професија во однос на следење на нормите во пишаниот збор.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: SEO, Content marketing и Copywriting.
После предавањата секогаш: Ги прегледувам видеата неколку пати и за истата тема барам и други видеа на YouTube.
Пред да се запишам, најмногу ме плашеше: Дали ќе можам да ги завршувам домашните со оглед на тоа дека работам.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да станам успешен copywriter кој ќе твори приказни кои инстантно ќе привлечат внимание.
Оваа област за мене значи: Да си среќен со она што го работиш, а во мојот случај тоа е љубовта кон пишувањето, креативност, но и следење на јазичните норми.
Во слободно време: Гледам предавања на теми што ме интересираат.
Сакам да читам: Духовна литература
Сакам да гледам: Стари британски хумористични серии.
Омилен цитат: “Seed planted in someone could one day blossom and lead to something equally wonderful.“
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!