Запознај ја Ивана Андонова – алумни студент на Академијата за Software Testing, а од неодамна и дел од инструкторскиот тим на Brainster како асистент на Академијата за Software Testing.

Ни сподели дека најмногу сака да го споделува своето знаење со студентите, да ги инспирира и мотивира да ги истражуваат своите потенцијали, со цел да направат пресврт и проблемите со кои се соочуваат, да научат да ги претворат во можности за развој. 

 

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Ивана за нејзиното искуство

 

Здраво, здраво, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Здраво на сите. Јас сум Ивана, по струка сум дипломиран педагог, а неодамна ја завршив и Академијата за Software Testing. За себе, можам да кажам дека немам страв од непознато и сакам предизвици. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Ви благодарам на честитките. Искрено, Академијата ги надмина моите очекувања.
Професионалност и посветеност од страна на инструкторите и асистентот, како и имплементирање на стекнатото знање преку реални проекти кои ги овозможува самата Академија.

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Работата на реални прокети за време на Академијата ми беше огромен мотив да продолжам со запознавање нови алатки, изучување на техники, стекнување на нови вештини. Проектите како и целокупниот процес на самата Академија бараат огромна посветеност, упорност и дисциплина, а таквиот пристап секогаш резултира со успех.

 

По завршување на Академијата, започна да работиш кај нас во Brainster. Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна позиција е асистент на Академијата за Software Testing и мојот работен ден опфаќа континуирана комуникација со студентите, како и активности поврзани со реализација на часот.

 

Какво е чувството да бидеш дел од инструкторскиот тим на Brainster и постојано да работиш на пренесување на знаењето со цел да се подобри искуството на студентите?

Да се биде дел од инструкторскиот тим на Brainster за мене претставува огромна чест и задоволство, а воедно и голем предизвик и одговорност. Како дел од инструкторскиот тим имам можност да го споделувам моето знаење и вештини со студентите, да ги инспирирам и мотивирам да ги истражуваат своите потенцијали, да направат пресврт и проблемите со кои ќе се соочат да научат да ги претворат во можност за развој. Имајќи ја привилегијата да работам на подобрување на искуството на студентите се трудам да ги воведам во интересни и стимулативни активности, да им креирам интерактивни и динамични работилници, да ги предизвикувам да размислуваат креативно и критички, како и да ги охрабрам наученото да го применуваат во пракса. 

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија?

Многу важна ставка во моите работни задолженија се студентите со кои се трудам да  воспоставам комуникација која ќе им помогне да ги надминуваат препреките со кои ќе се соочат (помош при инсталација на одредена алатка, насоки при пишување на домашна работа, дообјаснување на вежба што сме ја работеле на час, прашања кои им произлегле после часот и сл.). Покрај активната комуникација, моја должност е и следење на процесот и прогресот на студентите за време на часот и во текот на целата Академија. Исто така, учествувам и во креирање на часот, а тоа подразбира подготовки на задачи за вежби на час, соодветно и подготока на домашна работа.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувалa сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

За крај, најпрвин сакам да се заблагодарам на убавите желби и одвоеното време. Сите оние кои ја ставиле под точка на размислување промената на својата кариера дефинитивно треба да се охрабрат и да ја променат. Советувам да направат истражување со кое ќе си помогнат да ја изберат соодветната Академија за нивниот профил, а потоа да вложат многу љубов и труд и да му веруваат на процесот и крајниот резултат.

 

Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!