Запознај го Виктор Тодоровски – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, кој ги надгради своите знаења и вештини, и ја започна својата кариера како Associate Software Engineer во компанијата RLDatix.
Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место
Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?
Здраво, јас сум Виктор, имам 22 години и сум алумни студент на Академијата за Front-End програмирање. Brainster беше правото место за мене и за подобрување на моите квалитети бидејќи сум високо креативна личност која често има иновативни идеи.
Зошто баш Front-End програмирање?
Web development индустријата е нешто што одамна ме привлекувало, а Front-End гранката е онаа во којашто ми е најзабавно и имам најголема можност за надградување на моите вештини.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?
Академијата за Front-End програмирање ги надмина сите мои очекувања. Ги научив сите up-to-date технологии кои се користат за време на работата на реални проекти. Освен фокусот на програмирањето, нѐ научија како да се снајдеме во работна средина и како да бидеме подобри колеги. Ако некој е заинтересиран за Web develoment индустријата, Brainster е местото коешто го препорачувам!
Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Моето искуство беше одлично, се запознав со голем број на луѓе со исти интереси со коишто можев да разменам многу идеи. Еден од најголемите предизвици беше менаџирањето на времето за изработка на проектите, но со напорна работа многу лесно го совладав.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто?
Иако сите модули беа многу интересни, еден од нив што би го издвоил е модулот за React, бидејќи претставуваше нов предизвик за мене.
Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Associate Software Engineer во компанијата RLDatix. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?
По завршувањето на Академијата започнав да ја градам својата кариера како Associate Software Engineer во RLDatix. Процесот со којшто стигнав дотука беше многу интересен, но исто така и со многу предизвици. Поминав низ низа интервјуа каде требаше да ги покажам своите вештини и знаења кои ги добив на оваа Академија. Со напорна работа и многу учење, успеав да ги надминам сите препреки и да се покажам во најдобро светло.
Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?
Моја задача како еден млад програмер без искуство, е постојано да учам нови работи и да апсорбирам информации. Исто така, од мене се очекува да го развивам и искористувам моето логичко размислување.
И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?
Би им препорачал дефинитивно да пробаат, бидејќи е место кадешто можат да ја покажат и искористат нивната креативност.
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.
На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!