Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот

Тијана Цресензи е алумни студент од Академијата за UX/UI дизајн која направи комплетна кариерна трансформација и ја започна својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата Anant Macedonia.

Прочитајте го нејзиниот гостински текст на тема „Како ChatGPT и Notion можат да го трансформираат вашиот работен тек низ UX процесот“.

 

 

Неодамна почнав да ги користам ChatGPT и Notion во комбинација за мојот најнов проект и морам да кажам дека, it was a game changer. За неколку дена, успеав успешно да спроведам UX анализа и да соберам вредни податоци за потребите на проектот на којшто работам.

 

1. Notion како супер-алатка за организација

Кога се соочуваме со комплексни и обемни процеси на работа, како што е и самото корисничко истражување (UX), може лесно да станеме парализирани и да се чувствуваме како да не знаеме од каде да почнеме.

Меѓутоа, длабоко вдишување (zen first, always!) и фокусирање на организирање на нашите мисли и ресурси може да ни помогне да го вратиме чувството за контрола и поефикасно да се справиме со ситуацијата.

За таа цел, многу е битно какви алатки користиме што ќе ни помогнат успешно да ги организираме нашите мисли и ресурси со кои работиме. Во самиот процес на корисничкото истражување, собирање информации, користење различни методи и процеси, има толку многу фази на работа низ коишто се таложат многу податоци кои низ самиот процес се сортираат, приоритизираат и филтрираат.

Notion е алатка којашто, кога конечно ја открив и почнав да ја користам, менаџирањето на секојдневните задачи значително ми олесна, како и во професионалниот, така и во приватниот живот. 

Има доста практичен интерфејс, едноставен и лесен за користење, и супер функционалности за успешно менаџирање при што организирањето и сортирањето на податоците е многу едноставно. 

Дополнително, Notion ни овозможува да ефикасно соработуваме со нашиот тим, што го олеснува споделувањето и ажурирањето на нашите податоци беспрекорно.

Кога почнав да го користам Notion, во комбинација со ChatGPT, сфатив колку организирањето и работењето низ на целиот тој процес на работа ми стана полесно, позабавно и попрактично.

 

2. ChatGPT – вештачка интелигенција што го олеснува UX процесот

Кога ChatGPT првпат се појави на пазарот не бев толку свесна за неговиот вистински потенцијал, сѐ додека не почнав полека да го користам и да го откривам, prompt to prompt. Како што му поставував прашања, бев вчудоневидена колку е моќна алатка и како можам да го користам во мојата работа.

Многу луѓе се сѐ уште скептични кога станува збор вештачка интелигенција, некои се дури уплашени дека таа ќе влијае врз нивната работна позиција, дека ќе станат целосно заменливи, итн.

Иако не верувам во тоа, сметам дека е многу важен момент да се навикнеме да ја користиме оваа алатка бидејќи ова е едноставно технолошка револуција и што побрзо ја прифатиме и се развиваме заедно со неа, тоа подобро за нас. Имаше еден добар цитат којшто го прочитав на интернет на оваа тема, вели: „Вештачката интелигенција нема да го замени твоето работно место, туку некој што знае како да ја користи.“

Во тој поглед, сакам да нагласам дека со поставување на добро осмислени прашања (prompts) на ChatGPT, може да постигнеме многу! ChatGPT може во голем дел да го автоматизира нашиот процес на корисничка анализа и да ни даде многу информации кои инаку би ги добиле со темелно истражување и многу потрошено време. Со самото поставување на правилни прашања, може да собереме вредни податоци кои ќе ни користат во процесот во рекордно време.

Веќе некое време го користам ChatGPT во мојот процес на работа, и сѐ уште не можам да кажам дека го користам во полна сила. Оваа алатка ќе продолжи да еволуира и ќе станува сѐ подобра и подобра, а и ние во нејзиното умешно користење. 

Ги охрабрувам сите дизајнери коишто работат на обемни и комплексни UX процеси, бидејќи понекогаш не мораме да ги измислуваме работите одново, кога веќе може да ги имаме веднаш и да заштедиме многу време и пари. “Don’t reinvent the wheel!” – цитат кој многу често го користиме на работа.

 

3. ChatGPT и Notion: Next level комбинација за успешен работен тек

Комбинирањето на овие две супер-алатки во работниот тек може да биде исклучително практичен начин да го развиеш и поедноставиш UX процесот.

Со користење на ChatGPT можеш да генерираш различни идеи кои ќе ти помогнат во твојот процес. Можеш да извлечеш корисни податоци, статистики, различни сценарија, итн.

Многу често поставувам премногу различни верзии на едно прашање, и добивам различни одговори, и така добивам еден куп информации од ChatGPT што во наредни фази ги сортирам, ги „прочистувам“ на некој начин, и одбирам што навистина ми треба, а што не.

Тука настапува Notion. Таму можам се да си складирам, да си организирам во посебни страници, посебно обележани зависно од како сум ја поделила работата на мојот проект, за сѐ да ми биде лесно достапно во секое време. Можам да организирам во категории, да користам табели, да приоритизирам, да обележувам и така да водам сметка за да не пропуштам нешто многу важно низ процесот. Можам да креирам списоци со задачи и потсетници за да сум сигурна дека процесот го водам на вистинскиот пат и да го следам напредокот на проектот.

Со вклучување на Notion во нашиот работен тек заедно со ChatGPT, можеме дефинитивно многу да ја подобриме нашата работа и да ја зголемиме нашата продуктивност.

 

4. Постигнување на вистинскиот баланс

Вештачката интелигенција и човечката интелигенција можат да направат големи, чудесни работи заедно. Но, клучот е во наоѓањето на балансот помеѓу нив. 

Многу е важно е да се запамети дека не можеме 100% да се потпреме на алатките за вештачка интелигенција. Се разбира, ниту една алатка или технологија не може да го замени човечкиот допир во процесот на дизајнирање, истражување, анализирање и тестирање.

На крајот на денот, нашата креативност, емпатија и вештини за решавање проблеми нè прават ефективни дизајнери и секогаш треба да сме внимателни кога користиме алатки како ChatGPT.

Во многу наврати ми се има случено да добијам сомнителни информации, дури и неточни, од ChatGPT, така што научив да препроверувам сѐ што ќе добијам како податок.

Но, без разлика, и во иднина да се подобри алатката и да го нема тој проблем, сепак е важно да се остане свесен за човечкото дејствување и придонес во секој проект на кој што работиме. Ако го олеснува процесот, не треба целосно да го замени. Ние сме секогаш одговорни за функционирањето на целокупниот end-to-end процес на корисничкото искуство, и нашата логика и разбирање треба да бидат клучни во тоа искуство.

 

5. Заклучок

Сепак, со можеме да заклучиме дека со искористување на моќта и потенцијалот на алатките за вештачка интелигенција како ChatGPT и комбинирање со организационите способности на Notion, можеме да работиме побрзо и поефикасно, а сепак да го одржуваме човечкиот допир што ги прави нашите дизајни навистина уникатни.

Искрено сум многу возбудена за прогресот на овие револуционерни алатки и како во иднина уште повеќе ќе ни го олеснат процесот на работа. За тоа, времето ќе покаже! 😊

 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Related Stories For You