Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 11 моменти што се случија на нашата Академија за Full-Stack програмирање во 2022 година:
- Запишани повеќе од 110 студенти, оформени 4 групи
Оваа година на Академијата за Full-Stack програмирање се запишаа повеќе од 110 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 8, 9, 10 и 11 на Академијата за Full-Stack програмирање.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 10 и 11 на Академијата за Full-Stack програмирање. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на групите 6 и 7 коишто ја комплетираа програмата.
- Успешно завршени реални проекти за реални клиенти
Како задолжителен дел од програмата на Академијата за Full-Stack програмирање е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на:
- Функционално веб решение за модниот бренд ZANOV
- Изработка на веб платформа за Универзитетско Студентско Собрание – УКИМ
- Веб решение и UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада на Македонија
- Завршен проект – Brainsterpreneurs
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Андреј Овнарски, Димче Картинов, Марија Николовска, Божин Миовски, Даниел Веселинов, Роберт Соколов, Никола Домазетовиќ, Денис Ристовски, Кристина Георгиевска, Александра Настова, Даниела Икономова, Кристијан Исајлоски, Стефан Рубелов, Дејан Стефанов, Милош Нешковски, кои по завршувањето на нашата програма за Full-Stack програмирање ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Од Академијата за Full-Stack програмирање на додипломски студии на Brainster Next факултетот
Тројца наши студенти кои покажаа посебна заинтересираност и максимално го посветија времето за изучување на нови вештини, решија по завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање да се запишат на додипломските студии кои ги нуди Brainster Next факултетот. Честитки и ви посакуваме големи успеси! Дознај повеќе што ни раскажаа: Атанасија Ѓоргиевски, Давид Петковски и Дамјан Петрушевски.
- Програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку
„Што е она што се случува во мозокот на програмерите и дали функционира поразлично од оние кои не се? Зошто се вели дека програмирањето нѐ учи да размислуваме поинаку?“ Анета Димоска е Front-End developer во тимот на Brainster, а воедно алумни студент од Академијата за Front-End програмирање, која ни го сподели своето размислување на тема „Како програмирањето влијае на работата на мозокот?“
- Реалните проекти кои ги изработивме на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање
Совладувањето на потребните вештини за Front-End или Full-Stack програмирање е процес на континуирано учење за кој е потребна голема посветеност и вложен максимален труд. Во оваа блог објава, ќе ти доловиме што сѐ ќе направиш за 1 година учејќи Front-End програмирање или Full-Stack програмирање во Brainster. Дознај повеќе!
- 7 најпопуларни книги за програмирање
Дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна, а ИТ светот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина. Во оваа блог објава, имаш можност да се запознаеш со Front-End & Full-Stack програмирање и да ги прошириш своите знаења од оваа област. Дознај повеќе!
- Збогатување на инструкторски тим
Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ги претставувавме новите инструктори на Академијата за Full-Stack програмирање: Ведрана Тозија и нашите алумни студенти: Елена Клисаровска, Даниела Икономова, Александра Настова, Јордан Јаневски и Милош Нешковски.
- Одржан бесплатен онлајн вебинар на тема GIT со Симеон
Зошто GIT е есенцијална алатка која секој програмер мора да ја знае? Дознај го одговорот на ова прашање и научи зошто се важни системите за управување со програмски код, кои се најважните и најчесто користените команди во GIT, како и кој е процесот на прикачување на програмски код на GIT. Погледни го предавањето!
- Воведување на бонус модул за Freelance
Изработивме видео курс „Фриленсерство и веб девелопментг – Како до кариера како фриленсер“ со поддршка на Impact Фондација. Остваривме соработка со искусен професионалец од областа – Наташа Анастасова, која преку серија видео лекции им споделува на студентите од оваа академија повеќе за своето искуство, насоки, научени лекции од нејзината неколкугодишна кариера како фриленсер.
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за Full-Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!