Елена Клисаровска е нашиот нов инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, а воедно и PHP Developer во компанијата BtoBet.
Нејзината пасија да учи нови работи и желбата за справување со предизвици е главната причина зошто Елена се решава за кариерна трансформација од маркетинг во програмирање. За нејзината одлука, таа ни раскажа дека започнало како хоби, се запишала на Академијата за Full-Stack програмирање, но уште пред да ја заврши, сфатила дека ова е тоа што таа сака да го прави и работи.
Покрај тоа што работи во ИТ компанија, останатите активности ѝ се поврзани со програмирање. Од алумни студент на Brainster, сега е дел од инструкторскиот тим, а исто така работи на неколку приватни проекти и веб-страници за кои во приватниот живот има пасија.
Запознајте ја Елена – инструктор на нашата Академија за Full-Stack програмирање
Име и презиме: Елена Клисаровска
Академија: Академија за Full-Stack програмирање
Модул: Databases, Javascript, PHP, Laravel
Професија: PHP Developer
Искуство: Втора година како PHP Developer
Зошто баш Full-Stack програмирање: Динамиката на професијата и можноста за надградување и континуирано учење.
Хоби: Скијање, читање, изучување на кинески јазик.
Омилена книга: Омилени книги имам многу. Најчесто секоја последна што ја читам ми е омилена. Во моментов ја читам Тalking to Strangers – Malcolm Gladwell.
Омилен цитат: “Consistency is the playground of dull minds.”
Уписите на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!