Запознајте го Милош Нешковски – алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање, кој со својата голема решителност и амбиција, ги надгради своите вештини и започна да работи како Full-Stack девелопер во компанијата Orioly.

 

Си поразговаравме со Милош за новото работно место

 

Здраво Милош! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Милош?

Здраво на сите! Милош е високомотивирана личност која постојано работи на себе и на своето професионално надградување во ИТ сферата. Има дипломирано Електроника и телекомуникации при Електротехнички факултет (ЕТФ) на УКИМ во Скопје. Покрај програмирање, најголема пасија му е фотографијата.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Започнав да размислувам што сакам да работам, ги разгледав сите програми на пазарот и бев во потрага на LAMP стак. Програмите на Brainster беа најдобри наспроти останатите и совршено ми одговараа. Размислував за Back-end (со некој дел за Front-end) за да ја имам предвид целата слика. Програмата на Brainster за Full-stack програмирање ми изгледаше како тоа што го барам, а излезе дека е и многу повеќе.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Академијата за Full-Stack програмирање не само што ги исполни, туку и ги надмина моите очекувања во секој поглед. Би сакал да ја имав можноста да ја следам Академијата додека бев на последната година од студиите.  Бев скептик за обемот на материјалот во временската рамка, ама и тука се покажа дека грешам. Претпоставки правиме според нашето претходно искуство, а јас овојпат решив да дадам сѐ од себе. Знам дека предметите и испитите кои ми се интересни и ми се допаѓаат многу полесно ги учам, и иако континуирано читав сам, рамката, насоката и концептот кој инструкторите од Академијата ги користат, се непроценливи и многу ефикасни.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најинтересен ми беше Javascript делот, не знам зошто, ама од разговори со колеги и пријатели кои работат како девелопери подолго време, имав претстава дека е нешто многу различно и многу тешко. Најголем предизвик ми беше враќањето во училница (иако виртуелна) и изнаоѓање на слободно време во однос на Академијата и останатите обврски. Првиот месец особено, но потоа јас, а и сите околу мене, се навикнаа на мојот распоред. Една година со ограничено излегување и откажување од некои работи, не значи ништо кога целиме кон подобра иднина. 

 

Твојата кариера како Full-Stack девелопер ја започна во компанијата Orioly. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Откако завршивме со Академијата, одвоив време да направам ново CV, како и да го надградам LinkedIn профилот. Во исто време, почнав да разгледувам и огласи, а и тимот на Brainster ми проследи голем број на огласи со цел да ме препорачаат. Искрено, аплицирав секаде, сакав што поскоро да ја променам претходната работа и да продолжам со темпото на учење во реална работна околина. Потоа, настапи период кога почнаа да стигаат одговори. Ве тестираат во неколку фази, добивате фидбек, неколку негативни одговори, за на крај, после неколку обиди да дојде и позитивниот. Едноставно сѐ излезе одлично на крајот.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија? 

Orioly е компанија од Хрватска со седиште во Загреб. Имаат неколку SaaS (Software as a Service) решенија со кои допринесуваат до полесен и поефикасен развој на туризмот претежно во Хрватска, но и пошироко. Ова се однесува на автоматизирано букирање, плаќање за туроператори, активности, настани и сл. Онлајн или офлајн, сѐ со цел поедноставување на целата постапка. Секако, повеќе можете да прочитате на нивниот LinkedIn профил или официјалната веб-страница.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Динамично и на далечина, сега за сега, со тоа што работниот ден трае 8 часа и генерално почнувам во 08:00. Работам баш full-stack на еден проект кој е базиран на PHP/Laravel/Javascript/jQuery, а секако, не можат да се изостават и сите останати технологии кои ги учевме на Академијата како бази на податоци, GIT и др. Во слободно време учам Symfony PHP framework, за да можам да се вклучам и во другите проекти. Секоја фирма си има onboarding процес преку кој ве вклопува во некој од тимовите. 

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Пред сѐ, да бидат упорни, да посветат доволно време додека се на Академијата и успешно да ги совладаат сите модули, за да им биде полесно понатаму. Секој што има некое предзнаење ќе си помине полесно, но тоа не значи дека останатите не можат, само треба малку повеќе време да одвојат за учење. Академијата е вовед во една огромна и обемна материја, во која ќе се специјализираат понатаму. Најважно за почеток е да можат да почнат да работат и да се служат со документација. Никој не може да знае сѐ, но важно е кога ќе се најде решението на интернет, да знаат како да го искористат. Како ќе поминува времето, сѐ помалку ќе читаат документација, но никогаш нема целосно да престанат. А, доколку се следи чекор по чекор, Академијата го овозможува тоа. 

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Ако нешто сум научил за ИТ светот, е дека многу бргу се менува. Во ред е да се прати како и што се случува, но во моментот кога сакате да менувате нешто, тогаш детално прочитајте повеќе на темата. Јас на пример, така одлучувам за сѐ, од купување на нов компјутер, некој компјутерџиски геџет, па сѐ до промена на кариера. Моментално сум фокусиран да се специјализирам за технологиите кои ги работам, со акцент на Backend-от. Но, тоа не значи дека тука ќе застанам, туку дека ќе продолжам со надградување на моите вештини.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.