Запознајте го Стефан Рубелов – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање, на кој најголема страст му се предизвиците и решавањето на проблеми.

Со својата решителност и амбиција, Стефан ги надгради своите вештини и започна да работи како PHP Developer во компанијата Quantox Technology.

 

Си поразговаравме со Стефан за новото работно место и неговите студентски денови

 

Здраво Стефан! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Стефан?

Јас сум Стефан Рубелов, алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање, за себе можам да кажам дека сум личност која напредува само со предизвици и решавање проблеми. Настрана од програмирањето, во слободно време читам книги, возам точак или гледам филмови/серии.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Отсекогаш ме интересирало програмирањето и како функционира една веб-страница. Како за почетник без претходно искуство со програмирање, Full-Stack насоката ми изгледаше како најдобра опција за промена на професија и започнување на моето учење и откривање на IT светот.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Академијата беше позитивно искуство и можам да кажам дека ги исполни моите очекувања. Програмата на Академијата е одлична за почетник без претходно искуство со програмирање, да ги научи основите, да размислува чекор нанапред, да научи како да пристапи кон проблемот и негово решавање, како и да учи понатаму.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Како најинтересни би одвоил два модули, PHP и MySQL модулите. Со MySQL научивме како се структурира и менаџира една датабаза на податоци, што всушност е сржта на една веб апликација. А, во PHP модулот научивме како функционира една веб-страница, како се одвиваат безброј процеси за валидирање, обработување и зачувување на податоци во датабаза, и како сето тоа се случува во дел од секунда во позадина без да види корисникот. Некој специфичен предизвик не би можел да издвојам, секој модул и секоја недела учење нови работи си носеше и свои предизвици, но секој предизвик се надминуваше со труд и трпение.

 

Твојата кариера како PHP developer ја започна во компанијата Quantox Technology. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Како и со секоја компанија, сé почна со испраќање на CV на огласот (во случајов, за пракса). Потоа, по истекувањето на рокот за пријавување ме контактираа од компанијата и започна процесот на селекција. Прв чекор во процесот беше решавање на задачи/проблеми и одговарање на технички прашања. Потоа, имавме неколку интервјуа за запознавање и техничко интервју, по кое ме известија дека сум примен на праксата. Праксата траеше 3 месеци и по успешно завршување следуваше понуда за работа, која секако со задоволство ја прифатив.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?

Quantox е аутсорсинг компанија во областа на компјутерски софтвер, која потекнува од Србија, има канцеларии во 7 различни земји, и е на пазарот повеќе од 15 години. Нуди услуги за развој на мобилни апликации, back end програмирање, front end програмирање, веб дизајн, веб хостирање, со најновите и најсовремените технологии. Како работна околина е одлично место за да ги искористам своите способности да придонесам во успехот, и да продолжам да ги развивам своите знаења.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Секој работен ден започнува со кафе и музика, во меѓувреме ги проверувам мејловите и pull request-ите од претходниот ден, дали се одобрени или се потребни некои поправки во кодот, ако има потреба од поправки, почнувам со тоа, ако е сѐ во ред и кодот е одобрен за merge, тогаш почнувам со работа на нов тикет. Технологии со кои скоро секојдневно работам се: PHP, MySQL, jQuery, Laravel, Laragon, Postman, Docker и Git, и секако, Spotify.

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Без разлика дали имаат претходно искуство со програмирање или пак само некој интерес за светот на програмирањето или како функционираат веб-страниците, ако сакаат динамична работна околина и област која континуирано се развива и напредува, just go for it, нема да погрешите.

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Откога ќе го надградам своето знаење и искуство во back end програмирањето, би сакал да го искусам животот и културата во некоја држава во Западна Европа или во Скандинавија, па секако понатаму и низ светот.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!