Запознајте го Денис Ристовски – алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање кој со својата упорност и посветеност направи комплетна кариерна трансформација.

Пред завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање, Денис започна да ја гради својата кариера на практикантска позиција како Full-Stack девелопер во tech тим на Brainster.

 

Си поразговаравме со Денис за неговата улога во нашиот програмерски тим

 
Здраво Денис! Ти си наш алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање. Ние веќе те знаеме, но што би споделил со останатите? Кој е Денис?

Јас сум Денис Ристовски од Крива Паланка. По професија сум дипломиран економист, а неодамна и дел од tech тимот на Brainster. Слободното време сакам да го поминам со некоја партија фудбал.

 

Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Full-Stack програмер. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за овој тип на програмирање?

Желбата за програмирањето ми се појави можеби неколку месеци пред да се запишам на Академијата, а е резултат на тоа што сѐ повеќе луѓе од моето окружување веќе беа запишани или завршиле некоја од Академиите на Бреинстер. Така дојдов и јас. 

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за Full-Stack програмирање? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Изминатата година беше преубава и исполнета со многу предизвици. Имаше моменти кога мислев дека оваа Академија е премногу тешка за мене, но не се откажав. Во тој момент одлучив да вложам уште толку напор и на крајот можам слободно да кажам дека трудот се исплатеше.

 

По завршувањето на Академијата за Full-Stack програмирање започна на да ја градиш својата кариера на практикантска позиција кај нас во Brainster. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно?

Некаде пред крајот на Академијата добив понуда од Brainster во врска со тоа дали сум заинтересиран да започнам да работам како практикант. Истиот ден имав кратко интервју со Ивица каде што дискутиравме за условите и после два дена го потпишав договорот.

 

Што значи Full-Stack програмирањето за тебе?

Full-Stack програмирањето е исполнето со многу предизвици и секојдневно решавање на разни проблеми. Мене лично, најинтерсна ми е комуникацијата со Front-End делот на апликацијата, изработката на API рути преку кои колегите од Front-End ги храниме со информации да за може апликацијата да биде функционална.

 

На кое твое достигнување си најмногу горд во животот?

Самата понуда од страна на Brainster да почнам со пракса земајќи предвид дека сѐ уште ја немавме завршено Академијата, ми претставуваше огромно задоволство и чест што ќе бидам дел од нивниот тим.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Успешен програмер, дел од тим во кој ќе може постојано да се учи и да се надградува.

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувал сите оние кои допрва размислуваат за кариера како Full-Stack програмери и сакаат да преземат ваков чекор?

Огромната побарувачка на пазарот за Full-Stack програмери беше една од причините што ја запишав Академијата, а сите оние кои сѐ уште се размислуваат би ги советувал да не чекаат бидејќи Brainster е правото место за нив.



Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!