Запознајте го Дејан Стефанов – студент на Академијата за Full-Stack програмирање, кој со својата голема упорност и амбиција, реши и успеа да направи комплетна кариерна трансформација.

Сѐ уште е наш студент, а веќе започна да работи на посакуваната позиција како Full-Stack Web Developer во интернационалната компанија Scandiweb.

 

Си поразговаравме со Дејан за новото работно место и искуството на Академијата за Full-Stack програмирање

 

Здраво Дејан! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Дејан?

Здравo на сите! Ви благодарам на искрените честитки! Дејан е скромна личност од Кочани, дипломиран на УКИМ на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Поединец кој ужива во спорт, здрава храна, читање во областа на технологијата и астрономијата, личност со голема визија и упорност во животот.

 

Зошто баш Full stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Главната битка во мојата одлука се водеше помеѓу Full-Stack и Front-End програмирање. Пред да се одлучам и немав некое познавање од програмирање, па затоа потрошив доста време во однос на изборот на која академија да се вклучам. Изборот падна на Академијата за Full-Stack програмирање, бидејќи нејзината програма се содржеше од back-end програмирање заедно со солиден дел од Front-end делот, што мене перфектно ми одговараше.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Фактот дека за само 9 месеци поминати на Академијата успеав да направам кариерна трансформација и да се вработам, без било какво претходно познавање во областа на програмирањето, е факт кој говори сам по себе. Академијата ги надмина сите мои очекувања во секој поглед. Голема професионалност проследена со врвна  дисциплина, прецизност, чекор по чекор постапки, со видеа и материјали, многу проекти, пракса, работа на реални проекти. Посебно бев изненаден од ангажираноста и професионалноста на менторите и целиот тим на Brainster. Им благодарам уште еднаш на сите!

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најинтересен модул на почеток ми беше PHP back-end програмскиот јазик. Тогаш почнаа да се случуваат тие чудните и магичните работи при кликање на копчиња, пополнување инпут полиња, најави, регистрации, работи за кои многупати се чудев како и на кој начин функционираат. Потоа, на сцена стапи JavaScript и работите станаа уште поинтересни.

Најголем предизвик за мене беше една мала задача – апликација за регистрација на моторни возила и добро се сеќавам дека тогаш успеав да го пробијам ледот, народски кажано, во програмирањето. Бев многу горд на себе, после тој момент за мене не постоеше задача или проблем што не можев да го решам. Сум седел и по 12 часа на компјутер непрекинато, но секогаш успевав да најдам решение за било кој проблем. 

 

Твојата кариера како Web Developer ја започна во компанијата Scandiweb. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Процесот се одвиваше во четири фази. Првата фаза беше испраќање CV, мотивационо писмо и снимено видео од мене на кое требаше да прочитам текст на англиски јазик, бидејќи Scandiweb компанијата потекнува од Латвија и целокупната комуникација се одвива на англиски јазик. Потоа, добив задача, која навидум изгледаше многу лесна, но имаше многу принципи, правила и барања, но не бев временски ограничен, ниту пак надгледуван како ја решавам.

Откако го поминав делот со задачата добив HR интервју и техничко интервју кои беа во ист ден, едно по друго. HR интервјуто беше опуштено и интересно, додека техничкото интервју се состоеше од прашања и задача од областа на програмирање и програмските јазици кои ги владеам. Немаше никакви потешкотии бидеќи бев спремен. Следниот ден добив повик и ми беше понуден договор за работа.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија? 

Во главно оваа компанија се занимава со web development. Има многу богато портофолио на проекти и проекти за реномирани светски брендови како Puma, Walmart, JYSK, Mitsubishi, Ford, The New York Times итн. Исто така, имаат и многу сопствени софтверски брендови. Ако одиме поконкретно како компанија најмногу се насочени во делот на онлајн трговијата. Моментално најголем партнер им е Magento e-commerce платформата, која е во сопственост na Adobe корпорацијата.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Мојот работен ден почнува со шолја кафе и свежо исцеден сок во мојата домашна канцеларија, бидејќи работам од дома (remote). Потоа, следи вклучување на лап-топот и фаќање за работа. Моментално сум на платена обука, бидејќи користат многу апликации како и многу нивни сопствени софтвери. Обуката е целосно за работа со Magento кој има сопствена организациска структура на кодот, слична на МVC, но далеку погломазна и комплексна. Се користи во главно React, Docker, PHP OOP, ЈS и многу нивни сопствени иновативни софтвери и библиотеки кои моментално ги изучувам. Работата трае 8 часа со еден час пауза. 

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Мој совет е сите вие кои се двоумите дали можете и дали ќе успеете, да, можете и да, ќе успеете!!! Најголемата инвестиција во животот е инвестицијата во себе и во своите сопствени квалификации. Светот станува секој ден сѐ повеќе дигитализиран и зависен од технологијата. Чувството да работиш од дома е неопсиливо.

Сите вие кои тврдите дека „не ве бива за учење”, го тврдите тоа затоа што никогаш немате ни пробано да учите. Додека пак, сите вие кои се двоумите и имате надворешно влијание, дека годините ви се отидени и дека е доцна за преквалификација, сакам да ви порачам дека, и да имате 40 години, наредната година ќе бидете 41 без разлика дали сте завршиле Академија и сте направиле некоја преквалификација или не. Квалификуван поединец кој поседува знаење никој не го прашува колку години има. Томас Едисон имал илјада неуспешни експерименти. 1001 обид била сијалицата. Затоа, сакам да ве охрабрам сите доколку имате желба за преквалификација, фатете се за работа во моментов.

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Моите планови се непрекинато надградување, учење и усовршување, како и константно работење на сопствена апликација која ја имам замислено и сум сигурен дека ќе успее. Би сакал еден ден да гледам светски познати технолошки компании низ земјава. Ќе дадам сѐ од себе еден ден да дадам свој придонес во тоа.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!