It’s school time again! 🎓

Најверојатно се чувствувате малку возбудено за почетокот на новата учебна година и за предизвиците кои стојат пред вас, а можеби и малку тажно бидејќи на летото му дојде крај. Изреката на Лао Цу „Патот од илјада милји започнува со еден чекор“ совршено го опишува новиот старт бидејќи сите ние мора да го започнеме своето патување и да ризикуваме за да ја достигнеме својата цел или крајна дестинација.

Новите почетоци и полугодија секогаш носат убави и незаборавни искуства без разлика дали станува збор за целосна кариерна трансформација, унапредување на своите вештини, нова кариера или желба за учење на нешто повеќе.

Па така, новостите од месец август се однесуваат на: подобрување на искуството на нашите студенти и нивното вработување, новиот Hiring партнер на Brainster, претставувањето на инструкторите, проектите кои успешно ги завршија студентите и вработувањата со кои беа наградени.



 

  • 27 вработени студенти и 9 нови реални проекти

Во најтоплиот месец од летото, 27 од нашите студенти започнаа со работа  и програми за практикантство во домашни и интернационални компании, а беа реализирани 9 успешни реални проекти за нашите партнери за ко-иновации. Не постои летен распуст за посветеноста на тимот на Co-innovation & Hiring, кога станува збор за иновациите и грижата за вработување на студентите. Повеќе детали околу компаниите и процесот што го овозможи овој успех наскоро.

 

 

  • Writerity – нашиот јапонски партнер за вработување

Следни на листата на партнери ни е првата јапонска ИТ компанија која обезбедува услуги за web development, web advertising и system development во Скопје! Запознајте ги Writerity и Анастазија Сутоглу нивниот администратор за човечки ресурси. Партнерството со Writerity ни започна пред неколку месеци, како наши партнери за вработување тие моментално имаат 4 студенти од Академијата за графички дизајн кај нив на пракса. Прочитај повеќе.

 

 

  • Што прават нашите студенти по завршувањето на Академијата за графички дизајн?

Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најкреативните професии – графичкиот дизајн.  7 месеци, голема истрајност, напорна работа и многу учење беа потребни за Христијан, Тијана, Наталиа, Марија и Валериа да ги развијат своите вештини и да можат да влезат во светот на графичкиот дизајн како junior графички дизајнери. Нивното кариерно патување не завршува со завршувањето на оваа Академија, туку тие продолжуваат напред – да работат со полна пареа и да постигнуваат нови успеси. Прочитај повеќе.

 

 

  • Маркетинг стратегија за новата студиска програма на Стоматолошки Факултет

Како едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои не ја пропуштија можноста континуирано да си го надградуваат своето знаење и вештини, работејќи на реалните проекти предвидени во програмата се Ива, Симона и Памела. Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Дарко Булдиоски. Целта беше студентите да креираат целосна маркетинг стратегија за новата студиска програма на англиски јазик за Стоматолошки Факултет. Прочитај повеќе.

 

 

  • Модел за класификација на слики за Jägermeister – реален проект на Академијата за Data Science

Марија, Влатко, Филип и Александар се студенти од нашата Академија за Data Science, а воедно и едни од најдобрите студенти кои покажаа голема амбиција и интерес кон „играње“ со податоците и изработија успешни проекти. Како еден од реалните проекти на кој тие работеа е проектот за реалниот клиент – Jägermeister. Овој пат, тие имаа задача да изградат модел што ќе препознава фискални сметки или фактури од слика, како и вадење на текстот од таа слика. Мотивот на проектот е да се додели награда на најверните потрошувачи на Jägermeister. Прочитај повеќе. 

 

 

  • Едноставни чекори за креирање на одличен UX дизајн

Структурираниот UX дизајн процес, не само што им овозможува на корисниците пристапно и пријатно искуство, туку им овозможува на дизајнерите да ја тестираат и усовршуваат својата работа. Знаењето што всушност значи процесот, е првиот чекор во креирање на апликација во која корисниците ќе можат да уживаат. Во овој блог, ќе погледнеме неколку чекори за деконструирање на процесот на дизајнирање и како овој пристап можеме да го искористиме за да испорачаме најдобар UX дизајн. Прочитај повеќе.

 

 

  • Кариерни можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг

Во денешно време тешко е да се најде бизнис, без оглед на неговата големина, кој не инвестира во дигитален маркетинг, со цел да си помогне во промотивните напори кои ги прави. Бизнисите мора да дадат сè од себе за да бидат во чекор со брзите промени на пазарите и се соочуваат со предизвик да останат во чекор со технологиите и стратегиите за дигитален маркетинг кои постојано се развиваат и се достапни за нив. Прочитај повеќе.

 

 

  • 5 причини зошто да започнеш да учиш JavaScript

Нашиот инструктор Никола Кусибојоски кој го предава модулот JavaScript на Академијата за Full Stack програмирање, одвои 5 причини зошто секој што сака да научи програмирање, треба да започне со учење на JavaScript. Прочитај повеќе.

 

 

  • Започна серијалот „Запознајте ги инструкторите“

Ги претставивме инструкторите кои предаваат на Академиите на Brainster, како и нивните омилени книги, хобија, а исто така и го раскажавме нивното професионално искуство. Прочитајте повеќе и запознајте ги нашите инструктори!

  1. Академија за UX/UI дизајн: Јане Наумоски, Мартин Теновски и Горјан Јовановски;
  2. Академија за дигитален маркетинг: Дијана Десподов, Ива Дујак и Дарко Булдиоски;
  3. Академија за графички дизајн: Иван Дургутовски и Клелија Живковиќ;
  4. Академија за Data Science: Ивона Ристова и Игор Трпевски;
  5. Академија за Front-End програмирање: Огнен Бендевски;
  6. Академија за Full-Stack програмирање: Симеон Здравески;
  7. Академија за Software Testing: Билјана Веселиновска и Биљана Велинова.

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Драган, Ангела и Наталија, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.

 

До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️