Jане е роден во Охрид, во далечната 1983 година, на 18 aвгуст, во семејството на Ефимија и Борис Наумоски. Своето детство го поминува играјќи во дворот од семејната куќа со своерачно изработени играчки и во измислени игри. Притиснат од општеството, почнува да се дружи со други и сфаќа дека животот околу добри луѓе е многу побогат и позабавен. Неговото работно искуство започнува на млада возраст, работејќи сезонски, на брегот од Охридското езеро: од продавач на сладолед, до шанкер во познат хотел во Охрид.
Првото сериозно работно искуство го стекнува во интернет кафе во 2000 година, држејќи прва и втора смена, бидејќи за трета е многу млад. Тогаш го сфаќа потенцијалот на интернетот и почнува да се одвикнува од пороците mIRC, форуми и ICQ и да се посветува на својата иднина, учејќи различни вештини како вмрежување и програмирање. Во Фотошоп се заљубува во втора година на факултет, по што започнува да го трасира патот кон дизајнот и да се гради како дизајнер. Првата веб-страница ја прави во табели, бидејќи не знае за float.
Заљубен во струката, (екс) аматерски фотограф, страствен гејмер, старател на Киану – најубавото куче на светот, голем мераклија за готвење и пиење пиво, металец и Марвел фан.
Запознајте го Јане – инструкторот на нашата Академија за UX/UI дизајн
Име и презиме: Јане Наумоски
Академија: Академија за UX/UI дизајн
Модул: Design и UI
Професија: UX Lead
Искуство: 12 години
Зошто баш UX: Кога почнав да дизајнирам, UX како професија не постоеше; подоцна, природно се посветив на UX, и тоа со цел да им го подобрам искуството на луѓето кои ги користат продуктите кои ги дизајнирам. Нема поголемо задоволство од среќни корисници.
Хоби: Готвење и гејминг
Омилена книга: Hitchhiker’s guide to the galaxy
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!