Дарко Булдиоски е еден од нашите инструктори на Академијата за дигитален маркетинг. Тој е основач на NewMediaMK – креативна агенција со фокус на дигитални комуникации, програмски директор на AllWeb конференциите, иницијатор на decal.mk и виновник за komunikacii.net. Активно работи во полето на новите медиуми повеќе од 15 години. Тој е (не Титов) пионер кога локално и регионално се зборува за блогови, подкасти, социјални медиуми, дигитален маркетинг. Предава на тема дигитал уште од 2007г. Слуша „тешка“ музика, мисли дека игра баскет, вози мотор и најмногу од сѐ сака да стане јутјубер. 🙂
Име и презиме: Дарко Булдиоски
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Модул: Google Analytics ; Client relations & account management
Професија: Маркетер, бизнис лидер, татко, моторџија
Искуство: 15 години
Зошто баш дигитален маркетинг: Затоа што цело време се менува.
Хоби: Мотори, баскет
Омилена книга: Зоки Поки
Омилен цитат: „Ако не може да се заврши за една вечер, не може да се заврши воопшто!“
Оценка од студенти: 4.77
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!