Во денешно време тешко е да се најде бизнис, без оглед на неговата големина, кој не инвестира во дигитален маркетинг, со цел да си помогне во промотивните напори кои ги прави. Бизнисите мора да дадат сè од себе за да бидат во чекор со брзите промени на пазарите и се соочуваат со предизвик да останат во чекор со технологиите и стратегиите за дигитален маркетинг кои постојано се развиваат и се достапни за нив.
Како резултат, буџетите за дигитален маркетинг се зголемуваат со двоцифрен пораст од година во година и се предвиде дека ќе се достигне вкупно глобално трошење на 306 милијарди до крајот на 2021 година, одржувајќи го полето на дигиталниот маркетинг уште повеќе предизвикувачко и возбудливо.
Што всушност претставува дигиталниот маркетинг?
Па, не далеку од она што можете да си го замислите или пак го знаете како традиционален маркетинг: бизниси или организации кои се поврзуваат со својата публика за да ги промовираат своите брендови, услуги и/или производи, идеално приближувајќи ги до нив за да ги купат, водејќи ги низ патот на купувачот.
Сепак, бидејќи потрошувачите постојано поминуваат голем дел од времето на интернет, маркетерите ги менуваат своите промотивни напори за да ги запознаат и да се сретнат со потрошувачите каде што се наоѓаат. Така, дигиталниот маркетинг излезе во прв план, со стратегиите за маркетинг кои опфаќаат различни социјални мрежи и канали, search engines, e-mail, online публикации и други клучни деловни страници.
Денес, полето на дигиталниот маркетинг е поинтересно од кога било и содржи широк спектар на знаења и множества на вештини. Привлечен е за оние коишто се сметаат себеси за креативни личности, како и за оние кои имаат повеќе аналитички или технички умови. Кариерата во дигиталниот маркетинг вклучува микс од посакуваните вештини за да се биде успешен во оваа област – како што се анализа на податоци, експертиза за софтвер за автоматизација и UX/UI, претставено во извештајот „Altimeter State of Digital Marketing Report.“
Кариерни можности кои ги нуди дигиталниот маркетинг
Иако сетот на вештини коишто се барани од специјалистите за дигитален маркетинг, се огромни и разновидни, обично не се очекува дека една единствена личност ќе може да работи и ќе ги поседува сите овие вештини. Наместо тоа, во дигиталниот маркетинг има различни насоки каде што може да се изгради кариера и често се состои од различни улоги и одговорности што опфаќаат области како што се:
- Content маркетинг;
- Social Media маркетинг;
- E-mail маркетинг;
- SEO;
- SEM;
- Маркетинг автоматизација.
Content маркетинг
Контент маркетинг или маркетингот на содржина го опфаќа процесот на креирање и дистрибуција на конзистентна, вредносна и привлечна содржина во вид на е-пошта, блогови, видеа, реклами, објави на социјални мрежи – до јасно дефинирана публика.
Работата на менаџерот за маркетинг на содржина е да одлучи кои видови на содржина најмногу ќе одговараат за клучната публика и да направи публиката да се задржи и враќа за повеќе. Овие видови на маркетери работат со членовите на нивниот тим со цел да одлучат како да користат или пренаменуваат парчиња на содржина за да одговараат на различните дигитални канали што ги користи бизнисот, осигурувајќи се дека креираната содржина има долг рок на траење и достигнува што е можно повеќе следачи.
Social Media маркетинг
Платформите на социјалните медиуми како што се: Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn се достапни на користење на дигиталните маркетери за да можат да ги промовираат нивните брендови, да генерираат следбеници и сообраќај кон нивните веб страници за идната генерација на лидови.
Улогата на менаџерот за маркетинг на социјални медиуми е да одреди кои платформи на социјални медиуми се најпогодни за публиката на компанијата, каква содржина треба да се споделува, во кој временски период од денот и кои теми ќе ги интересираат следбениците, базирано на следење на разговорите преку специфични клучни зборови, фрази или хаштагови. Социјалните медиуми се возбудливиот дел од дигиталниот маркетинг за луѓето што се нови во оваа област, а нивните карактеристики и опции постојано се менуваат и прошируваат.
E-mail маркетинг
Е-поштата е друг канал што дигиталните маркетери можат да го користат за да стигнат до своите потенцијални клиенти. Ако се употребува правилно, им овозможува на менаџерите на e-mail маркетингот, стратегиски да испраќаат е-пошта која ќе се издигне над „бучавата“ од преполни inbox сандачиња и да обезбеди релевантен и персонализиран допир до претплатниците.
E-поштата може да има многу форми како што се месечни билтени, промоции на настани, совети и трикови, едукација, попусти за празници. Е-mail маркетингот често служи за да ги насочи претплатниците кон веб страницата на компанијата, со надеж дека ќе остварат некоја акција. Е-поштата е испробан и вистински дигитален маркетинг метод кој секогаш ги подобрува и предизвикува дигиталните маркетери да се снаоѓаат подобро, осигурувајќи дека e-mail маркетерите остануваат предизвикани, а претплатниците се информирани и ангажирани.
SEO & SEM
Иако е потребно дигиталните маркетери да развијат солидна стратегија за маркетинг содржина, за нив е исто толку важно да ги оптимизираат своите содржини и веб страници за пребарувачите, бидејќи пребарувачите се првото место коешто го користат луѓето за да ги најдат потребните информации. Дигиталните маркетери имаат воведено разни техники за оптимизација (Search Engine Optimization) за да го подобрат нивното рангирање на нивната содржина на пребарувачите како Google. Работата како SEO може да биде работа со полно работно време. Задачата на SEO менаџерот е да обезбеди оптимизација на содржината и на веб страниците колку што е можно повеќе и да се прилагодат на барањата за постојано менување на алгоритмите на пребарувачот, како што е PageRank на Google.
Pay Per Click (PPC) маркетингот го носи SEO-то еден чекор понапред, применувајќи многу основни аспекти, но нудејќи содржина преку дигитален оглас на пребарувачот, на кој гледачите кликнуваат за пристап. Огласувачите се наплатуваат за секој клик на рекламата, па од тука и името на практиката. Ставањето на пари зад овие реклами, дава поголема шанса да се види рекламата со содржината. Менаџерите на PPC се ангажирани да утврдат кои клучни зборови ќе асоцираат на рекламата, колку од буџетот ќе се распредели на рекламната кампања и која содржина ќе се промовира како дел од самата реклама.
Маркетинг автоматизација
Опциите коишто им се достапни на маркетинг професионалците постојано продолжуваат да се развиваат, кампањите стануваат сѐ пософистицирани, па така мора и технологиите кои се користат да ги одржуваат. Маркетинг автоматизацијата значи можност за користење на софтвер за автоматизирање на маркетинг операциите што во спротивно би се правеле мануелно. На пример, маркетинг автоматизацијата може да им овозможи на дигиталните маркетери да поставуваат процеси на нивните различни маркетинг алатки за автоматски да се испраќаат пораки за добредојде до нивните нови претплатници на билтени или па, закажување на дневни објави за социјалните мрежи. Менаџерите на маркетинг автоматизацијата соработуваат со многу од горенаведените улоги и се најефикасни кога ќе можат целосно да ги искористат своите креативни и аналитички атрибути.
Приходите на дигиталните маркетери изминатата година
Дигиталниот маркетинг има многу насоки, но без разлика во која насока се движите оваа сфера е многу побарувана, а приходите се директно усогласени со побарувачката на маркетери. Според “Mondo’s 2020 Tech, Digital Marketing, & Creative Salary Guide” дигиталните маркетери можат да заработуваат $60,000 USD како почетна плата во повеќето области од дигиталниот маркетинг, напредувајќи (дури до $110,000 USD) додека ја градите вашата кариера. Секако, ова варира во различни региони и дисциплини, со повеќе технички улоги кои се стремат да се усогласат со поголема заработка.
План за кариера во дигитален маркетинг
Влезот во сферата на дигиталниот маркетинг е возбудливо искуство и ќе стане сѐ повозбудливо со текот на времето, бидејќи технологијата продолжува да напредува. Доколку се сметате заинтересирани да направите кариерна трансформација во сферата на дигиталниот маркетинг, не плашете се да истражувате и откривате различни начини како да навлезете во една од најкреативните професии на денешницата. Ќе откриете дека постојат голем број на ресурси во кои можете да инвестирате за да ја постигнете вашата цел. Без разлика дали неодамна сте завршиле средно училиште, факултет или пак менувате кариера, дигиталниот маркетинг ќе направи да го искористите целиот ваш потенцијал во наредните години.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!