Драган Миланковски е алумни од Академијата за Full-Stack програмирање кој веднаш по неговото завршување започна да работи на практикантска позиција во Piksel, за неколку месеци подоцна неговата пасија за програмирање да биде наградена со договор за работа како Full-Stack Developer.
Во продолжение, си поразговаравме со Драган за неговите студентски денови и новото работно место
Здраво Драган! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Драган?
Јас сум Драган Миланковски – алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање на Brainster. За себе можам да кажам дека сум човек кој сака константно да се надградува и да учи нови работи. Исто така, уживам во справување со предизвици и пронаоѓање на решенија. Своето слободно време го поминувам во прошетка на моите кучиња, дружба со пријателите, играње Dota и гледање филмови.
Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?
Бидејќи процесот на развивање на веб страни и апликации отсекогаш ме интересирал, бев заинтригиран да се запознам со оваа професија. По една година истражување и изучување на видеа и материјали за алатките кои се користат во web development, одлучив да се приклучам на Академијата за Full-Stack програмирање во Brainster. На Академијата се запознав со технологиите кои се користат за web development и ми претставуваше задоволство и предизвик целиот процес на учење. Со тоа се решив дека ова е професијата каде што сакам да ја градам својата кариера.
Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?
Искуството како студент на Академијата за Full-Stack програмирање би го оценил како позитивно. Мое мислење е дека програмата ги задоволува потребите за секој со доволно труд и желба за учење да може да го започне својот пат и да влезе во водите на програмирањето. Доколку посветено се учи и работи на сите проекти и предизвици во текот на целата Академија, успехот мислам дека е неизбежен. И со тоа, секако да, моите очекувања се исполнети и успешно направив кариерна трансформација.
Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?
Тоа би било тешка одлука помеѓу Laravel и JavaScript. Има премногу интересни опции што можат да се искористат и научат кај двете технологии. Предизвиците во текот на целата Академија можам да кажам дека беа во согласност со материјалот што го учевме, а јас се трудев да бидам во чекор со предавањата и поради тоа не се сретнав со некој тежок предизвик кој би имал проблем да го надминам. Во секој случај, тука би го спомнал Хакатонот, кој беше едно многу добро искуство на групна работа, што на некој начин малце ни даде претстава за тоа што нѐ чека после Академијата кога ќе се најдеме во работна околина на реални проекти.
Твојата кариера како Full-Stack девелопер ја започна во компанијата Piksel. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?
По аплицирањето на отворената позиција за практикант, ме контактираа од Piksel за да закажеме интервју. На интервјуто ми поставија прашања во врска моето познавање на технологиите кои ги изучував во Brainster и неколку прашања во врска со моите амбиции и понатамошни планови за мојата кариера во оваа област. По неколку дена од интервјуто, ме контактираа да ми соопштат убави вести, дека им се допаднале моите одговори на прашањата и дека би сакале да започнам да работам на практикантска позиција во нивната компанија.
Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?
Кратко по завршувањето на Академијата започнав со пракса во компанијата Piksel, каде по завршувањето на праксата ми беше понудена работна позиција како Full-Stack Developer која со задоволство ја прифатив. Piksel е македонска компанија која се занимава со развој на софтвер/веб страници и дигитален маркетинг, и е на пазарот 8+ години.
Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?
Во текот на работниот ден, работам на тасковите кои ми се зададени. Задачите се однесуваат на развивање и одржување на веб страни за клиенти каде употребувам различи технологии во зависност од потребите за конкретниот проект. Работам во многу позитивна и хармонична атмосфера, со колеги кои се навистина тимски играчи и од кои има што да се научи. Во справување со овие задачи, користам дел од технологиите кои ги изучував на Академијата на Brainster, меѓутоа изучувам и нови.
Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?
Доколку сегашната кариера не ги исполнува нивните очекувања, не се задоволни со тоа што го работат и доколку имаат пасија и желба кон програмирањето, топло им препорачувам да ги преземат сите потребни чекори со кои ќе се здобијат со знаењето потребно за да ја започнат својата кариера во светот на програмирањето. И тука, секако би ја препорачал Академијата на Brainster, затоа што има навистина добра програма и инструктори кои несебично го пренесуваат своето знаење.
И за крај, кои се твоите планови за во иднина?
Во секој случај, да продолжам да ја работам оваа професија, затоа што тука се пронајдов, со тоа што постојано ќе се надградувам и ќе ги прифаќам сите предизвици. Сакам да го збогатам моето знаење со нови технологии кои се користат во програмирањето и да бидам во постојан чекор со новите случувања од оваа област.
На Академијата за Full Stack програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го твоето место на време!