Билјана Веселиновска е инструктор на нашата Академија за Software Testing, која ги предава модулите: REST API Testing, Performance Testing & Career. По професија магистер по електротехника и информациски технологии од областа комуникациски и информациски технологии, веќе неколку години работи како QA инженер. Моментално вработена како Lead QA инженер задолжена за дефинирање, имплементација и мониторинг на процесот на тестирање во рамките на проект за развој на софтвер на продукт од fintech индустријата, дефинирање на стратегијата за тестирање, како и кариерниот развој на членовите на QA тимот.
Разноликоста на нејзиното искуство, како во поглед на бројните продукти од различни бизнис домени, така и во поглед на технологиите и алатките со кои се среќава, но што е уште поважно – соработката со секакви профили и карактери од индустријата за развој на софтвер, спонтано ја доведоа и до овој предизвик – да се реализира во улогата на ментор. Пренесувањето на знаењето навистина ја исполнува, а најмногу ја радуваат првите вработувања на студентите во индустријата бидејќи добро знае колку напорно работеле заедно за да успеат да ги остварат своите цели!
Запознајте ја Билјана – инструктор на нашата Академија за Software Testing
Име и презиме: Билјана Веселиновска
Академија: Академија за Software Testing
Модул: REST API Testing, Performance Testing & Career
Професија: QA Инженер
Искуство: 7 години
Зошто баш Software Testing: Бидејќи квалитетот на еден софтвер и задоволството на клиентите се секогаш на прво место.
Хоби: Читање книги, музика, филм
Омилена книга: The Road Less Traveled – Scott M. Peck
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!