Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите. 

Секој месец избираме по еден студент од секоја Академија – студент што се истакнува како најпосветен и најупорен, и како таков ќе биде дел од Dream Team-от.

 

Напорната работа секогаш дава добри резултати. Запознајте ги нашите Dream Team студенти за месец јули:

 

Стефан Рубелов – студент на Академијата за Full-Stack програмирање



Мотивација пронаоѓам во тоа што константно сакам да вложувам во себе со цел да се изградам како подобра личност и секако како подобар девелопер, па да го пренесам тоа знаење во секојдневието, и секако на работно место, каде би придонесувал во тимот и мисијата на фирмата. Завршувањето на Академијата очекувам да ми биде како отскочна даска во ИТ светот и со тоа да почнам да ја градам својата кариера. Да се пронајдам на работно место каде што ќе знам дека мојот труд ефикасно ќе можам да го применам и ќе има двострано задоволство. Од инструкторите посебно ќе ги издвојам Анастасија и Ивица. Анастасија ми ги постави темелите за кодирање, а од Ивица научив како да се размислува неколку чекори однапред. Исто така, Никола и Дениз, од нив научив безброј трикови и shortcuts кои секојдневно ги користат искусните девелопери за поголема продуктивност. За 5 години се надевам ќе бидам позади екран во некоја фирма каде што ќе го надградувам своето знаење и истото ќе го претварам во код.“ – ни кажа Стефан

 

Ана Големџиски – студент на Академијата за Software Testing



Кога размислувам за тоа што ме мотивира и инспирира во мојот професионален и приватен живот, тоа се моментите кога сум соочена со можноста да научам нешто ново. Сметам дека во ова динамично време во кое живееме, од особено значење е постојано да се надградуваме и предизвикуваме себеси, да излеземе од нашата “comfort” зона, ако сакаме да напредуваме во нашите кариери и да развиеме нови вештини. Најинтересната работа што ја научив на Академијата е дека еден добар софтвер тестер покрај техничките познавања треба да поседува доста меки вештини, т.е. да има истражувачки дух, да се сомнева во сѐ што е нејасно и да има добро око за детали коешто понекогаш може да е клучно за успешноста на еден проект.  Едно големо благодарам до сите инструктори до сега бидејќи секој од нив на свој униктен начин успеа да ни ги пренесе своите досегашни искуства и знаења преку навистина интересни предавања, вежби, и работа на реални проекти. За 5 години се гледам како успешен софтвер тестер, во некоја голема ИТ компанија овде или во странство каде ќе имам можност да ги применам сите новостекнати знаења преку работа на реални проекти во ИТ секторот.“ – ни кажа Ана

 

Петар Урџанов – студент на Академијата за Data Science



Со оглед  на тоа дека немам претходно искуство во областа, интересно ми е сѐ. Ме импресионираше едноставноста и моќта на SQL Server, чудо е што сè може да се открие со неколку реда код. Power BI со визуелизациите исто така остава без зборови. Сега почнуваме со Python, па ќе видиме што понатака. По завршувањето на оваа Академија очекувам да бидам мал, но значаен дел од Data Science „мозаикот“. За 5 години сакам да бидам во просторија во која нема да мора да носам маска, работејќи во некое поле на Data Science. Сите инструктори се експерти во својата област. Би го издвоил Марјан Пушев – инструкторот пo SQL Sever и Data Warehouse. Човекот ја има цела таа проблематика во малиот прст и најважно од сѐ знае да ја пренесе на многу лесен, разбирлив и едноставен начин. Aлександар Бошевски од PowerBI модулот е исто така страшен професионалец. DAX јазикот е прилично комплициран и Александар секогаш е тука за сите прашања што се јавуваат во врска со неговото правилно користење, дури и по завршување на модулот.“ – ни кажа Петар

 

Елена Столеска – студент на Академијата за Front-End програмирање



„Најмногу ме мотивира влегувањето во една нова професија која е исполнета со динамична работа и многу нови предизвици. Секој нов проект е предизвик сам по себе, а решавањето на проблемите е навистина интригирачки. Најинтересната работа што ја научив на Академијата е всушност, целиот процес на решавање на еден проект, односно поставување на скелетот на проектот, разглобување на проектот на делови и решавање дел по дел, сѐ додека не се добие посакуваниот резултат со сите потребни функционалности. По завршувањето на Академијата очекувам да го применам стекнатото знаење во реалноста и да продолжам да учам и да се надградувам во оваа индустрија. За 5 години сакам да бидам успешен front-end девелопер со богато порфолио на проекти зад себе, задоволна за одлуката која сум ја донела денес. Благодарна сум на секој од инструкторите бидејќи сите безрезервно го споделија нивното знаење со нас и ни беа максимална поддршка во процесот на учење.“ – ни кажа Елена

 

Стефан Зафировски – студент на Академијата за UX/UI дизајн



„Сакам да креирам нешта што се употребливи, кои имаат одредена функција и го олеснуваат животот на луѓето. Нема поголемо задоволство од можноста да го видиш влијанието на тоа што го работиш врз корисниците, а UX/UI го овозможува токму тоа. Покрај тоа што совладувањето на софтверските алатки беше забавно и процес во кој уживав, за мене подеднакво значење имаше и совладувањето на т.н. меки вештини. Оваа професија бара тимска работа, комуникација со клиенти и работа во тим со луѓе кои имаат свои гледишта и решенија за проектот. Како идни дизајнери учиме како да ги продадеме нашите идеи, концепти и дизајни пред нашите клиенти. По завршувањето, очекувам да се стекнам со знаење како да креирам целосно дигитално решение, подготвено за девелопмент, а уште поважно да научам инстинктивно да размислувам како UX дизајнер. Brainster има оформено многу квалитетна група на инструктори, а пред сѐ докажани професионалци во својата професија. За мене часовите кај Барбара, каде што учев за research методите беа клучни да ми потврдаат дека го правам вистинскиот избор на кариера. Од друга страна, периодов со Јане кога проектот на кој работиме веќе добива финален изглед со постојаните итерации и подобрувања кои ги правиме, проследени со клучни совети и мали „tips and tricks“ што ни ги дава се непроценливи.“ – ни кажа Стефан

 

Јелена Стојковиќ – студент на Академијата за дигитален маркетинг



„Ме мотивира огромната желба постојано да учам нови работи, предизвик ми е да научам нешто ново со кое претходно не сум имала допирни точки. Најинтересната работа што ја научив на Академијата е да креирам landing page. По завршувањето, очекувам да работам маркетинг и да ги користам сите алатки кои ги научив. Најмногу ми оставија впечаток инструкторите Марко Ивановски и Златко Матески, пред сѐ супер личности, а и секогаш на располагање за сите прашања и супер респонзивни, браво!“ – ни кажа Јелена

 

Марко Михајловски – студент на Академијата за графички дизајн



„Ако би издвоил нешто, би ја издвоил љубопитноста како најголем мотиватор за постојано учење. Најинтересната работа што ја научив на Академијата е искуството од прва рака на менторите со нивните клиенти, и споделувањето на нивниот мисловен процес и решавањето на проблемите додека дизајнирале некој проект. По завршувањето, очекувам добро познавање на софтверите за дизајнирање. Најголем впечаток ми оставија Иван и Бане, со оглед на тоа дека најмногу време имаме поминато заедно.“ – ни кажа Марко

 

Ова се студентите кои покажаа ентузијазам, иницијатива и пронајдоа нови начини да бидат инволвирани за време на заедничките активности. Со видна креативност и самодисциплина, ги користеа своите инстинкти за совладување на проблемите независно, но и покажаа конзистентна соработка со инструкторите и останатите студенти. Останаа фокусирани на сè што им беше зададено, при што покажаа и транзиција без проблем помеѓу активностите во Академијата и надвор од неа, а исто така, останаа и посветени за достигнување на нивниот потенцијал. Нивните проекти и задачи ги извршија комплетно, уредно и со неверојатна организација со што ги надминаа и нашите очекувања.

На крај, сакаме да им кажеме фала на студентите од Dream Team-от кои ни овозможија да го извршиме нашиот дел како ментори, бидејќи иако нашата работа е да создадеме средина погодна за учење, вие создадовте средина погодна за предавање. 

 

Уписите за Академиите се во тек, резервирај си место тука!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА