Запознајте ги инструкторите – Биљана Велинова

Биљана е инструктор и ментор на нашата Академија за Software Testing. Таа е дипломиран инженер по електротехника и информациски технологии со насока телекомуникации, но, по дипломирањето, започнува пракса во областа на Software Testing, што го одлучува нејзиниот кариерен развој до денес.

Како Junior Software Tester, Биљана ја согледува важноста на имање добар менаџер, па подоцна, како Senior QA Engineer, со задоволство ја прифаќа задачата да ги менторира новите колеги и идните софтвер тестери. Покрај менторството, ужива во градење на тестинг стратегии, анализа на кориснички барања и дефекти, и изнаоѓање нови пристапи за тестирање. Во моментов работи за Humanity Inc, стартап во областа на HealthTech.  

 

Запознајте ја Биљана – инструктор на нашата Академија за Software Testing

 

Име и презиме: Биљана Велинова

Академија: Академија за Software Testing

Модул: Manual Testing

Професија: QA Инженер

Искуство: 8 години

Зошто баш Software Testing: Бидејќи е фундаментален процес во развојот на доверлив софтверски продукт кој ќе ги задоволи потребите на корисниците.

Хоби: Астрономија, Aerial Arts, планинарење

Омилена книга: The Magic of Reality: How We Know What’s Really True – Richard Dawkins

Омилен цитат: „Аdding manpower to a late software project makes it later.” 

Оценка од студенти: 4.85
 
 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.