Ангела Тодоровска е алумни студент од нашата Академија за дигитален маркетинг која изминативе месеци напорно работеше, посветуваше големо внимание на програмата, успешно изработи реални проекти и на крај нејзиниот труд беше награден со вработување во компанијата iOlite Hub како Social Media Manager.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Ангела за нејзиното кариерно патување

 

Ангела, едно кратко интро за тебе би изгледало вака: 6 месеци напорна работа, многу труд и учење, работа на реални проекти и целосно совладана програма крунисана со вработување во компанијата iOlite Hub.
Како би го опишала ти ова искуство?

Нов предизвик. Возбудливо, интересно и тотално нешто ново за мене. Се посветив 100% поради тоа што знаев дека ќе води до мојата нова кариера, а еве и до моето прво вработување. Кога некој би ме прашал минатата година ова време, каде ќе сум за една година… никогаш не очекував дека ќе бидам овде. Не погрешив ни за миг!

 

Како се појави желбата за промена на кариера од професионален спортист во дигитален маркетер?

Желбата за промена на кариера се јави дефинитивно со тек на време, како и многу читање и информирање за токму ваквите програми што ги нуди Brainster. 

 

Познато е дека програмата на Академијата е супер интензивна, но дали реално очекуваше толку брз напредок во дигиталниот маркетинг имајќи предвид дека немаше претходно искуство?

Потребно ми беше за брз временски период да завршам курс, а оваа интензивна Академија ми го овозможи токму тоа. Не очекував толку брзо да научам сѐ и да влезам во овој свет, но кога нешто е толку многу интересно и постојано динамично… претпоставувате. 🙂

 

Како ти е на новата работна позиција како Social Media Manager? Кој ти е омилен дел од твојата работа? 

Одлична. Никогаш не очекував дека ќе можам да работам од дома. Мислам дека тоа ми е омилениот дел.

 

Кој модул ти претставуваше најголем предизвик?

SEO. Ги обожавав деталите и се посветив малце повеќе од останатите модули.

 

За време на Академијата, постојано работевте на реални проекти. Како тие придонесоа да ги стекнете вештините кои се потребни за започнување кариера како маркетери?

Можеби тој проект беше и клучен за мене поради тоа што немав никаков реален проект претходно. Одлично искуство, ми помогна многу кога стана збор за моето CV.

 

Според тебе што е потребно за успешно да се совладаат предизвиците што произлегуваат на оваа Академија?

Голем интерес и многу research на страна за уште подобро да се совлада сѐ. 

 

За крај, што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

DO IT. Никогаш нема да се покаете. Дигиталниот свет не застанува. 🙂

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа 

 

Како до 1.000.000€? 🤫