Запознајте ги нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн кои покажаа голема упорност и посветеност на предавањата додека работеа на реалните проекти. Тие се амбициозни и љубопитни личности кои имаат пасија за учење и сакаат да растат во една од најкреативните професии – графичкиот дизајн. 

7 месеци, голема истрајност, напорна работа и многу учење беа потребни за Христијан, Тијана, Наталиа, Марија и Валериа да ги развијат своите вештини и да можат да влезат во светот на графичкиот дизајн како junior графички дизајнери. Нивното кариерно патување не завршува со завршувањето на оваа Академија, туку тие продолжуваат напред – да работат со полна пареа и да постигнуваат нови успеси. 

 

Прочитајте што ни раскажаа нашите алумни студенти од Академијата за графички дизајн за нивното искуство по завршувањето на оваа Академија

 

 

Раскажи ни за некој проект и целиот процес на дизајнирање на кој имаш работено и си посебно горд за своето достигнување?

Христијан: Посебно сум горд на проектот кој го работев за Бучен Козјак – станува збор за дизајн на амбалажа за млеко. Кога дознав дека ќе работам на ваков тип на дизајн (дизајн на реален продукт) кој секојдневно ќе го гледам јас и потрошувачите на Бучен Козјак, знаев дека предизвикот ќе биде голем, но сепак бев екстремно мотивиран да успеам и да изнесам решение кое ќе биде прифатено.

Тимот на Бучен Козјак беше јасен во своите барања и очекувања – побараа дизајн кој ќе биде едноставен, но сепак интересен. Во денешно време луѓето немаат време да посветуваат внимание на комплексни дизајни, па целта беше дизајнот да е минималистички, а сепак да го истакнува квалитетот на една фирма каква што е Бучен Козјак. Предизвикот беше успешно завршен и амбалажата веќе го доловува вкусното и здраво млеко на Бучен Козјак. 

 

 

Што сѐ е потребно за да се биде добар графички дизајнер?

Тијана: Пред сѐ, желбата и мотивацијата за надградување на себеси како дизајнер, а воедно и како личност, е клучна за да станеш добар графички дизајнер. Исто така, многу важен дел од ова искуство е постојаното дизајнирање на нови работи и учење од сопствените грешки. Верувам дека сите креативци наоѓаат најразлични начини за да се изразат себеси најдобро што можат, па затоа една од работите што најмногу ми се допаѓа е што постои широк спектар на најразлични видови на дизајни, па секој може да се пронајде онаму каде што се чувствува најубаво. Најважно од сѐ, треба да ги искажуваме нашите чувства и емоции преку дизајнот, тоа нѐ прави не само добри, туку и уникатни графички дизајнери.

 

 

На какви проекти и со кои техники и алатки уживаш да работиш?

Наталиа: Одлуката да се запишам на графички дизајн претставуваше голем чекор, со оглед на тоа што немав претходно познавање во оваа област, но љубовта кон уметноста и желбата да започнам кариера во која можам да ја изразам својата креативност беа главните причини кои ме натераа да го направам истиот. Благодарение на менторите од Академијата кои несебично го споделуваа своето знаење, научив многу круцијални нешта за дизајнот, па така веднаш по завршувањето на Академијата започнав со пракса во Writerity како видео дизајнер.

Покрај Illustrator, InDesign и Photoshop, во последно време се трудам да ги научам и останатите програми на Adobe, како што се After Effects и Lightroom, така што работам на многу различни проекти, од изработка на илустрации и логоа до анимирање на видеа. Процесот на совладување на секоја од овие програми е предизвик сам по себе, па затоа пред сѐ е битна желбата за осознавање на нови работи, како и да се биде упорен и посветен за постигнување на таа цел.

 

 

Каква е динамиката сега кога си вработена како full-time графички дизајнер? Како изгледа еден работен ден на еден дизајнер?

Марија: Во нашата компанија, дизајнот не е примарна услуга, туку е составен дел на маркетингот. Затоа, за мене беше неизбежно да се интересирам и за работи коишто се многу поразлични од научените дизајн принципи и актуелните брзо-променливи дизајн трендови. На работното место многу ми е важно да ја следам работата на колегите, бидејќи дизајн – стилот што моментално го работам бара постојана комуникација со останатите членови на тимот и индиректно, со клиентот.

Најголем дел од моите секојдневни задачи вклучуваат изработка на креативи за социјални медиуми, претежно за Facebook и Instagram. Но, најголема гордост досега ми е постерот што го дизајнирав за нашиот клиент, голем ланец маркети, и истиот го пронајдов испечатен и изложен во маркет, кога бев на пазарување. Не е лесно, не затоа што немам доволно знаење, туку затоа што ми недостасува искуство. Но, со секој поминат ден на работа, чувствувам како развивам свој стил и постепено го расчистувам хаосот во главата што го имав на почетокот. Вистина е дека само со силна волја и напорна работа се постигнува квалитет. А возбудата од успешно завршената работа во комбинација со задоволен клиент на крајот од денот се огромна мотивација утре да продолжам напред со свежи идеи.

 

 

Од каде ја црпиш инспирацијата за нови и интересни дизајни? 

Валериа: Здраво, јас сум Валериа, имам 24 години и сум алумни на Академијата за графички дизајн. Моментално сум на пракса во Writerity, каде работам video motion design. За себе можам да кажам 3 работи: упорна, креативна и личност што сака да патува. Инспирација за нови и интересни дизајни добивам од окружувањето во кое спаѓа и дигиталниот свет, како што се социјалните мрежи и сите платформи за дизајн.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.