Writerity – нашиот јапонски партнер за вработување

Партнерството за вработување на Brainster е двостран процес преку кој компаниите добиваат талентирани студенти, внимателно одбрани, кои се во согласност со културата и потребите на нивната компанија, а студентите веднаш по завршувањето или во текот на Академијата добиваат шанса за практикантство или вработување.

Процесот на склучување на партнерство е олеснет преку новата платформа за ко-иновации и вработување со цел овозможување на брз и едноставен начин на аплицирање за заинтресираните компании.

Во оваа блог објава, ви го претставуваме нашиот Hiring партнер – Writerity.

Следни на листата на партнери ни е првата јапонска ИТ компанија која обезбедува услуги за web development, web advertising и system development во Скопје! Запознајте ги Writerity и Анастазија Сутоглу нивниот администратор за човечки ресурси.

Партнерството со Writerity ни започна пред неколку месеци, како наши партнери за вработување тие моментално имаат 4 студенти од Академијата за графички дизајн кај нив на пракса. 

Нашата грижа за студентите и компаниите е во центарот на нашата работа, па токму затоа во ова интервју ви го пренесуваме искуството како на компаниите така и на талентираните студенти.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Анастазија Сутоглу за Hiring партнерството со Brainster.

 

 

Здраво Анастазија, кажи ни нешто повеќе за тебе, која е твојата позадина и на која работна позиција си во моментов?

Здраво! 🙂 Јас сум Анастазија Сутоглу и работам како администратор за човечки ресурси во Writerity. За себе можам да кажам – искусен и посветен администратор за човечки ресурси со длабинско знаење за административните процеси и управување со успешни односи на вработените. 

 

Кои се Writerity, каква е културата на оваа компанијата и кое ви е полето на работа?

Writerity е прва јапонска ИТ компанија која обезбедува web design, system development & web advertisement, лоцирана во Скопје, која усвои стандарден јапонски стил на секојдневна работа.  Сепак, ние исто така ја почитуваме македонската култура – како што се родендените на вработените, државните празници, верските празници итн.

 

 

Како изгледа еден ден на работа во ваква голема компанија?

Секој работен ден започнувам со проверка на е-поштата. На овој начин, можам да одговорам на вработените и менаџерите, како и да организирам сѐ што треба на почетокот на денот. Потоа, ја разгледувам мојата листа на задачи и започнувам со проектите што имаат врвен приоритет. По ручекот, почнувам да работам повеќе на аналитичките аспекти на мојата работа. Секој ден е различен и предизвикувачки.

Исто така, дозволете ми да го претставам типичниот работен ден на нашите дизајнери. Прво го започнуваат денот со проверка на е-поштата и „To do“ листата, за да видат кои видеа треба да се изменат, доколку ги има. Ако не, ги проверуваат доделените проекти од претходниот ден што треба да се завршат, проследено со преземање нови проекти.

Во меѓувреме, се пријавуваат кај соработниците или лидерот на тимот за да видат дали некои работи треба да се подобрат во видеото. Го завршуваат денот со тоа што ќе се уверат дека се испочитувани сите рокови и сѐ е организирано и поднесено.

 

Каков е профилот на луѓето коишто сакате да работат во вашата компанија? Кои се нивните интереси и вештини?

Уживаме во работата со членовите на нашиот тим кои имаат принципи од светска класа. Тука, ние не им даваме приоритет на вештините или искуството, туку на ставот кон работата. Како што реков, имаме јапонска работна култура. Јапонија е една од најголемите светски економии и ние сме горди што ги доставуваме нашите производи со висок квалитет.

Она што го сакаме и очекуваме од новите членови и практиканти е да научат како да работат на горенаведените принципи на нивно ниво и како да создадеме квалитетни производи од светска класа.

 

 

Кое е вашето мислење за вработување на студенти или пак кадри кои се на почетокот на нивната кариера?

Секогаш се радуваме на млади амбициозни таленти со добар вкус за дизајн и сме отворени да им дадеме можност да напредуваат во дизајнот преку работа во различни култури. 

 

Како сте задоволни од соработката со Brainster и дали ваков тип на соработка би препорачале на други компании?

Соработката помеѓу компаниите и Академиите е неминовен факт на животот во таков прогресивен ИКТ свет. Нашата соработка е воспоставена од призма на добар партнер и една од клучните асети на компанијата. 

Во глобалната економија, добро развиената способност за создавање и одржување плодни соработки им дава на компаниите значителна конкурентна предност. Ова партнерство произведува значителни придобивки за сите вклучени, а најважно од сѐ е свесноста и искуството на младите за работното место. 

Нашето партнерство со Brainster е одличен пример кој другите компании треба да го следат.

Станете наш партнер преку платформата за ко-иновации и вработување

 

 

Feedback за кандидатите кои ги препорачавме и кои започнаа да работат кај вас?

Им посакавме добродојде на неколку практиканти од Академијата за графички дизајн на Brainster. Гледаме потенцијал во нивниот начин на размислување и нивните вештини. Внимателно ги набљудуваме и би сакале да бидат подготвени да ја усвојат новата работна култура со помош на нивните колеги. 

 

Какви можности за раст и учење нуди вашата компанија?

Како ИКТ компанија, ние силно ги поддржуваме практикантите и ги охрабруваме студентите да се стекнат со знаења за да имаат брз и квалитетен кариерен развој.  

 

И за крај, која е пораката којашто сакате да ја дадете на сите оние кои се заинтересирани за работа во овој сектор?

Верувам дека најдобрата фраза што би ја кажала е да останете креативни и да уживате во процесот на учење. 

 

 

Ако сѐ уште се прашувате зошто да станете hiring партнер на Brainster, посетете ја co-innovation & hiring платформата и уверете се сами.

Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.

Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.