Како едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои не ја пропуштија можноста континуирано да си го надградуваат своето знаење и вештини, работејќи на реалните проекти предвидени во програмата се Ива, Симона и Памела.
Овој тим имаше можност да работи на реален проект за реален клиент под менторство на нашиот инструктор – Дарко Булдиоски. Целта беше студентите да креираат целосна маркетинг стратегија за новата студиска програма на англиски јазик за Стоматолошки Факултет.
Си поразговаравме со Ива и Симона за нивното искуство на Академијата и работата на овој реален проект
Здраво тим! Вие сте едни од најактивните студенти на Академијата за дигитален маркетинг, кои покажаа голема заинтересираност кон дигиталниот маркетинг и не ја пропуштија можноста да учествуваат на проектите. Што би ни кажале за себе?
Ива: Hello и од мене! Јас сум Ива од Скопје и имам 26 години, а неодамна завршив на Академијата за дигитален маркетинг. Во слободно време вежбам, читам книги, се надградувам себеси и обожавам да готвам и да испробувам здрави и вегански јадења.
Симона: Здраво! Јас сум Симона и имам 29 години. Уживам да готвам и да патувам. Можам да кажам дека сум креативна и упорна личност која ужива во пронаоѓање на нови предизвици.
Последниот реален проект на којшто работевте беше креирање на целосна маркетинг стратегија за лансирање на новата студиска програма на Стоматолошкиот Факултет. Како работата на реален проект за реален клиент ви помогна да ги развиете своите вештини?
Ива: Навистина ни помогна, бидејќи работата на реален проект за разлика од теоретскиот дел има многу разлика во дигиталниот свет. Различно е кога имаш вистински пристап до работите кои зависат од тебе… едноставно добиваш една поинаква слика.
Симона: На предавањата научивме многу и ова беше прилика наученото да го ставиме во пракса. Видовме како изгледа комуникацијата со клиенти и како навистина треба да изгледа една маркетинг кампања. Дознавме како оди целиот процес, од брифинг до тоа да ја видиш сопствената работа споделена на социјални мрежи. Научивме како наученото на Академијата да го искористиме во развивање на нашата креативност.
Раскажете ни како се одвиваше целиот процес? Која беше целта што требаше да ја постигнете?
Ива: Целиот процес се одвиваше прилично супер, некако сѐ си течеше по план, клиентите беа супер. Додека работевме често имавме состаноци со тимот и со клиентите, одевме на факултетот за да собереме материјали што ни беа потребни како на пр.слики кои ги искористивме за постови и реклами, а исто така снимавме и видео реклама за You tube и за социјалните медиуми. Инаку, целта беше да креираме успешна маркетинг стратегија за нова студиска програма по англиски јазик за Стоматолошки Факултет.
Симона: Целта беше да се претстави новата студиска програма на Стоматолошки факултет на странските студенти и да ги убедиме да се запишат. Инспирирани од странските универзитети и нивното присуство на социјалните мрежи, сакавме да покажеме дека истото може да се направи и кај нас. Идејата беше да се искористат канали како You tube и Instagram за промоцијата, не само на програмата туку и на самиот факултет понатаму.
Какво беше чувството да работите на еден ваков проект? Како течеше целата соработка?
Ива: Чувството беше многу возбудливо и интересно бидејќи сепак станува збор за лично твое дело што утре ќе го видат многу луѓе. Соработката си течеше одлично, многу е лесно за работа кога клиентот е од помош и соработува со нас како тим.
Симона: Чувството кога гледаш како идејата се претвора во реалност е одлично. Целата соработка како помеѓу нас како тим, така и со факултетот беше одлична. Секоја наша идеја и сугестија беше добро прифатена и понатаму разработена.
Дали се појавија одредени предизвици во текот на вашата работа? Како успеавте да ги надминете?
Ива: Можам да кажам дека предизвик беше моментот кога требаше да снимаме видео материјали и реклами кои ќе одат на социјалните медиуми. На крајот, материјалот беше одлично снимен, а предизвикот беше надминат.
Симона: Најголемиот предизвик мислам дека беше снимањето на видеата за Youtube и едитирањето на видео рекламата. Имавме огромна поддршка од менторот Дарко Булдиоски кој ни помогна не само со развивање на концептите, тука и со опремата за снимање. Исто така, имавме целосна поддршка од факултетот бидејќи ни дозволија да снимаме во сите простории и вклучија студенти да учествуваат. Иако предизвикувачки на почетокот, излезе како едно од најзабавните искуства.
Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на дигиталниот маркетинг?
Ива: Дефинитивно промена на професионално ниво и можноста за постојано надградување. Начин да се влезе подлабоко во дигиталниот свет и да се добие одлично искуство.
Симона: Отсекогаш сакав да работам нешто каде што ќе можам да ја искористам својата креативност и постојано да работам на различни проекти. Во дигиталниот маркетинг постојано има нешто ново да се научи, некој нов предизвик да се надмине.
И за крај, најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?
Ива: Сѐ е предизвик во животот и потребно е многу време и учење!
Симона: Како правилно да ги развивам своите идеи, за тимската работа и во кој дел од дигиталниот маркетинг најмногу се пронаоѓам.
За задоволството од соработката, претставникот од Стоматолошки Факултет – Влатко Коколански ни сподели:
Нашата соработка со студентите од Brainster, беше идеална и беспрекорна. Навистина, секој кој има потреба од реализирање на практични проекти, посакува соработка каква што ја имавме – само со презентирање на идејата добивме квалитетни идеи кои се реализираа за навистина краток временски рок.
Зборови со кои би ги опишале студентите се: професионалност, прецизност и флексибилност. Да не ги заборавиме и менторите, кои се извонредни!
Секако дека сме презадоволни од сработената целина. Дури и со самото стартување на маркетинг кампањата ги забележавме првите резултати. Дефинитивно во иднина би биле повторно отворени за соработка и се радуваме заеднички да придонесеме во нашата заедничка цел – образување на квалитетни професионалци.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа