Методот за оптимизирање на корисничкото искуство на вашата веб-страница или апликација, со тоа што ќе ги направите пофункционални, интерактивни и лесни за користење е познат како дизајн на корисничко искуство или UX дизајн.
Секое стапување во контакт и интеракција на вашата компанија со луѓето на вашата платформа, страница, апликација и др. се нарекува UX. Може да ви изгледа како нешто „сложено“ за разбирање, но, наједноставно кажано е дека одличниот UX дизајн секогаш го става корисникот и неговото искуство на прво место.
80% од корисниците ја напуштаат платформата ако не им се допаѓа бидејќи не им е тешко да најдат замена за истата, оставајќи висок bounce rate. Знаејќи го овој факт, лесно е да се види зошто UX дизајнот е толку важен за сите продукти кои се наоѓаат на пазарот.
Структурираниот UX дизајн процес, не само што им овозможува на корисниците пристапно и пријатно искуство, туку им овозможува на дизајнерите да ја тестираат и усовршуваат својата работа.
Знаењето што всушност значи процесот, е првиот чекор во креирање на апликација во која корисниците ќе можат да уживаат. Во овој блог, ќе погледнеме неколку чекори за деконструирање на процесот на дизајнирање и како овој пристап можеме да го искористиме за да испорачаме најдобар UX дизајн.
Процес на креирање перфектен UX дизајн
За да направите одличен UX дизајн со цел подобрена интеракција или конверзија, еве неколку чекори коишто треба да ги следите низ целиот процес:
Разбирање
Креирањето на план и навлегувањето во срцето на процесот на креирање на производот, се чекорите на корисникот во процесот на дизајнирање. Тука треба да се обидете да ги сфатите принципите што ги мотивираат вашите клиенти, за да можете да ја прилагодите вашата услуга според нивните потреби. Не треба да бидете неволни да се распрашувате за маркетинг целите, точките на диференцијација или тактиките. Добивањето на материјали за публицитет и работата со продажниот тим и маркетинг тимот ќе помогне да го развиете профилот на клиентот.
Сите собрани податоци ќе ви обезбедат стабилна основа врз која ќе може да го развивате продуктот. Паметна идеја е да се направи презентација на концептот пред клиентот во оваа фаза, за да се заинтересира и да добие рана информација.
Други аспекти кои треба да се размислат ги вклучуваат: испраќањето на примероци и барањата за одговор до клиентот, одлучување за проектен менаџер на клиентот и составување листа на конкурентски брендови.
Истражување
Процесот на истражување започнува откако ќе се добие брифот. Обично, UX дизајнерите започнуваат со истражување на конкуренцијата и наоѓањето на постоечки производи кои се блиску до нивните. Она што е важно овде е да разберете што дизајнирате и за кого.
Какви промени треба да се направат ако веќе се има продукт што треба да се редизајнира? На кои начини луѓето го употребуваат тој продукт? Кои се нивните тешкотии при употреба? Очигледно, сега продолжуваме да ги испрашуваме сегашните и потенцијалните потрошувачи. После тоа, мора да се разговара со сите други засегнати страни за да се одреди што сакаат од вашиот концепт.
Идентификувајте го предизвикот со кој се обидувате да се справите за време на вашиот процес на дизајнирање и истражување. Тоа ќе ви помогне да ги одредите точките на предизвик, да ги валидирате или поништите вашите наоди, да ги идентификувате моделите и корелациите во рамките на таргетираната категорија на корисници и ќе ви се разбистрат потребите и преференциите на вашите корисници. Во суштина, истражувањето гарантира дека ќе развиете дизајн кој е фокусиран на потрошувачот, што е и целта на UX дизајнот.
Скица
Време е да ги анализирате вашите наоди и да ги трансформирате во конкретни заклучоци откако ќе ја завршите темелната анализа. Користејќи ги информациите што ги добивте за време на тестирањето, можете да ги одредите основните карактеристики на минималниот одржлив производ на апликацијата. Исто така, ќе можете да изградите кориснички персони или табели за емпатија за да ја опишете целната демографија.
Во оваа фаза, исто така, се креира и патувањето на купувачот. Ова значи дека ќе треба да бидете во можност да создадете профил на купувачот и неговото патување од еден до друг крај, а исто така и да се земат во предвид сите различни технологии кои купувачите можат да ги користат за да стигнат до вашата страница и вашиот продукт. Посетителите можат да доаѓаат од различни места и да се движат во различни страни на вашата веб-страница, а вие треба да ги покриете сите со потребните информации.
Не се плашете ако на почетокот се справувате со недоразбирања или ако скиците на вашите патувања се нецелосни. Можете, а и треба, да направите промени на вашите скици дур сте дел од овој чекор. Нема да знаете кои се вистинските патувања на вашата публика, освен ако не сте собрале доволно резултати за анализа. Ова бара обиди и грешки, како и тековен преглед на искуствата на посетителите со вашата UX веб-архитектура.
Дизајн
Тука се одредува навигацијата, хиерархијата и категориите на апликацијата или веб-страницата. Тие треба да бидат базирани на патувањето на корисникот.
Wireframe-от е највидливот одраз на архитектурата. За секој уред што корисникот може да го види при интеракција со вашиот софтвер, мора да изградите wireframes. Тие дејствуваат како упатство за девелоперите додека програмата напредува низ развојните фази.
После тоа, ќе можете да направите прототип. Тоа е модел на готов производ што можете да го користите за да ги потврдите вашите дизајни пред да започнат со развој. Врз основа на повратните информации и првичното тестирање, wireframe-от и прототипот започнуваат како обични, основни скици и напредуваат во комплицирани примероци кои се приближуваат кон конечниот дизајн.
Конечно, мокапите се концентрираат на визуелниот идентитет на брендот со презентирање на статична верзија на готовиот продукт. Тие опфаќаат типографија, бои, иконографија и сѐ друго што може да биде дел од целокупниот дизајн на апликацијата.
Тестирање
Тестирањето е важен дел од работата на UX дизајнерот и клучен дел од целокупниот циклус на еден UX дизајн. Слично на истражувањето на корисниците, важно е да ги тестирате прототипите на вистински корисници. Ќе добиете вистински повратни информации од корисници кои навистина би ја користеле апликацијата. Тестирањето е исто така важно од бизнис гледна точка. Поточно, ќе можете да ги забележите сите големи недостатоци во дизајнот пред да стапат во фаза на производство, што на компанијата ќе и заштеди многу време и ресурси.
Тестирањето се врши во итерации, во серија кругови. Повторувањата помагаат во собирањето на влезните податоци и подобрувањето на проектот врз основа на повратните информации од клиентите. Потоа се повторува процесот. И уште еднаш. Додека дојдете до сигурност дека сте обезбедиле позитивно корисничко искуство. А потоа, време е UI дизајнерот да го преземе процесот на дизајнирање на продуктот.
Извршување
Дизајнерот на UI (кориснички интерфејс) настапува на сцена откако UX дизајнерот ќе ја заврши архитектурата на информации. Тие се задолжени да го стават во акција она што UX дизајнерот го изградил во претходните чекори. Визуелниот интерфејс на корисникот е примарен приоритет на UI дизајнерот.
Овие дизајнери ги создаваат сите графички карактеристики на производот, како што се: бојата, типографијата и растојанието, како и сите точки за интеракција од типот на копчиња и менија. Го прават тоа користејќи wireframes, скици, мокапи создадени од страна на UX дизајнерот.
Софтверот е подготвен за развивање откако UI дизајнерот ќе го заврши целиот интерфејс.
Заклучок
Вашиот UX процес може да биде сосема различен од другите, прилагоден на вашата компанија и производ. Секоја компанија и секој производ можат да имаат свој уникатен процес на дизајн. Сепак, тоа не е најважно кога станува збор за UX дизајнот. Она што е важно е да се најде метод кој најдобро ќе ви одговара на вас и вашите клиенти.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа