Позитивна, харизматична и посветена личност. Тоа се трите зборчиња кои ја опишуваат Наталија Маркоска, наш студент од Академијата за UX/UI дизајн која неодамна започна да ја гради својата кариера од соништата. Нејзиното ново работно место е компанијата Sim Sector Studios, каде таа ќе продолжи да ги надградува своите вештини и знаења стекнати од оваа Академија.
Честитки Наталија и ти посакуваме многу успеси во иднина! ❤️
Во продолжение си поразговаравме со Наталија за нејзините студентски денови и новата работна позиција
Здраво Наталија! Ти си наш студент од Академијата за UX/UI дизајн. Ние веќе те знаеме, но што би споделила со останатите? Која е Наталија?
Здраво, здраво! Наталија е студент на Академијата за UX/UI дизајн на Brainster и студент на ФИНКИ. Од неодамна сум вработена во компанијата SimSectorStudios 🥳. Имам 23 години и сум од Струга. Слободното време сакам да го поминувам во фотографирање 📷 и читање поезија 📖.
Пред сѐ, честитки за новото работно место! Сѐ уште си наш студент, а веќе стигна до посакуваната работна позиција. Да почнеме од почеток, како ти се роди желбата за UX/UI дизајн?
Ви благодарам!!! Уште на самиот почеток од студиите како студент на ФИНКИ, за мене беше поинтересен визуелниот дел, обожавав да работам на изглед на страници, ама како програмер имплементирав дизајн којшто не беше мој. На моја среќа во меѓувреме почнав аматерски да фотографирам, да им правам едит на сликите и таму пронајдов баланс помеѓу кодот и изгледот на продуктите. Кога дознав дека постои професија UX/UI Designer, знаев дека токму тоа е за мене. И еве ме, тука сум, на Академијата за UX/UI дизајн.
Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за UX/UI дизајн? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?
Одлично!! Академијата за UX/UI дизајн претставува едно од најубавите искуства за мене! Секој модул претставуваше нов предизвик, но со голема упорност, многу работа и посветеност сѐ се постигнува.
Се вработи во компанијата Sim Sector Studios која е дел од групацијата KW Automotive Group. Како би ни го опишалa целиот овој процес, од студент до вработување?
Премногу непреспиени ноќи, многу пропуштени журки 😂, огромна посветеност, но сѐ тоа за постигнување на оваа цел. Покрај сиот мој труд, голема заслуга за ова достигнување имаат и инструкторите кои премногу се вложуваа да нѐ научат и споделуваа со нас корисни искуства, кои мнооогу ни помогнаа, а и целиот тим на Brainster. ❤️
Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место. Со што се занимава оваа компанија?
Компанијата Sim Sector Studios е дел од групација KW automotive group која работи на производи за автомобили. Покрај физичките продукти имаат и дигитален продукт, симулација за возење.
Што точно подразбира опсегот на твоите задолженија на новото работно место? На што точно ќе работиш?
Вклучена сум во процесот на UX/UI Design, а и имплементација на истиот во код, всушност Front-end Development.
Како изгледа еден работен ден на UX/UI дизајнер? Кои техники и алатки ги користиш на дневно ниво?
Работниот ден започува со средба со координаторот и тимот, каде што добиваме работна задача, која ја извршуваме во соработка со членовите во тимот. При што ги користиме алатките: Figma за дизајн и VsCode за имплементирање на дизајнот. Ваквата соработка, целосно ме исполнува и работниот ден изгледа многу краток.
И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Кој е твојот совет до сите оние коишто размислуваат да започнат да учат UX/UI дизајн и што би кажала за кариерните можности кои ги нуди оваа област?
Сите вие кои имате желба да станете UX/UI дизајнери, не чекајте повеќе, ова нека ви е знак дека треба да направите чекор напред. Искуството со Brainster е незаборавно, а знаењето и подготвеноста за влегување во реалниот свет на UX/UI дизајнерите ви е загарантирано!!!
За крај би сакала да се заблагодарам на целиот тим на Brainster. You are awesome!!! ❤️
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!
Уписите се во тек, резервирај го своето место на време!
Биди дел од иднината и соработувај со Brainster преку платформата за иновација.
Имаш потреба од талентиран кадар за твојата компанија? Вработи студент преку нашата платформа