Brainster билтен: Новости од заедницата / Април 2023

Hello May! 🌞
Секој нов почеток е шанса да го креираме животот што навистина го посакуваме. Прифаќањето на новите почетоци бара храброст, издржливост и максимална посветност.
Отворените уписни рокови за нашите Академии се приближуваат кон својот крај и групите почнуваат да се затвораат. Затоа, те предизвикуваме да не ја пропуштиш можноста ова лето да го искористиш максимално и најпродуктивно што можеш!
Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 32 вработувања и пракси изминатиов месец!
Па така, новостите за месец април се однесуваат на: проширувањето на Brainster во Албанија, победниците на Red Bull Doodle Art натпреварот, реалните проекти кои беа успешно реализирани на Академиите, приказните на нашите студенти и нивните искуства за време на предавањата.
- Brainster отсега и во Албанија!
После 7 години успешна работа на македонскиот пазар, со гордост го најавивме отворањето на нашата прва канцеларија во Албанија, со што го означивме својот влез на овој нов пазар. Како организација која во изминативе години преку иновативни образовни програми донесе позитивна промена за повеќе од 11.000 студенти од 4 земји, ние ќе се стремиме истото да го оствариме и во нашиот втор дом во Тирана, на тој начин продолжувајќи ја мисијата за дигитална глобална трансформација, за отворање на нови кариерни патишта и за создавање на нови можности и за подобра иднина на младите и во оваа наша соседна држава. Дознај повеќе!
- Ги дознавме победниците на Red Bull Doodle Art натпреварот
Одблиску со Петар, Стефан и Павел, победниците на Red Bull Doodle Art натпреварот и талентирани креативци кои ќе се приклучат на Бреинстер заедницата. Петар, Стефан и Павел раскажуваат повеќе за себе, што ги мотивирало да се пријават на натпреварот и какви се нивните планови во иднина. Дознај повеќе!
- Академија за графички дизајн – Завршен проект: Gift from Macedonia
Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за графички дизајн имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат лого и бренд идентитет за клиентот Gift from Macedonia. Дознај повеќе!
- Реален проект на Академијата за дигитален маркетинг
Студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент и да направат бренд стратегија за клиентот Healthy Life Skills. Дознај повеќе!
- Запознај ја Академијата за лидерство и менаџмент!
Лидерството и менаџментот се од суштинско значење за организациите бидејќи обезбедуваат постигнување на целите, ефикасно искористување на ресурсите и максимизирање на продуктивноста. Прочитај повеќе на темите:
- Пет навики на најуспешните лидери
- Leading by example: Моќта да се биде пример на другите
- 6 ефективни стратегии за создавање позитивна работна култура
- Делегирањето како клучна вештина за ефективно лидерство
- Навлези подлабоко во светот на Data Science
Академијата за Data Science е најпопуларната Brainster академија тековно! Од таа причина, создадовме серијал посветен на науката за податоци. Бидејќи како што бизнисите стануваат сѐ повеќе дигитализирани, улогата на професионалци во оваа област станува сѐ поважна. Дознај повеќе за:
- Што е Data Science и каде сѐ се употребува?
- Улогата на Data Science во бизнисот и донесување на одлуки
- Моќта на Data Science: Како ги трансформираше индустриите
- Важноста на визуелизацијата на податоците во Data Science
- Запознај го тимот на Brainster!
Го создадовме блог серијалот „We are Brainster“ за да ви ги претставиме членовите на нашиот тим кои постојано се грижат за поквалитетна едукација и подобро искуството на студентите. Во оваа блог објава, ќе ја запознаеш Љубица Атанасова – Content Marketer во маркетинг тимот на Brainster.
- Нови успешни приказни
Ги раскажавме приказните на: Владимир Младеновски, Дорис Старчева Јованова, Марта Манеска, Стефанија Ѓурковска, Вангел Ангов, Славчо Јованоски, Фјола Сула, Сања Петрушевска, кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец
Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.
- Запознај ги студентите
Го создадовме блог серијалот „Запознај ги студентите“ за да ти ги претставиме нашите нови студенти и нивните први впечатоци од Академиите. Прочитај повеќе за:
- Моника Мојсоска – Академија за Data Science
- Ива Стојческа – Академија за Data Science
- Фани Јаќимовска – Академија за Data Science
- Мартин Јаковлески – Академија за графички дизајн
- Ѓорѓи Костовски – Академија за графички дизајн
- Александар Младеновски – Академија за графички дизајн
- Марио Стоилов – Академија за графички дизајн
- Емил Адемовски – Академија за графички дизајн
- Теодосија Стоилкова – Академија за графички дизајн
До следниот месец!
Тимот на Brainster ❤️