Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Љубица Атанасовa – Content Marketer во маркетинг тимот на Brainster.

„Емпатијата е моќна алатка во дигиталниот маркетинг која ни овозможува да се поврземе со својата публика на едно подлабоко и полично ниво. Со разбирање на потребите, желбите и начинот на однесување на нашата публика, ние маркетерите можеме да креираме содржина која е релевантна, вредна и ќе изгради доверба.“ – ни сподели таа

Досега, таа има напишано и објавено 882 блог објави на блогот на Brainster. Дополнително, Љубица е алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг и тековен студент на Академијата за графички дизајн.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Љубица, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Здраво на сите! Работам во маркетинг тимот, во делот на Content Marketing & Social Media. Јас сум личноста којашто стои зад блогот на Brainster, а воедно се грижи и за Facebook & Instagram профилите. 

Мојата работна позиција е поврзана со креирањето на успешните приказни на студентите што поминале низ некоја од Академиите и споделувањето на нивните искуства за време на предавањата, работењето на реалните проекти и учеството на хакатоните.

Секојдневно сум во комуникација со многу луѓе кои имаат големи амбиции и иста цел, да направат кариерна трансформација и да ја пронајдат работата од соништата. 

Позицијата е многу динамична и креативна, исполнета со предизвици и рокови, а јас уживам во секој дел од неа.

 

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на Content Marketer?

Еден типичен ден во животот на Content Marketer вклучува многу размислување, планирање, следење на трендовите во индустријата, состаноци со тимот, пополнување на извештаи за обврските, за на крајот да се дојде до креирање на контент кој носи резултати. 

Пишувањето на контент не е толку лесно како што изгледа. Тоа е процес на: дефинирање на идејата и нејзината цел, истражување на темата и собирање на потребните информации, разбирање на buyer persona-та, користење на нејзиниот ton of voice, избор на дизајн и носечка креатива, избор на контент формата и структурата, за да може да се напише самиот текст, неговото подредување и едитирање.

Исто така, работиме како систем и соработката со другите членови од организацијата е неизбежна. Среќна сум што сум опкружена со колеги кои несебично го споделуваат своето знаење и од кои имам да научам нешто ново. Најчесто соработувам со другите членови во маркетинг тимот, а со нашите графички дизајнери сме во секојдневна комуникација за креативите кои ги красат блоговите и социјалните мрежи. Оттука се роди и мојата желба и љубов кон графичкиот дизајн.

 

 

Што правиш во слободно време? Дали имаш некое хоби?

Со оглед на тоа што сум full-time вработена, а моментално и студент на Академијата за графички дизајн во Brainster, постојано сум онлајн и пред лаптоп. Секогаш има нешто да се заврши, некој нов проект да се започне. Па, затоа го ценам секој момент од слободното време и гледам да го поминам подалеку од екраните, со најблиските и моите миленичиња. 

Обожавам животни и растенија. Имам мачор кој е со мене уште од првиот ден на Академијата за дигитален маркетинг и ги има ислушано сите предавања, па сега ми е „колега“ додека работиме од дома. Исто така, ја имам и Нала – мојата златна ретриверка со која ги следиме предавањата и „учиме“ на Академијата за графички дизајн.

Дополнително, сакам да гледам серии и филмови, да вежбам, да одам на концерти кај омилените бендови и секојдневно да пешачам со мојот крзнен пријател.

 

 

Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?

Придобивките кои ги нуди Brainster на нас вработените ни овозможуваат да го постигнеме тоа балансирање на приватниот и професионалниот живот, а воедно да останеме мотивирани и продуктивни на работното место.

Имаме флексибилно работно време кои ни овозможува самите индивидуално да си направиме организација и приоретизација на нашите обврски и време од денот во кое ќе ги завршиме. Како човек кој е „ноќна птица“ и е буден до раните утрински часови, мојата продуктивност е најголема во доцните вечерни часови и оваа придобивка ја имам најчесто користено. Па, така во тие вечерни часови се родиле најинтересните и најкреативните идеи.

Исто така, имаме можност да бираме дали сакаме да работиме од дома, од канцеларија или пак некаде во природа, што е огромна олеснителна околност. Веќе 2 и пол години работам од дома и можам да кажам дека нема нешто поубаво од тоа да работиш од удобноста на својот дом, во пижами или тренерки и сам да си го организираш денот. 

Кога станува збор за професионалниот раст и развој, посветени сме и веруваме во континуирано учење, a Brainster ни овозможува многу за да го постигнеме тоа. На располагање ни се различни материјали за читање, видео лекции, обуки, до менторски сесии со тим лидерите и состаноци за споделување на знаење со секој од вработените.

 

 

За крај, што би ни кажала за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Огромна чест и задоволство ми е да бидам дел од Brainster заедницата и постојано да учам од докажани професионалци со богато искуство кои стојат на располагање за совет и поддршка во секое време. 



Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.