Запознај ја Стефанија Ѓурковска – посветена и мотивирана личност, а воедно и алумни студент на нашата Академија за Front-End програмирање.

Како еден од најпопуларните проекти на кои таа има работено е Функционалното веб решение за модниот бренд ZANOV.

По завршувањето на Академијата, Стефанија започна да работи на практикантска позиција како Software Developer во компанијата YUSO, каде ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме за нејзиното искуството и новото работно место

 

Здраво Стефанија! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво! Ви благодарам на честитките. Јас сум Стефанија, студент на Факултетот за информатички науки, а од неодамна и дел од тимот на YUSO. Кога се работи за изучување на нешто ново, за мене би додала дека сум личност која секогаш се труди да ги сработува работите темелно и да се надградува, да биде мотивирана и посветена. Сакам да истражувам нови технологии и да бидам во тек со најновите достигнувања во областа на технологијата. Настрана од кодирањето, Стефанија ужива во здрава храна, возење велосипед и добри книги.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Од мала возраст ме интересираа неограничените можности што ги нуди технологијата, нејзиното влијание и брзиот напредок во светот. Секогаш сакав да имам професија со флексибилно работно време, а истата да е поврзана со математички и логички задачи, засновани на креативност, а всушност тоа е и програмирањето. Со почетокот на пандемијата, решив слободното време да го искористам да се усовршам во областа која веќе ја изучував на факултет, а Академијата за Front-End програмирање ги имаше сите модули за кои бев заинтересирана.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Тука можам само да додадам дека сѐ беше одлично. Моите очекувања беа исполнети. Тимски работилници, реални проекти преку кои стекнавме дисциплина за работа или пракса, хакатони кои се навистина интересно искуство и ментори од кои секогаш имавме помош. 

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Секој голем успех бара голема жртва, предизвиците се тие што нѐ тераат да излеземе од комфорната зона, а всушност тука е напредокот. Мислам дека предизвик беше да се задржи мотивацијата за континуирана работа и учење, тоа е нешто што сѐ уште ме следи, бидејќи уште сум студент. Најголем предизвик беше хакатонот, се грижев дали ќе го оправдам очекувањето на менторот и дали ќе успеам да ги завршам задачите кои се бараа тогаш од мене.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули се интересни на свој начин, но јас би ги издвоила JavaScript и React.js. Модули кои беа потешки од другите, но се совладуваат со многу учење, истражување и решавање на задачи.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Software developer во компанијата YUSO. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Целиот процес започна со интервју, во коешто ми беше презентирано со што и како работи самата компанија, а воедно следеше и разгледување на моето претходно искуство и моите проекти. На крајот YUSO ми ја пружи токму таа прилика да ја започнам својата кариера како Software Developer Intern.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

YUSO е енергетска компанија од Белгија и истата нема седиште во Македонија, така што нашиот тим од Македонија работи целосно remote.

Работното време започнува во 9 часот наутро. Денот ми започнува со утринско какао и проверување на мејловите, по што следи состанок со целиот IT team на кој се споделува прогресот, плановите и идеите за одредени таскови. Моментално работам на нивната платформа MyYuso.

Технологии кои ги користам се React, JavaScript и MySQL. Полека се адаптирам на работните навики и темпото на работа, а од мене се очекува навремено да ги завршувам задачите кои ми се дадени. Во YUSO сум опкружена со софтверски и електроинженери професионалци во својата работа од кои секој ден учам нешто ново.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Светот се наоѓа во фаза каде што информатичката технологија и бизнисите станаа нераскинливо испреплетени, денес не може да се зборува значајно за едното, а без да се мисли на другото. Затоа секој кој се чувствува дека ова е вистинската професија за него и кој навистина ја сака истата, нека не се размислува и нека се запише на Академијата, зашто истата нуди одлична програма за која не е потребно предзнаење. Исто така, во Brainster работат професионалци, ментори кои секогаш се тука да помогнат и мислам дека секој кој ќе вложи доволно труд, ќе биде упорен и посветен успешно ќе ја заврши. Зашто вложениот труд и дисциплината на крајот ќе се исплатат.

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!