Запознај го Ѓорѓи Костовски – студент на нашата Академија за графички дизајн, кој се реши да ги надгради своите знаења и да научи многу повеќе за графичкиот дизајн.
Студент: Ѓорѓи Костовски
Академија: Академија за графички дизајн
Професија: Студент
Од првиот час на Академијата го паметам: Запознавањето со останатите колеги, инструктори, предизвици и феноменалната атмосфера.
Се решив да го искористам времето продуктивно за да научам: Многу повеќе работи за графичкиот дизајн, да ги надградам своите вештини и знаења во истата област.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Сум креативна личност, секогаш имам нови идеи за подобрување на старите и креирање на нови работи.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Creative Thinking, Package Design, Logo and Visual Identity и работата на реалните проекти.
После предавањата секогаш: Го прегледувам предавањето повторно, работам на зададените домашни задачи.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Перфекционист сум и ме плашеше дали тоа што ќе го направам ќе биде доволно добро.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Можности за надградување, многу предизвици, многу изработени проекти. Изградување на свој стил и име.
Оваа област за мене значи: Исполнување на моите идеи, пат по кој сакам да чекорам. Изградба на кариера.
Во слободно време: Играм видео игри, гледам филмови.
Сакам да читам: Мистерии, а и зависник сум од цитати. Ме мотивираат за напредок.
Сакам да гледам: Филмови, нови изработки и креации во светот на дизајнот.
Омилен цитат: “Learn as if you will live forever, live like you will die tomorrow.“
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!