Запознај го Вангел Ангов – алумни студент на Академијата за Front-End програмирање, а воедно и Dream Team студент, кој ја започна својата кариера како Front-End Developer во компанијата Moxelle.

 

Си поразговаравме за неговото искуство и новото работно место

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за Front-End програмирање те познаваме, но што би споделил за останатите?

Јас сум Вангел Ангов, алумни студент од Академијата за Front-Еnd програмирање.

 

Зошто баш Front-End програмирање?

Пред сѐ, поради тимската работа и можноста да се изрази креативноста и дизајнерските вештини преку код.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Front-End програмирање. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Квалитетната настава со менторите кои имаат огромно искуство во Front-End програмирањето, менторските програми и работилниците кои ни овозможија напредок, како и можноста да работиме во групи, а заедно со тоа да споделуваме знаења, се само дел од причините зошто Aкадемијата ги надмина моите очекувања.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш? 

Тоа што не одев на работа најмногу ми помогна да се посветам целосно на Академијата и на целокупната програма. Javascript модулот ми беше дефинитивно најголемиот предизвик, но со континуирана работа и секојдневни вежби мислам дека сѐ може да се научи.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Најинтересен модул ми беше React. Идеален е за создавање апликации со богат кориснички интерфејс. 

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за Front-End програмирање започна да ја градиш својата кариера како Front-End Developer во компанијата Moxelle. Што се очекува од тебе на работното место како еден млад програмер? Кои би биле твоите задачи и обврски? 

Moxelle е компанија која ги користи најновите технологии во своите проекти, а мојата улога како Front-End Developer е да создавам компоненти со стилови кои можат да се реискористат.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на Front-End програмирање?

Front-End програмирањето е една од најбрзо-растечките гранки во информатичката индустрија. Доколку имате желба да го работите ова тогаш Aкадемијата за Front-End програмирање е идеалното место да ги стекнете потребните вештини.



Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Front-end програмирање.

На Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!