Запознај ја Сања Петрушевска – алумни студент од нашата Академија за UX/UI дизајн која се реши да ги надгради своите дизајн знаења и вештини.

Нејзината посветеност и амбиција, резултираа таа да ја започне својата кариера како инструктор на курс за UX/UI дизајн во SMX Academy.

 

Дознај повеќе што ни раскажа Сања за нејзиното кариерно патување

 

Здраво, здраво! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Jас сум Сања Петрушевска, студент во последна година на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. Воедно, ја завршив успешно и Академијата за UX/UI дизајн во Бреинстер. Дополнително, моето претходно работно искуство е како графички дизајнер.

 

Како дојде до идејата за UX/UI дизајн?

Моето прво запознавање со ИТ светот започна со моите студии. На факултетот немав многу предмети преку кои би се запознала добро со светот на дизајнот. Почнав прво со работа како графички дизајнер, и бидејќи сакав да се надградувам се одлучив за Академија за UX/UI дизајн. Сакам да го надградувам постојано моето знаење и да бидам во тек со новитетите во ИТ индустријата, а од друга страна да го збогатувам своето портфолио.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања? 

Академијата е одлична можност за секој инспириран креативец кој сака да напредува! Мислев дека 9 месеци е долг период, но како што поминуваат часовите и се нижат активностите, времето лета. Се изучуваат 14 модули и секој има своја предност што мора секој дизајнер да ја знае. На секој од модулите имав одлични ментори, одлични тимски соработници со кои креиравме одлични решенија.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Најголем предизвик се реалните проекти каде треба сериозно да пристапиш кон стејкхолдерите. Заедно со својот тим, работите на идејата како би креирале функционално решение онакво какво стејкхолдерот би сакал да види. Од друга страна, тука е и учество на Хакатони, каде во рок од 48 часа треба да поминеш низ сите фази за изработка на проект, готов систем и на крај презентирање.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

За мене секој модул е интересен и важен, но доколку би требало да одберам помеѓу UI или UX, дефинитивно тоа би бил UX дизајн и модулот за Front-end. Покрај UX, имам за цел во наредниот период да го совладам целосно и Front-end делот како би можела за своето решение сама да го изготвам кодот и имам целосно готов производ, па можеби ќе бидам и еден од студентите на Академијата за Front-end програмирање.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како инструктор на курс за UX/UI Дизајн во SMX Academy. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Бидејќи имам одлично искуство на разни проекти и хакатони како тимски лидер, одличив да изготвам понуда до SMX Academy, да креирам курс за моето стекнато досегашно знаење и да го пренесам до нови лица кои сакаат да се запознаат со овој поим. Но, мојата кариера нема да напредува само како инструктор, бидејќи веќе сум во преговори за работа и на други проекти како UX/UI дизајнер.



За каков курс станува збор ?

Се работи за краток курс од 9 часа, каде преку краток проект ќе ги запознам учесниците со основните поими и што тие треба да направат за да го добијат бараниот производ. Откако ќе ги поминеме темите, им помагам да креираат портфолио, CV и добар Linkedin профил како би можеле да аплицираат за пракса. Мотивирана сум да бидам добар инструктор, како што биле добри и моите ментори кон сите нас на Академијата! 

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Сѐ додека сме упорни, не постои нешто што не може да се совлада. Ова е навистина интересна позиција каде секој ден учите нешто ново, запознавате нови лица со кои соработувате и има простор за огромни достигнувања. Искористете го присуството на менторите и барајте што повеќе совети и знаења од нив, како и вашата кариера би била успешна и долготрајна како и нивната. Благодарам Бреинстер!

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за UX/UI дизајн постојано учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и врвни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫