Запознај го Марио Стоилов – студент на нашата Академија за графички дизајн, кој отсекогаш се интересирал за дизајн, па сега се реши да ги надгради своите знаења.

 

Студент: Марио Стоилов

Академија: Академија за графички дизајн

Професија: Студент

Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со програмата, останатите студенти, инструкторите на Академијата и пријатната атмосфера.

Се решив да го искористам времето продуктивно за да ги научам: Adobe алатките, нивната примена, но и секако како да размислувам на покреативен и поотворен начин, бидејќи алатките и програмите ни го олеснуваат начинот на работа и дизајн, но не размислуваат наместо нас.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Отсекогаш ме интересирал дизајнот, а и работата со луѓе, тие две работи се тесно поврзани. Сметам дека графичкиот дизајн е одлична професија во која можам да се изразам себеси, но истовремено и да ги задоволам потребите на клиентите. Уште една позитивна страна е работата од дома или за било која држава во светот.

Графичкиот дизајн подразбира континуирано учење и следење на трендовите кај нас или во светот. Запознавање со културата на државата за која работиме и карактерот на клиентот или пораката која сака да ја пренесе, а тоа е нешто што ме исполнува да учам и да осознавам нови работи.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Adobe Illustrator, Adobe Photoshop & InDesign.

После предавањата секогаш: Ги преслушувам предавањата, фаќам забелешки и пробувам да ги применам оние работи кои инструкторот ни ги кажал или покажал во моите експериментални дизајни.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Тоа што Академијата е online, се плашев дека ќе го губам фокусотот, но сега знам дека тоа е подобра алтернатива бидејќи имаме опција да ги преслушуваме предавањата и да надокнадиме што сме пропуштиле.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да видам некои од моите дизајни на билборди, да бидам во тек со трендовите и да соработувам со престижни фирми и да дизајнирам лесно препознатливи и уникатни дизајни.

Оваа област за мене значи: Креативно поле на кое можам да изразам своите идеи и размислувања, да влијаам на начинот на размислување на клиентите и оние за којшто дизајнот е наменет. Слободата. Уникатност.

Во слободно време: Покрај активностите кои ме исполнуваат (спорт, прошетки) ги проширувам моите знаења во областа која ја гледам како моја идна професија. Следам трендови за истата и го збогатувам мојот речник со стручна терминологија.

Сакам да читам: Стрипови поради дизајнот на истите, а воедно Стрип дизајнот е дел од графичкиот дизајн.

Сакам да гледам: Серии, документарни филмови, Formula1 и MotoGP.

Омилен цитат: “I don’t think outside of the box, I think what I can do with the box.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!