Запознај го Славчо Јованоски, студент од Академијата за Project & Product Management којшто реши да направи комплетна кариерна трансформација и да научи повеќе за менаџментот на проекти и продукти.

Со голема амбиција и посветеност кон оваа област, Славчо започна да работи со тим за развивање на web апликација како Scrum Master freelancer на платформата Upwork.

 

Си поразговаравме со Славчо за искуството на Академијата и почетоците на неговата кариера

 

Здраво Славчо, ние од Академијата за Project & Product Management те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Славчо?

Здраво, здраво! Јас сум Славчо Јованоски и 11 години работам како професор по историја, но од февруари работам part-time job со тим за развивање на web апликација како Scrum Master freelancer на Upwork. Во слободното време сакам да патувам и имам правило да одам секоја наредна година во некоја нова држава во која не сум бил, редовно спортувам и сакам уметност.

 

Пред сѐ, честитки за почетокот на твојата кариера. Да почнеме од почеток, раскажи ни како ти се роди желбата за Project & Product Management?

Ви благодарам! Од почетокот на кариерата работев со проекти кои пред сѐ беа поврзани со образование. Успешното спроведување, координацијата и менаџментот на проекти во образованието ми беше мотив да се запишам на Академијата за Project & Product Management, на која гледав како можност да ги проширам и продлабочам знаењата. 

 

Дел си од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е self-paced, постојано се работи во тимови и треба да изработите многу задачи и студии на случај. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Тимската работа е клучот на успехот, а добро организиран и кординиран тим кој постојано има желба да се надградува со нови знаења и да постигнува нови цели е најважниот дел од успешно совладување и реализација на проектите. На Академијата за Project & Product Management, посебно би ја истакнал работата во тимови како клучна за надградба на знаења.

 

Раскажи ни повеќе за твоето кариерно патување. На што најмногу се гордееш со себе?

Од почетокот на Академијата јас имав пасија за Агилни методологии и Scrum, за кој сметам дека Scrum Master – ите треба да се стават во позиција на учител/ментор кон тимот, кон Product Owner-ot т.е. клиентот, кон компанијата, па така искуството стекнато од кординирање на образовни проекти, одлично се надополнија со знаењата стекнати за Agile и Scrum на Академијата. Сакам да ја користам мојата креативност во решавањето на проблемите, и сметам дека секогаш треба да сме оптимистички настроени кон решавањето на било кој проблем и постојано фокусирани на подобрување на тимската соработка и процесите во работата.

 

Почетокот на твојата кариера ја започна на freelance позиција преку платформата Upwork. Раскажи ни што поточно работиш и како изгледа еден твој работен ден?

Моментално ова го работам неколку месеци, од февруари и во опсегот на обврски ми е менаџирање со географски дистрибуиран тим од 7 члена за испорака на веб-апликација во запазениот рок.

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Од задолженијата кои ги имам се: фацилитирање на настани на Scrum, подготовка на извештаи, управување со тимот и управување со ризици, следење и поддршка на испорака до крајните рокови, подготовка на ретроспективa, помагање на Product Owner-oт за подготовка на епици/user story.  Дополнително, сум администратор на Jira бордови, road-мапа, извештаи, дозволи и Confluence.

 

Каде се гледаш за 5 години во иднина?

Интересно прашање, би сакал да работам во некоја успешна компанија за развивање на софтвер, во која би ги надградил, а воедно и проширил моите знаења од областа за развој на софтвер.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувал сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат Project & Product Management?

Академијата за Project & Product Management со употреба на различни методи на предавање, техники и пристапи, тимска работа, креативност и професионалните инструктори се одличен спој за чекор напред кон успешна кариера.

Доколку се запишат на Академијата би ги советувал да си ги надополнуваат своите знаења и надвор од опсегот на академијата, како што јас се сертифицирав со PSM I и PSPO I, и никогаш да не се откажуваат во барање на работа, никогаш не се знае кога една можност ќе прерасне во вистинската позиција за нив.

Благодарен сум за можноста да споделам повеќе за моите професионални надградби кои ги стекнав на  Академијата за Project & Product Management на Brainster, а вас ви посакувам да споделувате уште многу други инспиративни приказни.



Доколку сакаш да си дел од Project & Product Management заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Project & Product Management учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.