Едно од засилувањата на дизајн тимот на Brainster e Фјола Сула – креативна и амбициозна личност, а воедно и алумни студент од Академијaта за графички дизајн.

По завршување на Академијата, Фјола започна да ја гради својата кариера во дизајн светот и се придружи на нашиот тим како Junior Graphic Designer.

 

Си поразговаравме со Фјола за нејзиното искуство на Академијата и нејзината улога во нашиот дизајн тим

 

 

Како би можеле да те претставиме на читателите – Која е Фјола?

Здраво, ја сум Фјола. Отсекогаш сум била креативна личност и голем љубител на визуелните уметности и креативната индустрија. Добивам инспирација од креативци кои имаат уникатен пристап кон светот. Во слободно време читам книги и вежбам јога.  

 

 

Ти си наш студент од Академијата за графички дизајн. Како ни дојде во Brainster?

За Brainster дознав на социјалните мрежи, како и од алумни студенти од претходните години. Одлучив да се запишам на Академијата поради тоа што сметав дека ми требаше промена и предизвик да го развивам мојот креативен потенцијал. Brainster беше дефинитивно прекрасно искуство и е најдобра одлука за секоја креативна личност полна со ентузијазам за дигиталниот свет и сака да научи нови вештини.  

 

 

Зошто баш графички дизајн?

Графичкиот дизајнер ја создава целината на визуелното изразување. Нашата средина е опкружена со дизајн решенија. Токму затоа ме привлекува оваа професија.

 

 

Својата кариера како графички дизајнер ја започна токму во Brainster. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

Неодамна имав интервју за отворена позиција за графички дизајн во Бреинстер. Целиот процес на вработување беше навистина професионален, а истовремено и неформален. Задоволна сум што моето искуство со Бреинстер не заврши со завршувањето на академијата, туку ќе продолжам да бидам дел од оваа фамилија.

 

 

Како изгледа еден работен ден на еден графички дизајнер? Кои се твоите главни задачи и обврски?

Наутро имаме кратка средба со дизајн тимот каде што разговараме за нашите задачи и обврски за денот. Како почетник, се трудам да го направам мојот workflow најефикасен што можам. Најважно ми е да го започнам денот со позитива и добра енергија, што секако дека влијаат врз креативноста и работата што ја извршувам.

 

 

Опиши ни ја атмосферата во дизајн тимот.

Дефинитивно позитивна енергија, премногу кул луѓе и одлични дизајнери. Има добра комуникација и конструктивен фидбек помеѓу тимот и секогаш се подготвени да ми помогнат со процесот на работните задачи.

 

 

Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено досега? Која е тајната за надминување на предизвиците?

За време на Академијата за првпат учествував на еден од хакатоните за графички дизајн каде што имавме ограничен временски период да истражуваме за реален проект и заедно како тим да дојдеме со крајно решение. Комуникацијата со клиентот и тимската работа од почетокот до крајот на хакатонот беше голем предизвик и незаборавно искуство за мене.

 

 

Омилен модул и зошто?

Модулот за Poster Design со инструкторот Иван Дургутовски. Работевме на реален проект каде што требаше да креираме три различни постери со социјални теми. Имавме слобода сите да се изразиме на автентичен начин и во текот на целиот процес имавме состаноци каде што разговаравме околу нашите дизајни, имавме совети, споделувавме мислења. Тимската работа направи ова искуство да биде забавно и незаборавно.

 

 

Најважна лекција што ја научи на Академијата за графички дизајн?

Добриот дизајн е привлечен. Во оваа индустрија, секој ден има нови трендови кои ти отвараат бескрајни можности да го откриеш својот креативен потенцијал. Секогаш има простор за нови идеи.

 

За крај – твој совет до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена во насока на графички дизајн?

Оваа професија би ја препорачала на секоја креативна личност која размислува да ја промени кариерата. Графичкиот Дизајн е одлична можност за стекнување на нови вештини и начин преку кој може да ги пренесете вашите идеи во било каква визуелна форма.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!