Запознај го Александар Младеновски – студент на нашата Академија за графички дизајн, кој се реши да ги надгради своите знаења со цел своето хоби и талент да ги претвори во full-time job.

 

Студент: Александар Младеновски

Академија: Академија за графички дизајн

Професија: Адвокатски Приправник

Од првиот час на Академијата паметам: Многу позитивна енергија и пријателски однос од страна на менторите.

Се решив да го искористам времето продуктивно за да научам: Како можам моето хоби и талент да ги претворам во full-time job.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Затоа што е професија на 21-от век и ти нуди можност професионално да размислуваш надвор од кутијата и своите вештини да ги искористиш преку „Табановце“ што подалеку од тука. 🙂 

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Motion Design & Branding.

После предавањата секогаш: Ја пишувам домашната што ни ја дава Бане, за да можам да дишам два дена после. 

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Како ќе го изменаџирам и тоа малку слободно време што го имам.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да оставам печат со некое мое креативно решение и да го олеснам функционирањето на човештвото.

Оваа област за мене значи: Слобода

Во слободно време: Тренирам и медитирам

Сакам да читам: Self improvement books, моментално сум заглавен со Atomic Habits од James Clear.

Сакам да гледам: Опседнат сум со психолошки трилери и во глобала филмови со добар плот твист, буквално #1 фан на Christopher Nolan, продуцентиште!

Омилен цитат: “Birds born in a cage think flying is an illness.“

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!