Запознај ја Ива Стојческа – студент на нашата Академија за Data Science, која воедно е и ученичка во средно училиште и со голем ентузијазам сака да ги надгради своите знаења во оваа област и да научи Python.

 

Студент: Ива Стојческа

Академија: Академија за Data Science

Професија: Ученичка во средно стручно училиште.

Од првиот час на Академијата паметам: Се запознавме со инструкторот. Ни го кажа материјалот и почнавме со учење. Успешно ја направив својата прва база и табели со соодветно внесени податоци.

Се решив да го искористам времето продуктивно за: Да истражам нешто за академиите на Бреинстер, и се одлучив за изучување на Data Science академијата.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Ме привлекуваше работата и обработката на податоците. Користејќи го кодирањето, математиката и статистиката.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Python – програмскиот јазик. Од училиште сум запознаена со C++, а сега со нетрпение чекам да се запознаам со уште еден програмски јазик.

После предавањата секогаш: Ги довршувам вежбите кои не сум постигнала да ги завршам или пак правам еден заклучок за сѐ што сме учеле на часот тој ден.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Како ќе се вклопам во средината, како најмлад студент. Додека другите се повозрасни и со многу повеќе искуства.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да ги искористам знаењата за работа на проекти со тим од луѓе кои се во ИТ индустријата.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Постојана надградба на знаењата, и градење на портфолио.

Во слободно време: Читам книги, или пак пишувам поезија. Исто така, после две издадени книги со поезија, имам започнато роман.

Сакам да читам: Книги, најмногу со трилери. Понекогаш и крими трилер или романса. Едни од моите омилени автори се: Себастијан Фицек, Лора Маршал, Лусинда Бери.

Сакам да гледам: Филмови. Од жанровите авантура и акција. А многу поретко гледам серии.

Омилен цитат: “The only impossible journey is the one you never begin.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!