Талентирани супер момчиња кои живеат и дишат за уметноста

Одблиску со Петар, Стефан и Павел, победниците на Red Bull Doodle Art натпреварот и талентирани креативци кои ќе се приклучат на Бреинстер заедницата.
Преку чкртање и обичен бел лист хартија, до ремек дела вредни за нови подвизи
Изминатиов викенд во Сули Ан се одржа финалето на Red Bull Doodle Art чкртачкиот натпревар. Станува збор за глобален натпреварувачки предизвик кој после пауза од 6 години се врати на домашно тло и обедини илјадници млади кои преку чкртање ја изразија својата уметност и креативност.
Како Brainster и Brainster Next College се придруживме партнерски на овој настан, со поддршка која несебично ја дадовме како формална и неформална образовна организација, да им го отвориме нашите врати на креативците со организирање на чкртачки настан во живо, но и вратите на едно ново уникатно образовно патешествие и надградба.
Овој настан ни докажа дека чкртањето е навистина уметност. После 40 дена, супер ликови, позитивни вибрации, илјадници супер креативни чкрабаници и уште толку насмевки, стручното жири имаше тешка задача да ги избере трите победнички дела.
Ги имаме победниците! Петар, Стефан и Павел дишат во еден здив со уметноста!
Цртежите на Петар, Стефан и Павел победија на овогодинешниот чкртачки натпревар Red Bull Doodle Art.
Покрај главната награда која вклучува патување на големото финале во Амстердам, победниците ќе имаат можност да одберат ваучери од Бреинстер или попуст за школарината на Бреинстер Некст колеџ.
Петар, Стефан и Павел раскажуваат повеќе за себе, што ги мотивирало да се пријават на натпреварот и какви се нивните планови во иднина.
Она што е заедничко на сите тројца е уметноста како пасија, во центарот на нивниот универзум.
Запознајте го Петар, љубопитно креативно момче кое ужива да крева тегови и да пие пиво во слободно време
Петар Шулевски е добитник на првата награда, воедно тој ќе нè претставува и на националното финале во Амстердам. Како што вели за себе, тој е самоук концептуален уметник и илустратор, со пасија кон дизајнирање на ликови и суштества, а во слободното време ужива да крева тегови и да пие пиво.
„На Red Bull Doodle настанот се пријавив од љубопитност, желбата да пробам да нацртам нешто поразлично од мојот вообичаен стил и да запознам нови луѓе истомисленици кои исто како и мене сакаат да цртаат. За Бреинстер сум слушнал многу позитивни работи од моите пријатели, сè уште размислувам за која академија да се одлучам, но без разлика што и да изберам, очекувам таа да ги надгради моите досегашни знаења и да ме одведе на уште повисоко ниво”, вели Петар.
Тој, како првонаграден е и нашиот национален уметник што ќе работи со артист-ментор на подобрување на делото и трансформација во НФТ уметничко дело, а неговиот победнички дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен на патики.
Уметноста како движечко мото за Стефан, рубиковите коцки како хоби!
Втората награда отиде во рацете на Стефан Јакимовски, кој во моментов е на последипломски студии на Факултетот за ликовни уметности, но исто така работи графички дизајн, фотографија и видео едитинг. Тој вели дека се пријавил на натпреварот откако негови пријатели се пријавувале во претходнитете години и му споделиле убави искуства. Така посакал да проба нешто ново и да запознае нови креативци. Како што вели тој, најголема пасија и движечко мото во животот му се уметноста и креативноста, а долгогодишно хоби му се рубиковите коцки.
„Во овој период убаво ќе размислам дали ќе го искористам ваучерот за Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн, или пак за Бреинстер Некст колеџ. Секако ова е голем чекор за мене, вели тој”.
Уметноста како професионална определба и како хоби низ животната призма на Павел
Третонаградениот Павел Николов е 20 годишен студент од втора година на Факултетот за ликовни уметности, насока графика. Доаѓа од Кочани, каде што има завршено општа гимназија. Уметноста, како што вели тој е центарот на неговиот универзум од секој аспект. Кога зборува за пасија и хоби, тоа е уметност, уметност и само уметност.
„На настанот се пријавив по препорака од Стефан, и како оптимист во животот, освен можноста за креативно дружење, имав и мошне големи очекувања”
Павел смета дека Академијата на Бреинстер би била одлична прилика и искуство за надградба и дека во следниот период ќе одлучи што ќе учи.
Организаторите од Red Bull се задоволни од тоа како севкупно поминал настанот, со супер дружба, добра музика и позитивни вибрации. “Изборот на најдобрите 20 кандидати од 1200 не беше воопшто лесен, посебно што сите веќе имаа сопствен препознатлив стил, особено ова беше воочливо кај композицијата на првонаградениот. Исцртаното Red Bull фрижидерче е одличен доказ за тоа”- велат тие.
Инспирираме млади луѓе да го изразат и надградат својот талент
Како интернационална организација за формално и неформално квалитетно образование – Brainster и Brainster Next College, се одлучивме да бидеме партнери на овој настан бидејќи видовме одлична можност да поддржиме млади креативци во налетот на нивното дигиталното креативно изразување, со надеж дека тие ќе инспирираат други генерации да продолжат со истата страст да го надградуваат својот талент и на глобалната сцена.
Поддршката низ едукација на младите таленти секогаш била дел од нашата мисија, токму затоа и одлучивме да ги наградиме најдобрите со инвестирање во нивното образование.
Тројцата победници можат да изберат помеѓу:
- Стипендии на Академијата за графички дизајн или Академијата за UX/UI дизајн на Бреинстер [I награда 100%, II награда 70% и III награда 40% финансиска покриеност на стипендијата].
- Попуст на школарината на Бреинстер Некст колеџ, ако победникот е заинтересиран за додипломски студии на студиска програма по UX/UI и графички дизајн [ I награда 10% попуст, II и III награда 5% попуст];
Во изминативе 7 години од постоењето, Бреинстер го промени животот на повеќе од 12.000 студенти од 4 земји, помагајќи им преку иновативни образовни програми да направат голем чекор напред кон кариерна промена.
Нашата визија е јасна од првиот ден на нашата работа: Поддршка на дигиталната трансформација на глобално ниво и создавање на подобра иднина за многу луѓе во текот на процесот, преку нивно практично оспособување за совладување на дигиталните кариерни предизвиви од 21. век.
Искрено се надеваме и веруваме дека на Петар, Павел и Стефан ќе им помогнеме во остварување барем на дел од нивните соништа и дека ќе отвориме многу нови поглавја заедно.
Многу среќа понатаму и храбро пловење во следните предизвици!