Запознај ја Дорис Старчева Јованова – алумни студент од Академијата за Software Testing којa се одлучи да направи комплетна кариерна трансформација во полето на Software Testing.

По комплетирање на програмата, тaa ја започна својата кариера како Freelance Software Tester преку платформата uTest.

 

Во продолжение, си поразговаравме со Дорис за нејзиното кариерно патување

 

Здраво Дорис, ние од Академијата за Software Testing те познаваме, но што би споделила за останатите? 

Здраво, јас сум Дорис, алумни студент на Академијата за Software Testing, исто така и дипломиран специјалист физиотерапевт. Иако доаѓам од поле кое нема поврзаност со IT светот, по природа сум многу љубопитна личност, и секогаш сакам да научам нешто ново, па така се запишав на Академијата. Софтвер тестирањето конкретно ме привлече бидејќи вклучува креативност, око за детали, објективност и deep dive во софтверот, така што на крајот ќе имаме функционален продукт. 

 

Пред сѐ, честитки за новото работно место. Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Големо ДА! Покрај основите, научив и доста напредни технологии. Инструкторите и асистентите навистина беа во секој чекор со мене и моите колеги, подготвени да помогнат ако нешто не е јасно или се појават некакви потешкотии. Академијата ги исполни моите очекувања секако, доаѓајќи во сосема непознат свет за мене, додека сега веќе се чувствувам дека припаѓам и дека ова е професијата за мене. 

 

Беше дел од интензивната програма на оваа Академија, каде што начинот на учење е преку работа на реални проекти. На кој начин сметаш дека посветеноста за нивно успешно совладување ти помогна да дојдеш до твоето ново работно место?

Добив sneak peak како е да се работи во реална работна средина, и полесно да се адаптирам. Самите процеси беа одлични, како за индивидуалните проекти, така и за тимската работа. Практичниот дел е од големо значење за еден тестер во тренирање. Бев многу среќна што работевме на реални проекти, и искуството само по себе беше многу интересно и забавно, а тоа што го научив е бесценето!

 

Твоето ново работно место, каде што ќе продолжиш да ги надградуваш своите знаења и вештини е платформата uTest. Сподели ни повеќе информации.

Со откриени над 5 милиона багови, uTest ја има најголемата freelance заедница и брои преку 1 милион тестери на светско ниво. Се работи со многу видови на тестирање, и познати се по crowdtesting. Тие се дел од компанијата Applause од Framingham, Massachusetts.

 

Која е твојата работна позиција и како изгледа еден твој работен ден?

Мојата работна е позиција е Quality Assurance Tester. Бидејќи е фриленс, немаме типично работно време од 9-5, се работи remote, и тоа ни дава флексибилност да патуваме или пак, моето омилено, да бидам на планина. Секако треба да се има лаптоп, телефон и стабилна интернет конекција.  Сите тестери сме поврзани со мобилна апликација, и добиваме понуди за вид на тестирање, секако со deadlines. Со колегите си помагаме кога некој ќе заглави, така да присутна е и супер тимска работа. 

 

Што подразбира опсегот на твоите задолженија? Кои алатки и техники ги користиш на дневно ниво?

Опсегот на моите задолженија вклучува темелно тестирање на софтверот, по претходно дадени requirements, пријавување на багови, ретестирање на претходно откриени багови, API тестирање со алатката Postman, со којашто имав можност да работам на Академијата, и воедно едно од моите омилени видови на тестирање, благодарение на инструкторката Катерина. Исто така, работам и со некои нови алатки, како Charles Proxy Log.

 

И за крај, ти посакуваме успех и продуктивност на новото работно место. Што би ги советувала сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да учат софтверско тестирање?

Ви благодарам на убавите зборови. Да се направи career switch не е мала, ниту лесна работа. Но, сѐ се исплати со вложен труд, волја и трпение. Академијата е една од најдобрите одлуки и инвестиции што сум ги направила за себе. Не се сомневајте во себе, туку верувајте, и ќе постигнете резултати! 



Доколку сакаш да си дел од Software Testing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата тука.

На Академијата за Software Testing учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!