Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 10 моменти што се случија на нашата Академија за UX/UI дизајн во 2022 година:
- Запишани 90 студенти, оформени 4 групи
Оваа година на Академијата за UX/UI дизајн се запишаа 90 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работат и се трудат навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера!
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани и ги доделувавме сертификатите
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 9 и 10 на Академијата за UX/UI дизајн. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни! Исто така, ги доделивме и сертификатите на група 6 којашто ја комплетираше програмата.
- Успешно завршени реални проекти за реални клиенти
Како задолжителен дел од програмата на Академијата за UX/UI дизајн е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на:
- UX/UI дизајн на новата веб страница на Универзитетско Студентско Собрание
- UX/UI дизајн за веб страницата на Tasty Box
- Студентите активно учествуваа на Cross-Academy Хакатони
Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Студентите работеа на Хакатони за проектите:
- Веб страница и целосен UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада Македонија
- E-shop за модниот бренд ZANOV
- Редизајн на website за ШуМи Берово
- Social Media & Brand Strategy за BAK 2021
- Се одржа најголемиот Brainster хакатон!
Повеќе од 125 учесници, поделени во 10 тимови, работеа напорно во нашите канцеларии и имаа една цел – за 48 часа да достават свои решенија за клиентот Redi Recycling. Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, студентите од 10 групи од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн & Академијата за Project & Product менаџмент, ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно се затвори најголемиот хакатон! Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Тијана Цресензи, Ева Ристова, Мишела Атанасовска, Анита Прошева, Анастасија Јовческа, Јован Јованоски, Симона Ѓошева, Мери Ушиткова, Петар Поповски и Ана Стефановска кои по завршувањето на нашата програма за UX/UI дизајн ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Одржан бесплатен онлајн курс Основи на UX/UI дизајн со Сара и Маја
UX и UI Design се термини кои често ги слушаме, но што точно значат, што сѐ се подразбира под терминот UX/UI Design и што всушност работи еден UX/UI дизајнер? Овој бесплатен курс за UX/UI дизајн се одржа со цел да пренесе релевантен insight за тоа кои знаења и вештини се најценети и најпотребни за лансирање на успешна кариера како UX дизајнер, а воедно ги пренесе и технички знаења за процесот при дизајнирање на еден UX/UI дизајн од идеја до реализација. Дознај повеќе!
- Воведување на бонус модул за Freelance
Изработивме видео курс „Фриленсерство и UX/UI дизајн – Како до кариера како фриленсер“ со поддршка на Impact Фондација. Остваривме соработка со нашиот долгогодишен соработник и инструктор Мартин Теновски, кој преку серија видео лекции им споделува на студентите од оваа академија повеќе за своето искуство, насоки, научени лекции од неговата неколкугодишна кариера како фриленсер.
- Што сè можеш да работиш ако знаеш UX/UI дизајн?
Зад секој успешен производ стои UX/UI дизајнер кој го создал изгледот на производот, како и чувството кое произлегува од истиот. Корисничкото искуство (UX) и корисничкиот интерфејс (UI) се неверојатно важни, бидејќи не постои човек кој сака да користи непривлечни или тешки продукти за навигација. Дознај повеќе!
- UX/UI дизајн – креативна професија со многу кариерни можности
UX/UI дизајнот е една од најбрзорастечките професии во светот. И не е тешко да се види зошто: сега, повеќе од кога било, потрошувачите комуницираат со онлајн продавниците и побаруваат услуги првенствено преку нивните мобилни и десктоп уреди. Дознај повеќе!
Доколку сакаш да си дел од UX/UI дизајн заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за UX/UI дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!